Никол Кидман, Џулијен Мур , Принц Хари:Овие луѓе имаат нешто заедничко, а сочинуваат само 2 отсто од популацијата! - Канал 5

Никол Кидман, Џулијен Мур , Принц Хари:Овие луѓе имаат нешто заедничко, а сочинуваат само 2 отсто од популацијата!

Причина поради која ќе забележите црвенокоса личност е најатрактивната боја на човечката коса на светот.

Никол Кидман, Џулијен Мур , Принц Хари:Овие луѓе имаат нешто заедничко, а сочинуваат само 2 отсто од популацијата!

Без оглед дали личноста има црвна или портокалова боја на коса, таа по нешто е посебна. Постои верување дека црвенокосите луѓе се подуховити, но и почувствителни на болка.

Доколку сте природно црвенокоси тоа значи дека припаѓате на малцинство. Иако црвената коса постои кај многумина етнички групи и на сите континенти, луѓе со оваа боја на коса ги има малку. Само 1- 2 отсто од вкупната глобална популација има природна црвена коса, при што најголемиот дел од црвенокосите личности на светот споделуваат специфичен генетски фактор.

Тоа значи дека на целата планета има 152.656.386 личности. Мнозинството црвенокоси луѓе имаат рецесивна мутација на генот MC1R, кој стимулира производство на пигментите на телото и косата. Всушност, речиси сите црвенокоси луѓе имаат две копии од овој ген, по една од секој родител.

Најмногу црвенокоси луѓе има во Ирска, каде дури 10 отсто од населението има црвена коса. Шкотска по бројот на црвенокоси луѓе е на второ место со 6 отсто црвенокоса популација.

Здравствените предности на црвенокосите, иако се подложни на карцином на кожата, имаат помалку штетни, несакани ефекти. Црвенокосите луѓе се чувствителни на промените во температурата, обично им е потребно повеќе анестезија за време на операција, но со стареењето нивната коса станува бела наместо сива, а можат да произведат и сопствен витамин Д, наместо да го земаат од сончевите зраци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор.

Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби.

„Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина.

Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор.

Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба.

„Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп.

Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор.

Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор.

„Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател.

На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна.

„Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер