Шоу бизНиколас Кејџ ,,лета”во Порше со онесвестен колега низ улиците на Дубровник (ФОТО)По снимањето во Вила Шехерезада, холивудскиот тим, предводен од најголемите sвезди на сетот - славниот оскаровец Николас Кејџ (56) и чилеанскиот актер Педро Паскал (45) се преселија малку подалеку, на улиците на Дубровник.Во Уметничката галерија Дубровник, денеска биле снимени нови сцени на играниот филм „ The Unbearable Weight of Massive Talent “, моментално единствената американска филмска копродукција во Европа. Кејџ влета со Порше во Уметничката галерија, облечен во кошула на риги, а Паскал во несвест на совозачкото седиште. На прв поглед, не е јасно дали Паскал е ранет на местото на настанот или, како што мислат некои, е во несвест поради премногу алкохол? И можеби, всушност, само спие? Дождливото време очигледно не и пречело на филмската екипа, која, како што пишува Дубровачки вјесник, е заштитена од чувари, и на копно и на море. И нуркачи од Дубровник се ангажирани на море, кои се грижат за безбедноста на филмаџиите од морската страна. За целите на снимањето, Поршето, како што може да се види на фотографиите, е прилично изгребано, а поминало се чини, низ жестока потера. Сосема непланирано, како што пренесува Дубровачки, за време на снимањето на сцената,автомобилот на Кејџ се изгаснал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ЕвропаВидео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, сидири со полицијата...Во Франција синоќа, за време на протестите низ целата земја, приведени се 296 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според Министерството, на демонстрациите учествувале околу 320.000 луѓе, додека организаторите проценуваат дека бројката достигнала речиси 500.000. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во Париз се собрале околу 70.000 демонстранти, додека младинските синдикати тврдат дека во главниот град протестирале околу 200.000 луѓе, пренесува телевизијата БФМ (BFM TV). Plusieurs cocktails molotov jetés contre les forces de l'ordre à Paris. Situation très tendue porte de Charenton. #31octobre #Paris https://t.co/G32fnaDICG — Luc Auffret (@LucAuffret) October 31, 2026 Демонстрациите, кои претставуваат трет бран на социјална мобилизација во последните три недели, првично беа мирни, но доцна попладнето дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови, меѓу кои Париз, Лион, Марсеј, Бордо, Лил и Нант. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека радикални групи во неколку градови се обиделе да навлезат во градските центри за да предизвикаат немири, вандализам и грабежи, но полициските сили ги спречиле во тоа. Plusieurs lasers utilisés par les manifestants pour tenter d'éblouir les policiers à Paris. #31octobre #Paris https://t.co/z7SPWTxEmO — Luc Auffret (@LucAuffret) October 31, 2026 Во Париз во близина на Порт де Шарантон, дошло до судири при што маскирани демонстранти фрлале предмети кон полицијата, а биле забележани и запаливи направи. Полицијата одговорила со солзавец, а интервенирала и единицита за разбивање демонстрации. Во Марсеј, според проценките на префектурата, се собрале до 10.000 луѓе, а откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон полицијата, безбедносните сили употребиле сила за да ги растераат групите што предизвикуваа немири. Во Лион, според податоците на префектурата, протестирале 19.000 луѓе, додека во Бордо полицијата изброила 11.000 демонстранти. Сепак, според проценките на синдикатите, во Бордо на улиците излегле околу 70.000 луѓе. Во Тулон, во протестот учествуваа околу 1.000 луѓе, при што осум лица биле приведени, додека во Ница, демонстрациите со околу 4.200 учесници завршиле без посериозни инциденти. Француските власти го оцениле синоќешните собир како настан со висок безбедносен ризик, поради што низ целата земја беа распоредени околу 70.000 полицајци и жандармиТагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДве години од трагедијата во Нови Сад: 16 жртви, три судски постапки без пресудаДенес се навршуваат две години откако 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено, кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица во Нови Сад, Србија. Иако во врска со овој случај се водат три одвоени правни постапки, судењето сè уште не е започнато. Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. Во инцидентот загинаа четиринаесет лица – меѓу кои и четири деца на возраст од 6, 10, 16 и 17 години – додека три други лица беа тешко повредени; двајца од повредените подоцна починаа во болница. Денес во Нови Сад се одржува комеморативен собир, организиран од студентско движење; други собири се закажани на различни локации низ градот, со почеток уште од 9:30 часот. Во меѓувреме, во Храмот на Свети Сава во Белград, во 9:00 часот ќе се одржи помен што ќе го предводи патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије. Во врска со уривањето на настрешницата, во тек се три одделни постапки – кои ги водат Вишите јавни обвинителства во Нови Сад и Белград, како и Обвинителството за организиран криминал – но, и по две години, судењето за ниту еден од овие случаи сè уште нема започнато. Обвинението опфаќа 13 лица, меѓу кои се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ; неговата помошничка, Анита Димоски; поранешните директори на претпријатието „Инфраструктура на српските железници“ (*Infrastruktura železnica Srbije*), Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан; како и проектантите и други одговорни лица задолжени за реконструкцијата на Железничката станица. Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против само три лица: менаџер за развој во „Инфраструктура на железници на Србија“, претседател на Комисијата за технички преглед на железничката станица и член на истата комисија. Експерти од оваа област сугерираат дека оваа постапка служи за „попречување“ на предметот што моментално се води во Нови Сад. Трет предмет води Обвинителството за организиран криминал и тој сè уште е во истражна фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook