Нереална сцена во НБА: Славен судија сака да го тепа тренерот на Минесота (ВИДЕО) - Канал 5

Нереална сцена во НБА: Славен судија сака да го тепа тренерот на Минесота (ВИДЕО)

Третиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција помеѓу Минесота Тимбервулвс и Сан Антонио Спарс донесе невидена драма, но не само поради она што се случи на теренот.

Нереална сцена во НБА: Славен судија сака да го тепа тренерот на Минесота (ВИДЕО)

Иако Спарс славеа со резултат од 115:108, главна тема на светските медиуми е жестокиот конфликт помеѓу главниот судија Тони Брадерс и тренерот на Минесота, Крис Финч.

Сцена што ретко се гледа во најсилната лига во светот се случи во четвртата четвртина, кога искусниот судија Брадерс влезе во директна конфронтација со Финч. Ситуацијата беше толку напната што другите судии и членовите на тренерскиот штаб мораа да ги совладаат Брадерс за да спречат физички контакт.

По натпреварот, видливо огорчениот Крис Финч ја објасни својата страна од приказната, обвинувајќи еден од најпознатите НБА судии за целосен недостаток на професионализам.

- Побарав тајм-аут и реков дека сакам да ги вратам моите три секунди. Ме слушна јасно. Погледна во мој правец и ме игнорираше, продолжи да игра и тоа речиси нè чинеше пресврт. Потоа „пукна“. Подоцна, кога го прашав од каде доаѓа топката, почна да ми вика. Тоа е сосема непрофесионално однесување - рече Финч.

Од друга страна, првата ѕвезда на Тимбервулвс, Ентони Едвардс, се обиде да ги смири страстите во својот препознатлив стил, не сакајќи да го обвини судијата за поразот.

- Ова е натпреварување на највисоко ниво. Сакаме да победиме, Финч сака да победи. Тони Брадерс е Тони Брадерс. Сите го сакаме, па затоа сè е во ред тука - рече популарниот „Ant-Man“.

Тони Брадерс е еден од судиите со најдолг стаж во НБА, каде што дели правда од сезоната 1994/95. Во својата богата кариера, тој судел дури 19 натпревари од финалето на НБА. Интересно е што ова беше неговиот прв натпревар во оваа серија, а само втор пат судеше против Минесота во овогодинешниот плејоф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер