3Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Шоу бизОбјавен е првиот тизер за суперхеројска серија со Николас Кејџ (ВИДЕО)За време на настанот Amazon Upfront, Amazon го објави првиот тизер за својата претстојна серија за суперхерој ноар, Spider-Noir, во која Николас Кејџ го игра популарниот суперхерој Спајдермен.Кејџ го позајми гласот на истиот лик во анимираниот филм Spider-Man: Into the Spider-Verse. „Варајети“ потврди дека долгометражната серија ќе биде достапна во две верзии – црно-бела и во боја – за што Вернон Сандерс, раководител на телевизискиот оддел во „Амазон МГМ Студиос“, вели дека е прво во историјата на телевизијата. Серијата „Спајдер-Ноар“ се одвива во Њујорк во 1930-тите и го следи Кејџ како остарен и несреќен приватен истражител кој, како единствен суперхерој во градот, е принуден да се соочи со своето минато. Серијата е базирана на стрипот на Марвел, Спајдермен Ноар. Покрај Николас Кејџ, во серијата глумат и Ламорн Морис, Брендан Глисон, Абрахам Попула, Ли Џун Ли, Карен Родригез и Џек Хјустон. Лукас Хас, Камерон Бритон, Кери Кристофер, Мајкл Костроф, Скот Макартур, Џо Масингил, Витни Рајс, Аманда Шул, Ендру Колдвел, Ејми Акино, Ендру Робинсон и Каи Кастер ќе бидат гостински ѕвезди. Серијата ќе има премиера во 2026 година на телевизискиот канал MGM+ во САД, а ќе стане достапна глобално еден ден подоцна преку платформата Prime Video. First teaser for the ‘SPIDER-NOIR’ series, starring Nicolas Cage. Coming soon to Prime Video. pic.twitter.com/7T9tTYPkNV — DiscussingFilm (@DiscussingFilm) May 13, 2025 „Спајдер-Ноар“ е продуциран од „Сони Пикчерс Телевизион“ и „Прајм Видео“, а Хари Бредбир ги режира првите две епизоди и е извршен продуцент. Орен Узиел и Стив Лајтфут ќе бидат и извршни продуценти. Серијата е развиена во соработка со тимот награден со Оскар, кој стои зад анимираниот филм Spider-Man: Into the Spider-Verse.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвикаНајџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија за независност на Обединетото Кралство, повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии.Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во сатиричниот лик „Гроф Бинфејс“, кој успеа да освои повеќе од четвртина од гласовите. Костимираниот кандидат познат како „Гроф Бинфејс“, кој редовно учествува на избори и овојпат го освои второто место. Фараж е предмет на парламентарна истрага поради тоа што не пријавил донација од пет милиони фунти, односно 6,7 милиони долари, од инвеститор во криптовалути со седиште во Тајланд, пред изборите во 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗагина 19-годишна девојка откако пијан струмичанец со возило удрил во мотоциклДеветнаесетгодишна девојка загина, а возач на мотоциклот е повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во атарот на селото Турново.Несреќата била пријавена околу 23:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 29 годишниот С.Б. од струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од селото Иловица. Од здобиените повреди на самото место починала 19-годишната К.Ј., која била сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица. При извршеното алкотестирање, кај 29-годишниот возач на автомобилот било утврдено присуство на 1,75 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш бил лишен од слобода. Полициската истрага, исто така, утврдила дека 19-годишниот возач го управувал мотоциклот без тој да биде регистриран, како и пред да се стекне со право за управување со моторно возило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во моретоАмериканскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“.Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските воени операции поврзани со војната со иран. Носачот има поминато повеќе од 240 дена непрекинато на море, што е рекорд. Претходно оваа недела се појавија наводи дека некои морнари имале самоубиствени мисли и се обиделе да скокнат од бродот. Според весникот, причината е продолжувањето на мисијата, која требаше да заврши во мај, но била продолжена без утврден датум за нејзино завршување. „Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил пристаништето во Дананг, Виетнам, соопшти американската морнарица. Носачот, заедно со крстосувач и со разурнувач, потоа бил забележан како минува низ Сингапурскиот теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook