Тошковски на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Нови обуки и продлабочување на полициската соработка со Франција
2Тошковски на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Нови обуки и продлабочување на полициската соработка со Франција
3Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
Шоу бизНи трага ни глас од големата филмска ѕвездаНајголемата кинеска ѕвезда , актерката Фан Бингбинг , исчезна без трага , па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.Актерката Фан Бингбинг , петта најдобро платена филмска ѕвезда ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон , исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина , кои не ги пријавувале сите свои приходи. Тогаш преку своето стуфио , Фан ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е ,,ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда.” Но , оваа објава набргу беше отстранета , а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила. Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите , а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил . За тоа време , никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка , која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот. Се шпекулира дека Фан станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од Брвеница: Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три годиниЈас не велам дека е сè идеално. Јас не велам дека денеска ние сме најпрекрасното и економски најразвиеното место на светот, но велам дека е најубавата земја во светот. Да, си ја сакам, тоа е мојата татковина Македонија, исто како што вие си ја сакате таа истата наша заедничка Македонија. Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години, кога пред очи им играа фудбалчиња и баскет партии во канцеларии, наместо да работат и да испорачуваат проекти. И да, има проблеми и сигурен сум дека и за три години од денеска ќе биде подобро место за живеење од денес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во Брвеница . Пред Брвеница денес стои сериозна обврска. Започнатото да продолжи, а општината да остане сплотена и насочена кон работите што им се важни на жителите на оваа преубава општина. Треба да се избере човек што ја познава општината. Токму од таа одговорност тргнавме кога ја донесовме одлуката Стојанчо Радически да ја преземе кандидатурата. Стојанчо или Цоки, како што многумина го знаат, е човек што е постојано присутен овде. Ги познава луѓето и секојдневието на Брвеница. Знае дека градоначалничката позиција не е позиција од која се гледа општината оддалеку, туку работа што секој ден те носи помеѓу луѓето. Оваа кампања сакам да биде без навреди, без поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина, објави Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27
„Секси мама“ врз грбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаТошковски на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Нови обуки и продлабочување на полициската соработка со ФранцијаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, придружуван од полициското аташе Михаел Жано.На средбата беше истакната долгогодишната соработка меѓу двете земји во областа на внатрешните работи, која трае повеќе од две децении, како и заедничката определба таа да продолжи преку конкретни активности, обуки и размена на искуства. Амбасадорот Ле Риголер информираше за новата обука која започнува на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а ја реализираат француски експерти од Жандармеријата за воздушен транспорт на Република Франција. Обуката е насочена кон размена на експертиза и практични знаења во областа на сигурноста и безбедноста на аеродромите и унапредување на професионалните капацитети на полициските службеници и лицата задолжени за обезбедување. „Соработката со Република Франција има долгогодишен континуитет и за нас е особено значајно што таа се преточува во конкретни активности и обуки. Размената на знаење и искуство со француските експерти директно придонесува за унапредување на професионалните и оперативните капацитети на македонската полиција“, истакна министерот Тошковски. На средбата беа најавени уште две обуки до крајот на годината – за спречување перење пари и за разузнавачки активности и работа во казнено-поправните домови. Соговорниците разговараа и за можностите за проширување на соработката со Центарот за обука на МВР, преку креирање и реализација на обуки согласно потребите на идните полициски службеници. Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност таа дополнително да се продлабочува во областите од заемен интерес, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЗајакнати акциски контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 167 прекршоциНа 28.09.2026 година, во периодот од 17:00 до 22:00 часот, на подрачјето на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила.При спроведената контрола констатирани се вкупно 167 прекршоци. Најголем дел прекршоци, се однесуваат на неносење рефлектирачки елек при управување со електричен тротинет во ноќни услови и неносење заштитен шлем. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 81 прекршоци, на подрачјето на СВР Охрид 26, а на подрачјето на СВР Битола 23 прекршоци, додека останатите прекршоци се констатирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролата, одземени се два електрични тротинети. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролата констатирани се и 206 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот,соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter