Забава„Спијам со нив за најдобрите билети“- старлета откри како ги уценува НБА ѕвездите (ВИДЕО)НБА често се соочува со скандали надвор од теренот, но најновото признание од Селина Пауел (30), најконтроверзната „женско групи“ во светот на спортот и забавата, ја остави јавноста во шок.Со години, Селина градеше кариера врз врски со познати спортисти и рапери, а повторно се најде во центарот на вниманието откако јавно ги откри методите што ги користи за уценување и компромитирање на богати и познати мажи. Сè започна кога обожавателите ја прашаа за време на пренос во живо како секогаш успева да ги добие најскапите места покрај теренот на натпреварите во НБА. Одговорот беше брутален: - Па, спиев со многу играчи, па не е изненадување - избувна Пауел, потврдувајќи дека кошаркарите се нејзиниот редовен „влез“ во светот на луксузот. Гостувајќи се во подкастот „Една ноќ со Стејни“, Селина отиде чекор понатаму и детално опиша како ги манипулира спортистите откако ги носи во кревет. - Кога ќе ги слушнам како 'рчат... тоа е моето време да блеснам - рече таа. Таа објасни дека секогаш носи два телефона, од кои едниот го крие во чизмата за мажите да не го забележат. - Ги опивав, чекав да заспијат, а потоа им ги земав телефоните. Ги преземав сите нивни контакти, си ги праќав нивните приватни слики и видеа. Бев гениј во тоа - призна старлетата без трошка каење. Celina Powell revealed how she EXTORTS rappers and athletes after sleeping with them during a podcast with Steiny & MPJ 😳 “When I hear that snoring, that’s my time to shine.. I would have two phones, one in my boot” pic.twitter.com/JQg3AdxHwz — clip 🛸 (@clippedszn) May 5, 2026 Пауел е поврзана со бројни ѕвезди низ годините. На нејзиниот список се наоѓаат поранешниот центар на НБА, Двајт Хауард, како и раперите Снуп Дог, Офсет, Виз Калифа и Фети Вап.Тагови: НБА СТАРЛЕТА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter