Неверојатниот Дончиќ ја скроти Минесота за водство на Далас во финалето на Западот - Канал 5

Неверојатниот Дончиќ ја скроти Минесота за водство на Далас во финалето на Западот

Кошаркарите на Далас предводени од феноменалните Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг триумфално ја отворија финалната серија на Западот против фаворизираната Минесота. 

Неверојатниот Дончиќ ја скроти Минесота за водство на Далас во финалето на Западот

Словенечкиот суперстар Дончиќ мечот го заврши со 33 поени, шест скока, осум асистенции, три украдени топки и четири загубени топки за речиси 41 минута на теренот.

Далас Маверикс го продолжува неверојатниот настап во НБА плеј-офот.

Избраниците на Џејсон Кид направија „брејк“ на стартот од финалната серија во Западната конференција.

Во неизвесна завршница Маверикси како гости ја совладаа Минесота Тимбервулфс со резултат 108-105.

YouTube video

Лука едноставно беше незапирлив во четвртата четвртина. Од 33 поени на мечот, 15 постигна во последните 12 минути од дуелот!

Покрај Дончиќ одлична партија одигра и Кајри Ирвинг кој мечот го заврши со 30 поени, пет скока и четири асистенции.

Во поразениот тим најефикасен беше херојот од мајсторката со Денвер, МекДаниелс, кој постигна 24 поени. Ентони Едвардс натпреварот го заврши со 19 поени на 6/16 шут од поле. Таунс додаде 16 поени, а Рид 15 поени.

Следниот натпревар на програмата е ноќта меѓу петок и сабота од 02:30 часот по наше време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионот

Христијан Мицкоски повторно се обидува да ја претстави реалноста поинаку од она што е.

СДСМ: Мицкоски повторно лаже - минималецот во Македонија е меѓу најслабите во регионот

Цитира извештај на Еуростат за законска минимална плата и тврди дека кај нас е најевтино и нашите граѓани живеат најдобро.

Но бројките покажуваат сосема друго.

Според споредбата на минималната нето плата и цената на дизелот во регионот:

• Во Словенија со минималец се купуваат 629 литри дизел

• Во Хрватска 516 литри

• Во Црна Гора 400 литри

• Во БиХ 362 литри

• Во Србија 286 литри

• Во Косово 263 литри

• Во Македонија само 261 литар

• Во Албанија 214 литри

Работник со минималец во Македонија мора да работи 39 минути за еден литар дизел.

За резервоар од 50 литри му одат 19,15% од целата месечна плата.

Ова не е „куповна моќ“.

Ова е сиромаштија.

Мицкоски може да цитира што сака.

Граѓаните ја гледаат вистината на бензинска пумпа и во продавница.

Лагите за стандардот повеќе не поминуваат.

Не може статистика да го убеди граѓанинот на Македонија дека живее подобро од она што навистина го живее.

Граѓаните својата статистика ја имаат во паричникот и во фрижидерот.

И повеќе никој не може да го слуша Мицкоски и неговите бајки за трета економија во Европа, прва во туризмот, лидер во авио-сообраќајот и аеродромот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 05.08.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид.

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер