Нешто страшно се случува на Арктикот- научниците се сериозно загрижени - Канал 5

Нешто страшно се случува на Арктикот- научниците се сериозно загрижени

Во зима, Арктикот треба да биде прекрасен бел пејзаж - недопрен свет од мраз и снег што се протега илјадници километри.

Нешто страшно се случува на Арктикот- научниците се сериозно загрижени

Сепак, шокантните фотографии откриваат нова реалност на Северниот Пол, благодарение на климатските промени, објавува Дејли Меил.

Арктик како Шкотска?!

Научниците од Лондон кои го посетија Свалбард во февруари и почетокот на март известуваат за „драматична и загрижувачка промена во арктичката зима“.

Норвешката територија се соочи со невообичаено високи температури, широко распространето топење на снегот и процутена вегетација. Според експертите, во следните неколку децении, огромни делови од Арктикот би можеле да личат на низините на Шкотска во текот на зимата!

Членот на експедицијата и експерт за животна средина од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, д-р Џејмс Бредли, повика на итна климатска акција за намалување на глобалното затоплување.

„Стоењето во баричките на крајот од глечерите или на голата, зелена тундра, беше шокантно и надреално искуство“, рече тој. „Климатската политика мора да се прилагоди на реалноста дека Арктикот се менува многу побрзо од очекуваното.“

Вегетацијата си го пробива патот

Д-р Бредли и неколку негови колеги отпатуваа во норвешкиот архипелаг како дел од теренска научна кампања. Во Свалбард, кој се наоѓа во Арктичкиот круг, тие доживеаа високи температури на воздухот - меѓу најтоплите досега регистрирани во регионот.

На пример, во градот Ни-Алесунд, на северозапад од Свалбард, околу 1.200 километри од Северниот Пол, просечната температура во февруари 2025 година беше -3,3°C. Ова е значително повисоко од просечната температура за истиот период од 1961 до 2001 година, која беше -15°C.

Тимот набљудуваше како водата од топењето на мразот се собира во „привремени езера“, низ кои можеа да одат како џиновски езерца.

Во меѓувреме, вегетацијата се пробиваше низ снегот и мразот, покажувајќи „зелени нијанси“ што обично се поврзуваат со пролетта и летото.

Зголемен ризик од лавини

„Оваа биолошка активност беше широко распространета низ одмрзнатата тундра“, напишаа истражувачите во својот труд, објавен во списанието Nature Communications. „Површинскиот слој на почвата, кој обично е замрзнат во ова време од годината, омекна толку многу што можевме да земеме примероци со лажица.“

Снегот беше исто така „различен“ - често паѓаше како дожд, што укажува на невообичаено топли услови. Тимот научници беше навикнат да носи термички слоеви и дебели ракавици, но честопати работеа со голи раце - на дожд.

„Опремата што ја донесов се чувствуваше како реликт од друга клима“, рече д-р Бредли.

Човечките заедници и инфраструктурата на Свалбард се изложени на ризик од ова затоплување, делумно поради зголемениот ризик од лавини. Тимот предупредува на „нестабилен снежен слој“ - слој снег што се акумулира на земјата и се збива под сопствената тежина, што дополнително го зголемува ризикот.

Тие дури и ја доведоа во прашање сопствената безбедност, сугерирајќи дека таквото теренско истражување можеби нема да биде изводливо во иднина.

Не е „изолиран случај“?

Свалбард, најсеверното населено место во светот, е на „првата линија“ на климатската криза, бидејќи се затоплува шест до седум пати побрзо од глобалниот просек.

Најновото откритие ја оспорува долгогодишната претпоставка дека Арктикот е „сигурно замрзнат“ во текот на зимата, а научниците не веруваат дека она што го пронашле е „изолиран случај“.

Се тврди дека зимските топлотни бранови во Свалбард станаа честа појава во последните децении како директен резултат на климатските промени предизвикани од човековата активност.

„Зимското затоплување на Арктикот одамна ја достигна точката на топење и ги преобликува арктичките предели. Иако затоплувањето во февруари 2025 година не беше изолиран настан, неговото гледање во реално време беше потсетник за забрзувањето на климатските промени - и нè натера да се запрашаме: дали бевме премногу претпазливи во нашите климатски предупредувања“, рекоа научниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

„Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

„Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар.

Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.

Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер