Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЖивотНевидена еколошка катастрофа на Камчатка, угинати илјадници морски животни (ВИДЕО)Илјадници мртви фоки, октоподи и морски ежови лежат веќе неколку дена на брегот на полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен исток, а Гринпис предупредува дека станува збор за „еколошка катастрофа“.„Еколошка катастрофа се случи во Камчатка“ на дел од плажата Калатир, добро позната меѓу сурферите во заливот Авачи во Тихиот океан, соопшти невладината организација. Анализата открила „четири пати повисоки нивоа на нафтени деривати и 2,5 пати повеќе феноли“ во водата, додава Гринпис, истакнувајќи дека причините за загадувањето сè уште не се откриени. На Инстаграм, Антон Морозов, директор на Сноуави, позната школа за сурфање на полуостровот, објави голем број снимки од плажата со мртви животни. Веб-sвездата Јуриј Дад, познат по своите зачудувачки документарни филмови, ја потврди изјавата на Морозов, велејќи дека веќе три недели „сите се чувствуваат непријатно по сурфањето“ и имаат чудни симптоми како што се болки во очите и грлото и „труење“ со водата што има чуден вкус и мирис. . "Многумина набрзина го напуштаат океанот. Симптомите се јавуваат и кога немате контакт со вода", рече тој, додавајќи дека "отровот" го носи река што тече во океанот веќе еден месец. „Доколку одговорните за овој настан беа похрабри и ја признаа својата грешка и ја започнаа операцијата за спасување, нејзините последици ќе беа ублажени“, рече тој. Гринпис соопшти дека им се обратиле на властите „барајќи што побрзо да се спроведе истрага за причините за загадувањето, проценка на степенот на штетата и итно отстранување на последиците“. Локалните власти не пријавиле ниту еден индустриски инцидент или вонреден настан во последно време. Гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, се закани дека ќе го отпушти секој што ќе ја прикрие сериозноста на ситуацијата и рече дека примероците биле испратени во Москва за да се утврдат фактите. Руската истражна комисија, исто така, најави истрага за „можна еколошка катастрофа“ во саботата. Камчатка е меѓу најоддалечените и најнепристапните делови на Русија. До распадот на СССР, тој дел бил затворен поради голем број воени објекти, а денес е отворен за туристи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter