Нетанјаху: Убиството на хуманитарците беше ненамерно, тоа е трагичен инцидент

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го нарече „трагичен инцидент“ убиството на седумте членови на хуманитарната организација „Светска централна кујна“, странски државјани убиени во напад на израелската армија.

„За жал, вчера се случи трагичен инцидент. Нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа“, рече израелскиот премиер во видео порака.

„Тоа се случува во војна. Ние темелно го истражуваме тоа, ние сме во контакт со владите (на странците кои загинаа) и ќе направиме се за да спречиме тоа да се повтори“, додаде Нетанјаху.

И портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, најави отворање на темелна истрага за инцидентот, велејќи дека „Светска централна кујна“ игра „клучна улога во снабдувањето со храна за луѓето на кои им е потребна“, и дека израелската армија е „професионална армија посветена на меѓународните закони. "

Членовите на „Светска централна кујна“ беа убиени во понеделникот додека патуваа во зоната без конфликт во две оклопни возила со логото на организацијата. И покрај координирањето на движењето со израелската армија, конвојот бил погоден додека го напуштал складиштето во Деир ал Балах, се вели во соопштението на хуманитарната организација.

Седуммина од убиените се државјани на Австралија, Полска, Велика Британија, едно лице е со двојно државјанство на САД и Канада, а едно лице е од палестинската самоуправа. /МИА

Фото: Поранешната мис на Шведска без долна облека на црвениот тепих

Поранешната мис на Шведска низ Канскиот филмски фестивал се прошета без долна облека.

Филсмкиот фестивал во Кан е местото каде многу светски ѕвезди сакаат да се продефилираат во скапа тоалета.

Фестивалот е синоним за престиж, мода, стил и елеганција. Но, не е секогаш така.

Поранешната Плејбој зајачица и поранешна мис на Шведска, Викторија Силвстед се појави во Кан во многу провокативен фустан.

Папараците покажаа дека атрактивната Вики под фустанот не носи долна облека.

Имено, поранешната мисица не носела долна облека, а немала поим дека фустанот може да ја „издаде“.

Викторија смело им позираше на папараците. Најмногу внимание сепакпривлече длабокиот шлиц на Викторија, буквално до половината, кој во еден момент откри повеќе отколку што треба .

Фото:Секси тенисерка

Убавата руска тенисерка Виталиј Дјаченко се почесто ги радува фановите на социјалните мрежи со фотки во бикини.

„Жешката“ бринета извесно време е надвор од терените поради повреда, и поради тоа патува низ Европа, во моментов е во посета на Белград.

Убавата тенисерка секојдневно ги информира своите следбеници за тоа што прави и каде се наоѓа.

- Белград во срцето, не сум љубител на селфи во огледало - напиша таа.

Руската убавица покрај коментарот објави и неколку фотки кои ги воодушевија фановите.

Виталија на фотките е во интересен стајлинг, скоро проѕирен фустан , бикини , мрежасто здолниште....

Макрон се согласи на дебата со Марин Ле Пен пред изборите за Европскиот парламент, таа одби

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази подготвеност за дебата со лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, пред изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, каде што „се доведува во прашање судбината на Франција“.

„Ако мислиме дека станува збор за избори на кои во прашање е дел од судбината на Франција, за што веруваме, јас сум на располагање“, рече Макрон во интервју за весникот „Паризиен“.

Марин Ле Пен минатата недела изјави дека со задоволство би имала дебата со Макрон, но под услов тој да поднесе оставка и да го распушти парламентот. Таа денеска го повтори тоа барање и додаде дека е подготвена за дебата, но дури по изборите, во септември.

притисни ентер