Никола Мицевски: Со новиот буџет се прави класичен поткуп за претстојните избори

Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најголемиот, најрасипничкиот, најкоруптивниот и  најнеразвојниот буџет во историјата на независна Македонија. 

Удираат по џебот на граѓаните, собираат пари за луксузирање, а капиталните инвестиции им се помали и од најлошите години.

Власта за 2020 година предвидува да потроши неверојатни 4 милијарди евра.

Буџетот за идната година е поголем за 200 милиони евра од буџетот за оваа година, а сумата која се одвојува за капитални инвестиции и процентуално и номинално е помала од сумата која беше предвидена за оваа година.

Наместо буџетот да придонесува за подобрување на квалитетот и продуктивноста на администрацијата, Заев и Ангеловска со овој буџет прават класичен поткуп за претстојните парламентарни избори манипулирајќи ги граѓаните велејќи дека вложуваат во човечки капитал.

Треба да се има проекти за да се оспособат младите луѓе, тоа е капитал, а вака тие се само потрошувачи. Овој буџет не создаваат услови за капитал а што имаме ние, во услови кога се зголемува буџетот, се намалуваат инвестициите.

Исто така слушаме нов поим во науката – инвестиции во човечките ресурси, во исплата на плати во државна администрација која не е намалена, туку уште се зголемува заради партиски цели, а овој буџет единствено треба да помогне во предизборниот период за потребите на СДСМ.

Ова не е ни приближно вложување во човечки капитал туку класичен пример за буџет кој што треба да служи за поткуп, уцени и корупција со гласачите.

Заев и Нина Ангеловска во услови кога го зголемуваат буџетот за 200 милиони евра, наместо да покачат, ја намалуваат ставката за капитални инвестиции за 43 милиони евра.

За споредба, пред доаѓањето на власт на оваа најмеспособна гарнитура, ставката за капитални инвестиции изнесувала од 10 до 15% од буџетот, а сега минатогодишните 6,5% ги намалуваат на 5% од буџетот. Тоа е рамно на катастрофа.

Се предвидуваат над 200 милиони евра повеќе, а ниту евро повеќе за автопати, железници, гасоводи. Нема пари за развој, но има за изборен поткуп.

Додека парите за развој се намалуваат, се зголемуваат средствата во ставката стоки и услуги.

Владата планира догодина да потроши 180 милиони евра повеќе на стоки и услуги, односно цели 835 милиони евра. Значи близу една милијарда евра фрлени низ ветер.

Овие 835 милиони евра власта планира да ги потроши на тендери, привремени вработувања со цел изборен поткуп и исплата на патни трошоци. После сите се чудиме како Пендаровски мртов ладен изјавува дека би заминал од Македонија доколку не бил избран за претседател, а младите засилено веќе бегаат од државата.

Со новиот буџет нема средства за Чебрен и Галиште, ниту за ТЕЦ Неготино. Нема пари ниту за енергетски развој, ниту за нови проекти во секторот за користење на природен гас. Нема пари ниту за борба против загадениот воздух, а генерално на шкрги ќе дише Министерството за животна средина кое ќе добие под 1% од буџетот.

Оваа власт која дојде ветувајќи подобро образование, за идната година предвидува 17% помалку во буџетот за наука од оваа година. Значително се намалуваат и средствата за изградба на основсни и средни училишта, како и за студентски домови.

Екстра пари ќе нема ниту за здравството, а граѓаните и медицинскиот персонал нема да видат ништо ниту од нови, модерни и послапи медицински апарати.

Овој буџет е расипнички и не води грижа за развојот на државата и идните генерации.

Единствено позитивно во овој буџет е што оваа неодговорна, неспособна и расипничка власт нема да може да го троши после 12 април.

Ваквиот буџет ќе претрпи значителен ребаланс со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога ќе бидат одвоени повеќе средства за развој, капитални проекти и креирање додадена вредност за државата и граѓаните.

На 12 април завршува расипничкото трошење на народни пари. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер