Нетанјаху ѝ нареди на војската да го емитува неговиот говор во ОН во Газа - Канал 5

Нетанјаху ѝ нареди на војската да го емитува неговиот говор во ОН во Газа

Канцеларијата на израелскиот премиер им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да го емитуваат говорот на премиерот Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на ОН во живо за жителите на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху ѝ нареди на војската да го емитува неговиот говор во ОН во Газа

По извештајот утрово во израелските медиуми дека на ИДФ им е наредено да инсталираат звучници на камиони низ Појасот Газа, Канцеларијата на премиерот потврди дека планира да го емитува говорот во живо за жителите на Газа, но нагласи дека тоа ќе се прави само од израелската страна на границата.

-Канцеларијата на премиерот им наложи на цивилните институции, во координација со ИДФ, да инсталираат звучници на камиони само на израелската страна од границата со Газа, со цел да се емитува историскиот говор на премиерот Нетанјаху на Генералното собрание на ОН во Појасот Газа денеска“.

Овој потег е дел од „дипломатски пристап кон јавноста“, соопшти канцеларијата на премиерот, истакнувајќи дека премиерот „конкретно наредил операцијата да не ги загрозува израелските војници“.

Според претходен извештај медиумите, војската изразила противење на наредбата бидејќи таа би барала од војниците да се оддалечат од своите позиции и да влезат во делови од Појасот Газа каде што се изложени на поголем ризик од напад од Хамас.

-Тоа е луда идеја, изјави висок воен функционер за израелски „Хаарец“. „Луѓето од целиот политички спектар прашуваат: „Каква заблуда е ова?“ Никој не разбира каква воена корист може да има“, рече тој.

Весникот објави дека, и покрај противењето, војската нема да го одбие барањето на кабинетот на премиерот и се подготвува да го емитува говорот на Нетанјаху низ цела Газа.

Говорот на премиерот е закажан да започне во 16 часот по израелско време и се очекува да се фокусира главно на остра критика за признавањето од Западот на независна палестинска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска

Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари.

Клековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска

Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска.

- Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жал, се евидентирани пет смртни случаи. Во моментот 21 пациент се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои шест се на интензивна нега, информираше министерот Клековски.

Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија.

- Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни - по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од Мароко

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.

Манчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од Мароко

18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор .

Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија.

Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето.

„Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади.

Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона.

На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер