СветНетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договорНетанјаху рече дека кога трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Газа, „Хамас сфати дека се соочува со уништување“ Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека палестинското милитантно движење Хамас „го почувствува мечот на вратот“ поради дејствијата на израелската армија и затоа беше принудено да прифати мировен договор за прекин на огнот во Газа и предавање на заложниците. Во обраќањето пред израелскиот парламент, Кнесетот, Нетанјаху рече дека кога трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во Газа, „Хамас сфати дека се соочува со уништување“, објавува „Тајмс оф Израел“. „Да ги послушав многумина од оние во оваа просторија и надвор, вас кои ме повикавте да ја сопрам војната, да се предадам, да кренам раце... Да попуштив на овие барања, војната ќе завршеше со убедлива победа за Хамас и целата иранска оска. Вие го знаете тоа, и сите ние го знаеме“, рече Нетанјаху, додека пратениците од опозицијата беа исфрлени од просторијата затоа што го прекинаа неговото излагање. Нетанјаху рече дека доколку запреше војната против Хамас „сите Израелци ќе исчезнеа во нуклеарен чад“, додавајќи дека немаше да прифати „војната да заврши под условите за предавање на кои инсистираше Хамас“. „Ја зајакнавме одбраната на Израел, ја коригиравме нашата позиција, ги вративме нашите заложници, сите живи, некои од убиените се уште се таму, ќе ги вратиме и нив. Го консолидиравме нашиот статус како суперсила, но кампањата не е завршена“, рече Нетанјаху. Тој рече дека Хамас вчера го прекршил примирјето со напаѓање на војниците на ИДФ во Рафа, и дека Израел одговорил на тој напад со испукување 153 тони експлозив кон десетици цели, вклучувајќи и високи команданти на Хамас. „Прекинот на огнот не е дозвола Хамас да ни се заканува. Постои и ќе има многу висока цена за агресија против нас“, рече Нетанјаху. Тој додаде дека на крајот од втората фаза од прекинот на огнот, „армијата и владата на Хамас ќе бидат елиминирани“. Нетанјаху нагласи дека Израел им подава рака на оние кои сакаат да живеат во мир. „Мирот се склучува со силните, а не со слабите. Дури и денес, секој знае дека Израел е многу силна земја. Земја која е посилна од кога било“, заклучи Нетанјаху.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter