ЖивотНеверство во реално шоу со 200 милиони прегледи- девојката е со противникот во кревет (ВИДЕО)На социјалните мрежи се шири вирален клип од реалното шоу Островот на искушенијата.Шоуто ги става паровите во екстремни ситуации - тие се поделени во две вили, а секоја куќа е дом на атрактивни мажи и жени чија задача е да ја тестираат верноста на учесниците. Драмата дополнително ја зголемува „огнената ноќ“ кога водителот на учесниците им покажува клипови од спротивната вила. Овие кратки видеа, често извадени од контекст, покажуваат што правеле партнерите додека биле разделени, што доведува до љубомора, несигурност и емоционални сломови. На крајот од шоуто, секој учесник одлучува дали ќе го напушти островот со партнерот, со личноста која го искушувала или како самец. Сега, снимките од шпанската верзија на шоуто станаа вирални, а интернетот се вжешти со драматичните настани што некои ги опишуваат како „најдобриот ТВ момент досега“. this is CINEMA…Montoya..the tension… you don’t need to speak spanish to understand, this is insane https://t.co/2sYZA8jBSM — 2000s (@PopCulture2000s) February 4, 2025 Главниот лик на оваа сцена е Монтоја, учесник во шоуто кој го гледа преносот од женската вила. Во еден момент ја гледа својата девојка Анита во соба со машки предизвикувач, што го излудува. Наскоро настанува хаос - Монтоја вика на екранот додека ја гледа неговата девојка како е заведена од друг маж. Врвот доаѓа кога мажот од видеото ќе го изгаси светлото и ќе легне во кревет со девојката на Монтоја. Камерата се префрла во ноќен режим додека се слушаат звуци на бакнување. Монтоја паѓа на колена во очај и вреска на екранот, додека водителката на емисијата се обидува да го смири. Монтоја не можел повеќе да ја издржи глетката, па одеднаш стана и се упати кон женската вила. Водителката очајно се обидува да го спречи викајќи: „ Montoya, por favor!“ („Монтоја, те молам!“), а реченицата стана вирална. View this post on Instagram A post shared by La Isla de las Tentaciones (@islatentaciones) Како што Монтоја се приближува до вилата, неговото панично плачење ги слушаат другите девојки кои го прекинаа разговорот и погледнаа кон вратата. Во меѓувреме, неговата девојка и мажот во нејзиниот кревет паузираат, збунети од бучавата надвор. За жал, сцената нагло завршува во клучен момент, оставајќи ги во неверување милиони гледачи ширум светот. Снимката досега собра 200 милиони прегледи на платформата Х за само четири дена, а дискусиите за овој шокантен телевизиски момент продолжуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифтНеколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово. ‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias … #explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA — Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026 Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор. Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.Тагови: Брисел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПадна Владата на УкраинаУкраинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент. „Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент. Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина. Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата. Фото: ВИТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook