Несторовска: Трговијата со луѓе нов вид модерено ропство, се повеќе деца сексуално се експлоатирани

 Минатата и оваа година во Република Македониа девет деца биле жртви на трговија со луѓе, односно биле сексуално експлоатирани и принудувани на бракови. 

Полицијата поднела девет кривични пријави против 23 лица, а прворијавениот добил и казна затвор од 17 години додека второ и третообвинетите по 14 години затворска казна.

Ова денеска беше истакнато на одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе и претставување на почетокот на веб Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца, во организација на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

-Трговијата со луѓе не е само кривично дело, туку е многу повеќе затоа што претставува флагрантно кршење на човековите права. Трговијата со луѓе е новиот вид модерно ропство. Сиромаштијата, невработеноста и семејното насилство се едни од главните причини кај одредена група луѓе која е осетлива и ранлива на трговијата со луѓе. Со жалење можеме да констатираме дека се поголем е бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, се поголем е бројот на деца кои се сексуално експлоатирани, нагласи државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска која е и Национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

Таа истакна дека минатата година во нашата земја од девет идентификувани жртви, шест биле деца од кои сите се наши државјани и сите биле сексуално експлоатирани и принудувани на бракови, а оваа година имало три нови случаи на деца жртви на трговија со луѓе. Полицијата поднела девет кривични пријави против 23 сторители за трговија со луѓе. Првопријавениот за трговија со дете, според Несторовска, првпат после долго време е осуден на 17 години затвор, а второ и третообвинетите на по 14 години затвор.

Несторовска информираше дека единицата која е формирана за откривање криумчерење на мигранти, разбила вкупно пет организирани криминални групи против кои поднесени се 51 кривична пријава, а за 2019 три кривични пријави против 37 лици и целосно се разбиени две организирани криминални групи.

Според државниот секретар при Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска, трговијата со луѓе најмногу ги погодува најранливите, а тоа се жените и децата.

-Во насока на подобрување на процесот на идентификација и заштита, во текот на изминатиот период со поддршка на ИОМ воспоставивме пет мобилни тима во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе, исткна Тренчевска.

Тимовите во 2019 година идентификувале три жртви на трговија со луѓе, 63 потенцијални жртви и голем број ранливи лица кои биле упатени на соодветна помош и поддрршка до други релевантни институции. Од нив најголем процент биле деца.

Соња Божиновска Петрушевска од ИОМ Скопје рече дека според нивните податоци, покрај сексуалната експлоатација, се подимнантна форма во регионот и кај нас е и трудовата експлоатација во која се повеќе мажи и момчиња стануваат жртви на трговија со луѓе. За намалување на оваа појава, Божиновска Петрушевска смета дека важна е превенцијата, односно информирање на ранливата поулација за опасностите што ги носи трговијата со луѓе.

Веб Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, според организаторите, има цел за сензибилизирање на широката јавност и медиумите, како и високо-ризичните категории, за ризиците поврзани со миграција, со фокус на трговијата со луѓе, и подобрување на свеста за опасностите кои произлегуваат од истите, како и информирање за начини на кој може да се пријави експлоатација и да се побара помош.

На УФЦ легенда му се заканува повеќегодишна робија- Хабиб Нурмагомедов должи милиони за данок

Легендарниот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал, кој според светските медиуми би можел да заврши во затвор.

Имено, Дагестанецот бил обвинет за затајување данок во Русија, поради што му биле замрзнати средствата на банкарските сметки.

Како што е наведено, можните казни се: Затвор до три години за кривични дела извршени од физичко лице; и казна затвор до шест години за вработени во правни лица; забрана за вршење одделни работи три години; парични казни во износ од 200.000 до 500.000 рубли или во износ еднаков на заработката или сличен приход на сторителот во текот на една до три години.

Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на раководни позиции во одредени случаи.

Руската Федерална даночна служба на крајот започнала истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.

Неговата компанија за промоција на мешани боречки вештини, Eagle Fighting Championship, наводно ја очекува истата судбина во блиска иднина.

Според извештајот, руските власти се сомневаат дека Нурмагомедов можеби ги користел парите што наводно не ги уплатил во руската државна каса за купување хотели и стартапи во Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад над неговата ќерка

Татко на малолетна ќерка од скопско, во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје пријавил дека преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички.

– На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инцидент во Скопје поради улична трка (видео)

Денеска на подрачјето на град Скопје се одржуваше трка и поради тоа беа затворени неколку улици.

Поради трката и затворените улици, граѓаните не можеа да си ги извршуваат дневните обврски, па поради тоа имаше и нервоза кај некои од возачите.

притисни ентер