Никол Кидман (56) и Зак Ефрон (36) имаат страсна 18+ сцена во новиот филм - Канал 5

Никол Кидман (56) и Зак Ефрон (36) имаат страсна 18+ сцена во новиот филм

Никол Кидман и Зак Ефрон повторно се обединија на екранот, 12 години откако глумеа во The Paperboy.

Никол Кидман (56) и Зак Ефрон (36) имаат страсна 18+ сцена во новиот филм

Овој пат, ѕвездите од А-листата играат љубовници во романтичната комедија на Нетфликс A Family Affair. Судејќи по трејлерот, ќе има уште секси сцени.

Во филмот, 56-годишната Кидман има бурна афера со шефот на нејзината ќерка, кого го игра Ефрон (36). На една сцена се гледа како австралиската актерка го турка актерот на креветот каде ѝ ја скинува кошулата. „Те чекав отсекогаш“, вели без здив додека се соблекуваат и страсно се бакнуваат.

Ефрон зборуваше за People за улогата, велејќи за списанието: „Бев малку исплашен, но да се видам повторно со Никол е секогаш одлично. Таа е талентирана актерка, љубезна е, грижлива е и прекрасно е да се поминува време со неа“.

YouTube video

A Family Affair пристигнува на Нетфликс на 28 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела ноќ повторно во Скопје!

Во сабота /3 октомври/, од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Бела ноќ повторно во Скопје!

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

На 3 октомври, да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар - Карпош

По повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, попладнево, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).

Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар - Карпош

Идејата за отворање на двата младински центри на територија на Карпош, потекнува од Сотир Лукровски и Мирјана Пехчевска, а за нивната целосна реализација се погрижија претставниците од Секторот за развој од Општина Карпош, Александра Теова и Роберт Јанковски. И покрај тоа што овие два центри активно функционираат веќе три месеци, денеска беа официјално промовирани пред пошироката јавност. Станува збор за две нови простории во рамки на спортската сала Партизан, која Општина Карпош им ги отстапи на невладините организации и на младите карпошани, за да можат на едно место непречено да ги реализираат своите идеи, активности и иницијативи.

На свеченоста присуствуваа жители од Карпош, претставници на невладини организации, на Халк банка, Стопанска банка, вработените од книжарницата Тримакс, како и првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

„Особено значајно е што во работата на двата центри веќе се вклучени десет невладини организации, кои делуваат во различни области – од спортот и бизнисот, преку екологијата и младинските прашања, па сѐ до поддршката на лицата со попреченост. Затоа, нека Ресурсниот и Младинскиот центар – Карпош, бидат места каде ќе се раѓаат идеи, ќе се создаваат промени, во кои младите ќе се чувствуваат слушнати и поддржани, граѓанските организации ќе бидат секако добредојдени, а целата локална заедница ќе го препознае просторот за соработка и заедничко дејствување“ – истакна градоначалникот Лукровски.

Во оваа пригода, градоначалникот Сотир Лукровски им врачи благодарници на претставниците на ХАЛК банка, Стопанска банка и Тримакс, за поддршката која ја пружија трите фирми, во насока на опремување на МЦК и РЦК. Во знак на поддршка за младите, голем дел од присутните гости донираа книги по личен избор, кои ќе ја збогатат колекцијата на младинската библиотека, која ќе функционира во рамки на Младинскиот Центар – Карпош. По повод свеченото отворање, гостите напишаа куси пораки и предлози до младите, додека пак младите испишаа креативни идеи како го замислуваат Карпош.

Дополнително, манифестацијата беше разиграна со динамичните звуци на шест прекрасни младински бендови. Во пријатна атмосфера, младите се запознаваа, меѓусебно другаруваа и ширеа позитивна енергија. Од понеделник, Младинскиот Центар – Карпош ширум ги отвора вратите за младите, каде ќе се одржуваат тематски сесии, ќе се развиваат конструктивни дебати и ќе се презентираат нови идеи. Оттука се очекува да произлезат младински иницијативи, за подобрување на квалитетот на животот на сите жители кои се дел од оваа локалната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чекањето заврши: пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци

А што е потребно за една нова реалност? Понекогаш, само вистинскиот рецепт

Чекањето заврши: пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци

Токму на оваа идеја е изградена новата кампања „Нова реалност во Тиго“, која ја поврзува една од најпрепознатливите македонски традиции со новата понуда на Тиго.

Оваа есен, Тигомир тргнува во потрага по совршениот рецепт за ајвар, а Тиго ја открива својата формула за новата реалност – намалени трошоци и повеќе можности за клиентите.

А, да се најде совршениот рецепт за ајвар во Македонија не е едноставна задача. Прашајте десет луѓе како се прави најдобриот ајвар и веројатно ќе добиете десет различни одговори – секој со своја тајна состојка, семеен рецепт и убедување дека токму неговиот е вистинскиот.

Додека Тигомир ги истражува пиперките, традицијата и тајните на совршениот ајвар, Тиго веќе го има вистинскиот рецепт за својата нова реалност: намалени трошоци на кредит до 720.000 денари и до 72 рати, но и намалени трошоци на понудата за рефинансирање на постојните кредитни обврски.

За вистинско добредојде, првиот кредит во Тиго.мк е целосно бесплатен, со рок на отплата до 30 дена.

„Сакавме новата сезона да ја започнеме со нешто што е навистина наше, препознатливо и блиско до луѓето. Ајварот е тема за која сите имаме свое мислење, особено кога станува збор за тоа чиј рецепт е најдобар. Затоа на Тигомир му ја доверивме тешката задача да го пронајде совршениот рецепт. Во Тиго, пак, ќе се држиме до она што најдобро го знаеме: да им понудиме на нашите клиенти едноставни решенија со намалени трошоци и повеќе можности полесно да ги реализираат своите планови“, велат од Тиго.

Кампањата ќе биде присутна преку телевизиски, дигитални и надворешни канали, како и во филијалите на Тиго ширум земјата. А потрагата на Тигомир по совршениот рецепт нема да остане само на екраните, туку ќе продолжи и преку дополнителни есенски активности.

Совршениот рецепт за ајвар? Тигомир сè уште го бара. Но, кога станува збор за намалени трошоци и нови можности, новата реалност во Тиго веќе е тука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер