Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
1Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
3Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
СветНетанјаху: Мораше да нападнеме, алтернативата беше сите да загинемеИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху коментираше за поддршката на САД за нападот врз Иран.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху коментираше за поддршката на САД за нападот врз Иран, велејќи во видео обраќање: „Се надевав дека САД нема да се спротивстават на нашиот напад врз Иран, но немавме избор. Без поддршка од САД, можеби немаше да го започнеме, но алтернативата беше сите да загинеме. Дури и да не беше совршена операцијата, мораше да ставиме крај на потрагата на Иран по балистичко и нуклеарно оружје, бидејќи тоа би значело крај на Израел.“ Тој додаде: „Сакавме поддршка од САД, тоа беше моја одговорност и одговорност на министерот за стратешки прашања Рон Дермер. Имавме обемни разговори со нив. Ги информиравме пред нападот, а сега е на претседателот Трамп да одлучи како да продолжи.“ עדכון חשוב >> pic.twitter.com/Ia0tTnkBs3 — Benjamin Netanyahu - בנימין נתניהו (@netanyahu) June 13, 2025 Нетанјаху рече дека за време на разговорите со светските лидери од Индија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, го слушнал истиот став: „Сите тие го потврдија нашето право да се браниме од егзистенцијална закана.“ Планирање на операцијата Според него, нападот врз Иран првично бил планиран за крајот на април, но „од различни причини не успеал. Тој нагласи дека сè уште има отворени прашања за подземните објекти под планината и другите елементи, но додаде: „Не можам и не сакам да навлегувам во детали“. Нетанјаху тврди дека издал наредба за дејствување против нуклеарната програма на Иран уште во ноември, веднаш по атентатот врз лидерот на Хезболах, Хасан Насралах. „Мене и на другите ми беше јасно дека кога ќе се скрши оската што ја формираше основата на планот за уништување на Израел, Иран брзо ќе ја забрза својата нуклеарна програма. И токму тоа се случи“, рече тој. Очекувајќи иранска одмазда Премиерот, исто така, предупреди за можна иранска одмазда: „Ќе мора да платиме за тоа, но цената може да се ублажи. Претпоставувам дека ќе нè нападнат, и можеби во многу силни бранови“. Конечно, тој изрази верување дека успехот на нападот врз Иран ќе има позитивен ефект врз ситуацијата во Газа и прашањето за израелските заложници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна женаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје. „Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР. Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан ГрубиСо изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами. Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ФудбалЛошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 . Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода. Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот. По две кола во Б-дивизијата од новата сезона во Лигата на нации Македонија е без бодови и постигнат гол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11