Николас Кејџ глуми во хорор за детството на Исус, објавен е првиот тизер (ВИДЕО) - Канал 5

Николас Кејџ глуми во хорор за детството на Исус, објавен е првиот тизер (ВИДЕО)

По успехот на минатогодишниот филм „Долгоглав“, Николас Кејџ повторно влегува во светот на хоророт, овој пат преку проект кој веќе предизвикува голем интерес и контроверзии.

Николас Кејџ глуми во хорор за детството на Исус, објавен е првиот тизер (ВИДЕО)

Имено, студиото „Магнолио пикчерс“ вчера го објави првиот тизер за филмот „Синот на дрводелецот“, библиски хорор инспириран од апокрифното Евангелие по Тома, кое го реинтерпретира детството на Исус Христос на морничав начин.

Библиски хорор во кој глуми Кејџ

Според CBR, филмот во режија на Лотфи Натан („Харка“, „Момчиња од 12 часот“) се одвива во Египет за време на римското владеење, пред приближно 2.000 години. Кејџ го портретира ликот на енигматичниот дрводелец - татковска фигура која се обидува да го заштити своето семејство, додека ФКА Твигс ја презема улогата на мајка, а Ноа Џупе го игра нивниот син, познат едноставно како Момчето.

Заплетот се развива кога Момчето почнува да се сомнева во своите родители и ги открива своите натприродни моќи. Неговиот бунт против дрводелците ја отвора вратата кон разни хорори - и природни и божествени.

Првиот тизер, долг само триесет секунди, не открива многу, но остава силен впечаток кај гледачот. Го гледаме Кејџ како го гледа изгрејсонцето и момчето од далечина, што веднаш го нагласува централниот конфликт на филмот - затегнатиот однос помеѓу татковска фигура и синот чии моќи се надвор од човечкото разбирање.

Контроверзност и глумечката екипа

Покрај главното трио, во филмот се појавуваат Сухејла Јакуб, Пенелопе Маркопулу, Каити Манолидаки и Ерато Цивелеки во споредна улога на дете, додека гласот на ангелот го дава Томер Лев Тов. Филмот ветува интимна, но во исто време и застрашувачка приказна за семејство чиј свет се распаѓа под тежината на тајните, моќта и судбината.

Поради реинтерпретацијата на детството на Исус, се очекува „Синот на дрводелецот“ да предизвика жестоки дебати, особено во религиозните кругови.

YouTube video

Инцидент со рој пчели

Продукцијата беше проследена со бизарна работа. Како што пишува MovieWeb, за време на снимањето во Грција, Кејџ бил нападнат од рој пчели во пештера, поради што снимањето морало да се премести на друга локација. Иронично, инцидентот многумина ги потсети на неговата озлогласена улога во римејкот на хорор филмот „The Wicker Man“ од 2006 година, познат по сцената со пчелите.

Иако точниот датум на објавување сè уште не е познат, најавено е дека „The Draver's Sin“ ќе пристигне во кината на есен 2025 година. Со оглед на впечатливиот тизер, единствената тема и мрачната атмосфера, јасно е дека нè очекува еден од најнеобичните хорор филмови на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер