Герасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн настава
Јаневска: Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите ученици, утре започнува новата учебна година
1Герасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн настава
2Јаневска: Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите ученици, утре започнува новата учебна година
3Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проекти
Други спортовиНеверојатниот Норвежанец го собори светскиот рекорд, стар 28 годиниНорвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригцен постави нов светски рекорд на 3000 метри на митингот „Дијамантската лига“ во Хорзов, Полска.Ингебригтсен оваа делница ја надмина за 7:17.55, што го подобри за повеќе од три секунди претходниот рекорд на Кениецот Даниел Комен, кој истрча 7:20.67 пред 28 години во Риети. Ингебригтсен, кој ја освои олимписката титула на 5000 метри во Париз претходно овој месец, сега е актуелен светски рекордер на 2000 метри и 3000 метри на отворено и 1500 метри во затворен простор, а исто така е и европски рекордер на 1500 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн наставаУчениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект.Станува збор за инвестиција што се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј носител е Министерството за образование и наука. Министерството ги обезбедува финансиските средства, основниот проект и ревизијата, го координира процесот, го обезбедува изведувачот и надзорот и ја следи реализацијата на градежните активности до нивното завршување. Согласно првично предвидената динамика, градежните активности требаше да завршат пред почетокот на новата учебна година. Со оглед дека работите сè уште се во тек, ООУ „Киро Глигоров“ побара организирање на онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение. Министерството за образование и наука даде согласност овие ученици времено да следат настава од далечина, до создавање услови за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека во моментов најважно е да се обезбеди непречено започнување на учебната година. „Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања. Бидејќи градежните активности што ги реализира Министерството за образование и наука сè уште не се завршени, учениците од четврто до деветто одделение времено ќе следат онлајн настава. Од МОН побаравме и информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите, затоа што очекуваме тие да бидат завршени во најкус можен рок и учениците што побрзо да се вратат во училишните клупи“, изјави Герасимовски. Општина Центар ќе ја следи состојбата во училиштето и ќе биде во постојана комуникација со раководството на ООУ „Киро Глигоров“, родителите и Министерството за образование и наука, со цел учениците што поскоро да продолжат со редовна настава во безбедни услови. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаЈаневска: Со оптимизирана училишна мрежа, подобрени услови за настава и учебници за сите ученици, утре започнува новата учебна годинаНовата учебна 2026-2027 година започнува утре и наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај. Оптимизирана е училипната мрежа и во голем број училишта условите се значително подобрени. Обезбедени се учебници за сите, а за учениците со посебни образовни потреби, ангажирани се најмногу образовни асистенти досега. За ова денес на прес конференција, информираше министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која им посака успех на сите ученици, наставници и стручни соработници. „Трета година по ред, учебниците се навремено набавени во тираж кој го побараа училиштата. Истите се испорачани и уште утре можат да им бидат поделени на учениците. Задоволство ми е што прашањето за учебници повеќе не е предизвик како во минатото. Годинава, набавени се 622 илјади учебници и остварени се заштеди од 50 милиони денари споредбено со годината пред да го преземам раководењето со оваа институција“, рече Јаневска. Информираше дека целосно нови учебници во полн тираж се набавени за прво, втор и трето одделение, со оглед дека тоа се учебници во кои има и работни листови, како и за осмо одделение и за втор клас во гимназиско образование, каде ќе се учи по нови наставни програми. Во 620 училишни објекти од вкупно 1023 во основното и средното образование ќе има едносменска настава. Јаневска рече дека тоа е концепт за кој се залага Владата, затоа што обезбедува повеќе придобивки, а најважни се интересите на децата – поголема концентрација на часовите, поголема социјализација, задржување на училиште доволно за да се совлада целиот материјал и да се стекнат соодветни вештини. „Ги поддржуваме општините да воведуваат едносменска настава во што повеќе училишта и во таа насока градиме објекти и доградуваме училници. Во моментов министерството и Владата ги прошируваат капацитетите на 14 училишта во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче, Бутел, Илинден, Гази Баба и Градско, а уште 15 проекти ќе започнеме етапно во следните неколку месеци“, рече министерката. Додаде дека завршени се реконструктивни активности во 20тина училишни објекти и спортски сали. Се градат и четири нови сали кои многу скоро ќе бидат пуштени во употреба, а потсети и дека преку програмата на Владата за финансирање на капитални проекти во општините, во тек е реализација на 50тина инвестиции за изградби и реконструкции на училишта, за нови спортски сали и училишни базени. „За да им се олесни процесот на образование на учениците со посебни образовни потреби, ангажираме 1358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. За учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, ќе потсетам дека е достапна можноста која законски ја уредивме минатата година - да се вклучат онлајн во наставата во класот или пак, наставникот индивидуално да работи со нив“, нагласи Јаневска. Наставниците и сите други вработени во училиштата, во март 2027 ќе добијат ново покачување на платите помеѓу 7,5 и 10% во зависност од стапката на инфлација. Како што рече министерката, покачувањето е согласно договорот со СОНК од пред две години, а преку кој досега платите пораснаа за над 20%, додека околу 300 наставници и стручни соработници напредуваа во звања ментор и советник, што исто така подразбира зголемен личен приход. Јаневска им се заблагодари за посветеноста кон учениците и рече дека очекува партнерскиот однос да продолжи за да се создаваат сé подобри и подобри генерации. Укажа дека трендот на намалување на бројот на ученици продолжува. Според пристигнатите податоци во МОН, учебната година ќе ја почнат 238 илјади ученици, од кои 174 илјади основци и 64 илјади средношколци. За прв пат во училишните клупи ќе седнат 14.952 првачиња. Поради тоа што немаат запишано ученици, од септември времено се затворат 26 подрачни училишта. Вкупната бројка на празни училишни објекти во Македонија, претежно во руралните средини е 148. Негативниот тренд, поттикнува и реорганизација на училишната мрежа и работата на училиштата. „Процес за кој се заложивме во изминатите неколку месеци е оптимизација на паралелките во постојните училишта, што значи спојување на помалите паралелки една со друга или приклучување кон поголемите, а во интерес на учениците – да бидат во поголемо друштво, да можат подобро да се социјализираат и да се натпреваруваат. Не е тајна дека со години опстојуваа, на пример 2 паралелки со по 2 ученика на иста возраст и во исто училиште. Сега таквите ги обединивме и затоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава - 222 во основното образование и 211 во средното“, објасни министерката. Додаде дека иако одредени политички субјекти се обидоа тоа да го претстават како страшен потег и крах на образованието, всушност е позитивна промена во интерес на учениците. Притоа, како што рече - ниту еден редовно вработен наставник не е отпуштен од работа. Во новата учебна година продолжува грижата за талентираните ученици, која во минатото недостасуваше - министерството ќе ги покрива целосно трошоците за пат и учество на меѓународни научни олимпијади. Во септември семејствата на учениците ќе можат да купуваат училишен прибор со намалена малопродажна цена за најмалку 15%, за што е донесена одлука од страна на Владата. Во октомври ќе бидат објавени конкурсите за ученички стипендии. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоцевски: Над 18 милијарди денари за општините, Владата продолжува со силна поддршка за капитални проектиПо резултатите што веќе ги дава првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата продолжи со втор јавен повик за уште посилен инвестициски циклус и подобрување на условите за живот на граѓаните.Со двата повика Владата им стави на располагање 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот кредит на единиците на локалната самоуправа за реализација на инфраструктурни и капитални проекти од директно значење за граѓаните. Ова претставува сериозна финансиска можност за општините, но уште поважно е што покажува дека поддршката на локалната самоуправа не е еднократна мерка или краткорочна политика. Станува збор за воспоставен модел во кој државата преку децентрализација на централниот буџет обезбедува финансиска поддршка, каде општините ги подготвуваат и предлагаат проектите според реалните потреби на граѓаните, а резултатот треба да биде подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот. Ова е особено важно за помалите општини, кои често имаат реални и сериозни инфраструктурни потреби, но немаат доволно финансиски капацитет самостојно да реализираат поголеми капитални инвестиции. Токму затоа улогата на државата е да помогне таму каде што е потребно и да создаде услови развојот да биде порамномерен низ целата територија на државата. Па така, со помошта на Владата во Гази Баба се инвестира во детска градинка во Инџиково и спортска сала во основното училиште во Црешево, со што се создаваат подобри услови за најмладите. Во Центар се реконструира спортската сала „Работнички“, во Бутел се уредува и заштитува речното корито на Серава, а во Чаир се гради водоводна и атмосферска мрежа во населбата „Дижонска“. Во Гевгелија се реконструира Старата чаршија, што има значење и за локалното културно наследство и за развојот на градот, додека во Аеродром се уредува јавната површина зад ТЦ „Капитол“. Во Охрид се гради катна гаража со која ќе се реши деценинскиот проблем со недостигот на паркинг места во туристичкиот бисер, во Ресен се реконструираат улици и се градат пешачки патеки, додека општина Кавадарци доби нов модерен базен. Општина Ѓорче Петров со владините средства ќе гради нова детска градинка, општина Тетово ќе гради водоводна мрежа во населбата Вонвардарска и ново средно училиште, Демир Капија ќе реконструира фудбалско игралиште и ќе гради нов тениски терен. Виница доби средства за партерно уредување на просторот кај градскиот пазар, Конче за фотонапонска централа на кровот на општинската зградата, додека Куманово за изградба на краци за секундарна гасоводна мрежа на неколку улици. Токму таквите инвестиции имаат најдиректен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните, зошто тие секој ден ги користат улиците, училиштата, јавните установи и комуналната инфраструктура. Затоа е важно јавните средства, како што се и средствата од унгарскиот кредит, да бидат насочени токму кон решавање на проблемите кои граѓаните ги чувствуваат секој ден. Политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не остане концентриран само во најголемите градови, туку секоја општина да има можност да напредува, да инвестира и да ги решава проблемите што со години останале нерешени. Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Коцевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44