Несреќа со мигранти во Грција: Еден загинат 18 спасени - Канал 5

Несреќа со мигранти во Грција: Еден загинат 18 спасени

Едено лице загина, а 18 се спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Фармакониси. 

Несреќа со мигранти во Грција: Еден загинат 18 спасени

Во морскиот дел кај грчкиот остров Фармакониси што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, во вечерните часови во саботата, едно лице го загуби животот откако криумчарот во обид да побегне од брод на Крајбрежната служба на Грција во морето фрлил три лица кои се пренесувале во глисерот, а останатите 16 успеале сами да стигнат на копно, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба соопштија дека лицето кое управувало со глисерот не застанало на светлосните и звучните сигнали на бродот, извршил опасни маневри за да побегне и кога се приближил до брегот на Фармакониси, намерно фрлил во морето тројца од патниците, а останатите ги заплашил и ги принудил да паднат во вода со цел криумчарот веднаш да побегне кон турскиот брег и да избегне апсење.

Од морето биле извлечени маж и две деца во бессознание, им била пружена прва помош при што двете деца биле вратени во живот и заедно со уште едно дете и мајката биле префрлени во болница.

Мажот исто така бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.

Во текот на прелиминарната истрага, како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, било констатирано дека не постојат исчезнати лица.

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск којшто  ќе се одржи на 26 април во Рим.

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск

„Во врска со Вашето прашање потврдуваме дека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск којшто ќе се одржи на 26 април во Рим.“ , одговорија од Кабинетот на прашање на Канал 5.

Цената на златото достигна историски максимум, надмина 3.500 долари за унца

Цените на златото денеска ја преминаа границата од 3.500 долари за унца и достигнаа историски максимум.

Цената на златото достигна историски максимум, надмина 3.500 долари за унца

Според Ројтерс, зголемувањето на цената се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот на Федералните резерви Џером Пауел за предизвикување „нервоза“ кај инвеститорите и зголемување на побарувачката за сигурни средства.

Унца златото поскапе за 1,5 отсто на 3.500,05 долари.

Договорите за злато во САД забележаа раст од 1,8 отсто и достигнаа 3.485,10 долари.

Честите критики на Трамп кон Пауел за ненамалувањето на каматните стапки доведе до пад на индексите на Волстрит за околу 2,4 отсто во понеделникот, додека доларот падна на најниските нивоа во последните три години.

Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац во „Само Вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во „Само вистина“ ќе дебатираат Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац.

Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац во „Само Вистина“

Таравари во власт или во опозиција, ќе се одрази ли одлуката на владејачката коалиција?

„Вреди“ ќе стане една партија, какви политички комбинаторики се возможни за повеќе челници и места во општините?

Реформската агенда, пред пратениците, како до забрзување на ЕУ-интеграции и зајакнување на клучните институции, колку време ќе ги чекаме реформите на дело?

Непристрасна истрага, или поделба на ваши и наши, како ќе кулуминира истрагата за кочанската трагедија?

Вечерва Елизабета Галевска со Љупчо Ристовски и Сафет Бишевац.

притисни ентер