Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места - Канал 5

Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места

 Стапката на невработеност во САД благо се зголеми од четири отсто во мај на 4,1 отсто во јуни, додека во спомнатиот месец се отворени 206.000 нови работни места, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот.

Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа дека во јуни ќе бидат отворени 190.000 нови работни места во САД.

Најмногу нови работни места се отворени во јавниот сектор 70.000, здравството 49.000, социјалните служби 34.000 и градежништвото 27.000./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Кремаста карбонара со сланина

Во четврток (12.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Дејан Николовски Чуле.

„Гответе со Дракче“ - Кремаста карбонара со сланина

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. шпагети

200 гр. чадена сланина или панчета

250 мл. павлака за готвење

2 јајца

100 гр. пармезан

1 чешне лук

30 гр. путер

зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗО со конкретен акциски план за спроведување на препораките од Државниот завод за ревизија

Фондот за здравствено осигурување со конкретен акциски план за спроведување на препораките од државниот завод за ревизија.

ФЗО со конкретен акциски план за спроведување на препораките од Државниот завод за ревизија

Фондот за здравствено осигурување, во врска со објавениот Конечен извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој се однесува на имплементацијата на безбедносните мерки и контроли во информацискиот систем на Фондот, ја информира јавноста дека констатираните наоди и дадените препораки се разгледани со должно внимание и институционална одговорност, при што се преземени конкретни активности за надминување на утврдените слабости.

Фондот ја препознава независната државна ревизија како исклучително значаен механизам за унапредување на јавната отчетност, зајакнување на институционалните капацитети и воспоставување повисоки стандарди во управувањето со јавните ресурси. Во таа насока, ревизорските препораки претставуваат не само обврска за постапување, туку и важен поттик за системско подобрување на организациските и технолошките процеси.

Во рамките на своите надлежности и во согласност со задолженијата на Владата, Фондот изготви конкретен Акциски план, со кој се опфатени сите препораки содржани во ревизорските наоди.

Акцискиот план претставува сеопфатна и структурирана рамка за постапување, во која за секоја препорака поединечно се дефинирани потребните корективни активности, надлежните организациски единици и одговорните носители, како и прецизни рокови за нивна реализација.

На овој начин, препораките на Државниот завод за ревизија се преточени во конкретни оперативни задолженија, со јасно утврдена одговорност и временска динамика за нивно исполнување.

Особено значајно е што дел од предвидените активности веќе се реализирани, додека за останатите се започнати постапки или се утврдени конкретни мерки за нивно спроведување.

Меѓу досега реализираните активности се сегментацијата на мрежата во дата-центарот и назначувањето одговорни лица за администрирање на автентикацијата и контрола на корисничките пристапи.

Паралелно со тоа, Акцискиот план предвидува натамошно зајакнување на информациската безбедност преку ажурирање на безбедносните политики и процедури, изработка на ИТ-стратегија, проценка на ризиците, унапредување на контролите за пристап, модернизација на инфраструктурата и безбедносни надградби на постојните информациски системи.

Посебно внимание е посветено и на зајакнувањето на човечките капацитети, континуираната едукација на вработените, воспоставувањето соодветни механизми за следење на системските активности, како и унапредувањето на мерките за непречено функционирање и заштита на информациските ресурси.

Роковите за спроведување на предвидените активности се утврдени во периодот до 31 декември 2027 година, зависно од сложеноста, техничките предуслови и организациските и финансиските аспекти на секоја поединечна мерка.

Фондот нагласува дека утврдувањето конкретни рокови и носители на активностите овозможува следливост на постапувањето, јасна распределба на одговорностите и континуирано согледување на напредокот во реализацијата на препораките.

Како институција која управува со исклучително значајни процеси и информации во системот на задолжителното здравствено осигурување, Фондот е свесен дека сигурноста, интегритетот и доверливоста на информациските системи се суштински предуслови за стабилно, ефикасно и одговорно извршување на неговите законски надлежности.

Оттука, унапредувањето на информациската безбедност не се третира како еднократна активност, туку како трајна институционална определба, која подразбира континуирани вложувања, технолошка модернизација, превентивно управување со ризиците и доследно почитување на утврдените стандарди.

Фондот останува целосно посветен на доследно спроведување на препораките на Државниот завод за ревизија, во рамките на утврдените рокови и согласно предвидената динамика.

Воедно, Фондот ја потврдува својата определба за конструктивна и професионална соработка со Државниот завод за ревизија, Владата и другите надлежни институции, со цел натамошно зајакнување на институционалната ефикасност, транспарентноста и одговорното управување.

Нашата определба е недвосмислена: секоја утврдена слабост да биде предмет на соодветно постапување, секоја препорака да добие конкретна институционална одговорност, а секоја преземена мерка да придонесе кон посигурен, поотпорен и поефикасен систем на здравствено осигурување.

Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ја информира јавноста за напредокот во реализацијата на предвидените активности, водејќи се од принципите на законитост, отчетност, професионалност и заштита на јавниот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!

Банките шурат ли шурат! Тоа е единствениот точен опис за економскиот терор што се случува врз грбот на македонските граѓани.

ЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!

Додека народот едвај врзува крај со крај и се соочува со сурова инфлација и прескапа кошница, банкарскиот сектор само за првите девет месеци од 2026 година оствари застрашувачка нето-добивка од 224,4 милиони евра, додека само од провизии и надоместоци граѓаните се олеснети за рекордни 154 милиони евра – што претставува скок од над 10 отсто во однос на лани! Ова не е пазарна економија, ова е класична, државно аминувана пљачка во која секојдневните трансакции, одржувања на сметки и дигитални плаќања се претворени во златен рудник за туѓите сметки.

ЛДП прашува каде е во оваа масовна ограбеност власта и импотентниот гувернер кои се целосно неспособни да го зауздаат овој хаос? Се сеќавате на симболичните најави на гувернерот Трајко Славески дека „треба да се преиспита политиката“ на провизиите? Да потсетиме дека владата со години се прави слепа и глува за ова безобразно шурење тврдејќи дека провизиите „не биле законска материја“? Ниту една реална мерка, ниту еден заштитен механизам за граѓаните – освен празни алибија додека банките им ја цицаат и последната капка крв од семејниот буџет. Истовремено, за сомнителни зделки, скандали како оние со „Алта банка“ и партиски тендери време се наоѓа во секое време, но за заштита на обичниот човек – апсолутна институционална импотенција.

А решението постоеше и сѐ уште стои на маса! Либерално-демократската партија (ЛДП) уште одамна поднесе конкретен и функционален предлог за укинување и строго ограничување на овие паразитски банкарски провизии кои го празнат секој денар од џебот на граѓанинот. Но, тој предлог беше брутално и срамно отфрлен од владеачкото мнозинство. Нѐ мавтаа и лажеа дека системот ќе ги заузда банките, а во реалноста само ги оставија одврзаните раце на мафијашкиот банкарски картел да не третираат како сопствени банкомати.

Ако секој месец се прашувате зошто сте сѐ посиромашни и зошто платата Ви се топи уште во првите пет дена, да знаете дека тоа е директен благослов од неспособниот владин апарат, гувернерот и институциите кои работат исклучиво за профитот на банкарските моќници. Време е да се стави крај на ова лудило. Прифатете го предлогот на ЛДП и законот за зауздување на банкарските провизии.

ЛДП нема да молчи пред оваа пљачка – време е за одговорност, а не за празни владини соопштенија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер