Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години - Канал 5

Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години

Вчера, 8 јуни, приватната болница Неуромедика го прослави на највисоко ниво јубилејот 30 години постоење со голем гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости. 

Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години

Настанот доби посебен шарм со македонскиот актер и водител Сашко Коцев, а за забавата и супер расположението на присутните гости се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ и бендот Тринити Стрингс од Скопје. Свое обраќање имаше и сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика, Д-р Емил Угриновски, кој лично им се заблагодари на присутните за присуството на овој голем настан и се осврна на предизвиците со кои се соочувала компанијата во изминатите 30 години, а истовремено го изрази своето уверување дека успесите на компанијата ќе продолжат и во иднина.

“Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да биде она што е денес.” – истакна Д-р Емил Угриновски, сопственик и Генерален менаџер на Неуромедика.

30 годишното искуство и опстојување на пазарот е доказ за успешната приказна на Неуромедика. Со континуирана посветеност кон своите клиенти, но и вработени, постојано вложување во модерна и современа опрема, оваа компанија успева да се одржи на врвот на македонското здравство.

Неуромедика е првиот приватен здравствен бренд во Р. Македонија, основан како семеен бизнис од семејството Угриновски во месец јуни далечната 1992г. Она што на стартот била една скромна приватна амбуланта од двајца лекари и една медицинска сестра, за брзо време прераснала во национална поликлиника со повеќе специјалности и со модерни, напредни медицински услови и апаратури.

Под водство на Д-р Емил Угриновски, Неуромедика веќе во раните 2000-ти години била распространета низ целата наша држава со поликлиники и дијагностички центри во шест градови, па дури и со два дијагностички центри во земја од ЕУ, односно во Р. Грција.

Најголемо достигнување во развојот е изградбата и отворањето на болницата Неуромедика во 2017 година која е инвестиција од 8 милиони евра од сопствен, домашен капитал. Болницата е изградена по највисоки медицински стандарди и е опремена со најсовремена апаратура. Во неа работи тим од над 120 лица, составен од еминентни лекари професори, хирурзи, специјалисти, искусен и посветен помошен медицински кадар, административен персонал и менаџери.

На настанот присуствуваа огромен број на гости од земјава и странство, меѓу кои познати, еминентни доктори, медицински лица, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот, пријатели и соработници на компанијата.

На свечениот настан награда за животно дело му беше доделена на нашиот најпознат неврохирург Проф. Д-р Јовица Угриновски, за неговата идеја, реализација и посветеност кон развојот на Неуромедика. Неговиот придонес во здравството е неизмерно, а бројот на пациенти на кои со своето знаење и искуство им помогнал е огромен.

Пациентите и нивното здравје секогаш се во главен фокус на Неуромедика, па затоа оваа компанија несомнено и во иднина ќе биде во врвот на македонското и регионално здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер