Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЖивотНеверојатен подвиг- Освоил 14 највисоки врвови на светот за 189 дена и попатно спасил четворица планинари Непалскиот планинар и поранешен британски маринец, Нирмал Пурја, го собори претходниот рекорд за планинарење, искачувајќи се на 14 највисоки врвови во светот за само седум месеци. Неговиот подвиг беше завршен за само 189 дена. Во понеделникот Пурџ се искачи на врвот на кинеската планина Шишапангма на 8027 метри, последен од 14 врвови високи над 8000 метри. Претходниот рекорд за искачување на 14 врвови беше стар скоро осум години. Бил постигнат од Полјакот Јерж Кукуча во 1987 година. Пурја ја започна својата мисија да се искачи на планините високи над 8000 метри на 23 април со искачување на планината Анапурна во Непал и го освои Монт Еверест на 22 мај. Летото го помина на Каракорум заради монсуните, каде ги искачи сите пет врвови над 8000 метри на оваа планина, а есента ја помина на Хималаите. Во вторникот, тој се искачи на последната планина, кинеската Шишапангма. View this post on Instagram . Today, we conducted a Puja ceremony at the #shishapangma advanced base camp praying the mountain god for the safe passage. . We will start our climb from tomorrow. We are planning to do a load carry to camp 1 and back to ABC tomorrow .🙌🏽🙏 . . . #nimsdai #shishapangma #14peaks7months #bremontprojectpossible #uksf #extremeoftheextreme #nolimit #silxo #ospreyeurope #antmiddleton #digi2al #adconstructiongroup #omnirisc #summitoxygen #inmarsat #thrudark #gurkhas #sherpas #elitehimalayanadventures #alwaysalittlehigher A post shared by Nirmal Purja MBE - Nimsdai (@nimsdai) on Oct 23, 2019 at 11:57pm PDT За време на неговото патешествие , Пурија спаси четворица планинари. Интересно е што тој започнал да планинари во 2012 година, на 30-годишна возраст. View this post on Instagram . Fancy joining me for a cuppa on 8000ers? . . . .📸 @sandro.g.h #highaltitudemountaineering #beliveinyourself #humanendeavour #nepal #himalayas #visitnepal2020 #savenature #gohighergobigger #bremontprojectpossible #14peaks7months #beliveinyourself #humanendeavour #extremeoftheextreme #sherpalegends #elitehimalayanadventures #alwaysalittlehigher #everest #lhotse #k2 #broadpeak A post shared by Nirmal Purja MBE - Nimsdai (@nimsdai) on Oct 8, 2019 at 11:19pm PDT Списокот на сите 14 планини на кои се искачи Пурја е следен : Анапурна (Непал / 8091 м), 23 април, Џулагири (Непал / 8167 м), 12 мај, Канџунгуа (Непал / 8586 м), 15 мај, Еверест (Непал / 8848 м), 22 мај, Лоте (Непал / 8516 м), 22 мај, Макалу (Непал / 8485 м) 24 мај, Нанга Парбат (Пакистан / 8126 м), 3 јули, Гашербрум 1 (Пакистан / 8080) м), 15 јули, Гашербрум 2 (Пакистан / 8035 м), 18 јули, К2 (Пакистан / 8611 м), 24 јули, Брод Пик (Пакистан), 26 јули, Чо Оју (Кина / 8188 м) , 23 септември, Манасулу (Непал / 8163 м), 27 септември, Шишапангма (Кина / 8013 м), 29 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септемвриПри спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети). При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига). Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи. Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети. Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.Тагови: електрични тротинети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЗдравјеУниверзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилствоВо пораст е бројот на пациенти кои побарале помош од ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија поради стрес поврзан со претрпено семејно или партнерско насилство. Психијатри од клиниката ретроспективно ги прегледуваа електронските здравствени записи во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за дијагнозите F.43 (растројства поврзани со стрес ), со цел идентификување на случаите на семејно или партнерско насилство поврзани со оваа дијагноза. Податоците покажуваат дека во 2025 година биле евидентирани 79 лица кои имале потешкотии поврзани со трпење семејно или партнерско насилство, а само во првите седум месеци од 2026 година – 101. Ова покажува дека вкупните 101 случај во првите седум месеци од годинава веќе ја надминуваат бројката за целата 2025 година. Оваа медицинска евиденција ја претстави проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 што викендов се одржува во Охрид. Најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март - 27, април - 23 и во јуни - 21. Токму овој период се поклопува со трагичниот настан кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон во Скопје, како последица на претрпено долготрајно семејство насилство. Проф. д-р Арсова посочи дека бројките од Клиниката треба да се толкуваат како податоци за евидентирани случаи во медицинската документација и тие сами по себе не мора да покажуваат дека насилството во општеството се зголемило. Промената може да биде поврзана и со подобро препознавање, документирање или упатување на пациентите или со поголема ажурност на институциите кога станува збор за случаите поврзани со семејно насилство. Анализираната медицинска документација покажува дека психолошките потешкотии поврзани со семејно или интимно-партнерско насилство, во вид на акутен одговор на стрес ,пострауматско растројство или потешкотии во адаптација се евидентирани кај пациенти од различни возрасни групи. Просечната возраст во анализата е 40 години. Евидентирани се 19 пациенти помлади од 18 години и 29 пациенти на возраст од 60 години или повеќе. Во однос на полот, три пати повеќе се застапени жените. Податоците од Клиниката за психијатрија се надоврзуваат на пошироката слика во државата. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, пријавите за семејно насилство се зголемиле од 4.421 во 2022 година на 5.436 во 2025 година, што е раст од 23 проценти. Во 2025 година, во категориите на МВР најчесто како жртви биле евидентирани сопруги – 1.438, родители – 1.000 и поранешни брачни партнери – 708. Во истиот период биле регистрирани 1.195 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 1.117 во 2022 година.. Во предавањето беше нагласена потребата здравствените професионалци да поставуваат прашања за безбедноста на пациентите, обезбедувајќи сигурен простор, систематски да ги документираат видот и траењето на насилството и да ги следат протоколите за вклучување на сите надлежни институции. Препознавањето на насилството е важно за соодветна психијатриска поддршка, процена на ризикот и поврзување на пациентите со потребната заштита.Тагови: психијатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42