2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотНепроценливото црковно богатство во Прилепско треба да се заштитуваНеминовна е поголема грижа за црковното и културното богатство, е заклучокот по повеќегодишната реевиденција на црквите, фрескоживописите и иконите во Прилепско.Прилепскиот, Крушевскиот и Мариовскиот Регион располагаат со огромно црковно и иконографско богатство кое треба перманентно да се заштитува, констатираат од прилепскиот Завод и музеј каде е завршена повеќегодишната реевиденција на црквите, иконите и фрескоживописот во регионот. Со реевиденцијата се опфатени 154 цркви во 134 населени места, и во градските делови, и околу 5 000 икони и бројни фрескоживописи. Културното богатство е огромно, вели Мимоза Христоска, виш кустос, историчар на уметност во Заводот и музеј која го водеше процесот. Црквите се од 12 па до 19 век. Преовладуваат од 19 век. -Самиот проект ги опфаќаше црквите и манастирите, не само на територијата на Прилеп, туку и во општините Крушево, Долнени, Кривогаштани и Мариово. Црквите во кои е направена реевиденцијата потекнуваат од 12 па сѐ до 19 век. Во овој Регион најмногу преовладуваат црквите од 19 век. Мора да посочам дека 19 век беше во некој вид „заборав", но сега научната јавност посветува поголемо внимание на фрескоживописот, на иконите и на црквите од 19 век. Овој период е многу значаен за иконопиството, не само во земјава, туку и пошироко на Балканот, зашто ги носи поствизантиските корени од 18 век. Главното влијание, посебно на оваа територија, е од Атос. Значи, големите пишани книги, графиките кои се носат, се атоски. На оваа територија, многу често се споменуваат имињата на Гари, Јован Атанасов-прилепчанец, работат Мијаците, потоа Адамче Најдов, Петар Дебарчанец, Мирче Дамјанов, работат многу од Крушевската зографска школа. Тие се битни, клучни зографи кои, не само што работат на архитектурата на Прилеп, туку работат и пошироко, на територијата на Северна Македонија, вели Христоска. Со најголемо црковно богатство се варошките цркви. Градени се во повеќе наврати, во 12, 14 и во 16 век, додека пак, поствизантиските цркви кои се заштитени се наоѓаат во Костинци, Рилево, Долгаец, Зрзе, Галичани и во Слепче. -Сликарството е доста специфично со начинот на кој се сликани фрескоживописите и иконите, го следат поствизантиското, но секогаш самоукиот зограф има начин да го прикаже посебното на фреската или на иконата што е карактеристично за 19 век. Не ги следи канонските одредби што се практикувале во 18 век. Се внесуваат некои сопствени елементи и измени во сликањето – и според колоритот и по начинот на претставувањето на ликовите и на сцените на фреските. Интересно е дека има светци поставени и насликани во цела фигура, што претходно не биле, објаснува Христоска. Фреските и иконите од 19 се во катастрофална состојба и потребно е да се забрзаа нивната заштита. -Фрескоживописот, посебно од 19 век, е во катастрофална ситуација, тоа важи и за иконите. Повеќе се заштитуваат иконите кои се постари, до 17, 18 век, а 19 век беше оставен како период со таканаречени помлади икони. Затоа, сега треба да се обрати поголемо внимание на 19 век, зашто е богатство кое треба да се заштити. Работат доста добри зографи, мајстори кои ги работат и фрескоживописот и иконите, смета Христоска. Овој регион се вбројува високо во земјава по своето културно богатство и црковната архитектура. По селата црквите се одржуваат, зашто Црковните одбори се грижат за тоа. Последниве години речиси нема кражби на црквите. Посебно во Долненската општина има поставено алармни системи. Се крадат пари, ама не и икони. -Има села каде воопшто не се обрнува внимание и состојбата е страшна. Главно се однесува на Мариовскиот реон кој е многу раселен и во Плетварскиоот реон кај Прилеп, вели Христоска. Неминовна е поголема грижа за црковното и културното богатство, е заклучокот по повеќегодишната реевиденција на црквите, фрескоживописите и иконите во Прилепско. И доколку населението забележи нешто за што им треба помош, од Музејот стојат на располагање. – Тоа е културно, духовно богатство со кое македонскиот народ навистина треба да се гордее. Не само Министерството за култура, не само Музејот, туку и населението може да помогне во заштитата. Кога излегуваме на терен често им одржуваме обуки на Црковните одбори како треба да се води грижа за црквата. Ние секогаш стоиме на располагање и да контактираат со нас. Општо, свеста на луѓето треба да се крене на повисоко ниво, вели вишиот кустос во прилепскиот музеј Мимоза Христоска кој ја раководеше реевиденцијата на црковнбото богатство во Регионот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играчРеал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа пред вечервашното Ел Класико против Барселона. Мадридскиот клуб официјално објави дека Тибо Куртоа (34), нивниот прв голман и еден од најважните играчи, нема да игра во најголемото шпанско дерби. Причината е грипот, поради кој белгискиот репрезентативец се откажа од тимот во последен момент. „Куртоа ќе го пропушти вечервашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 10-то коло од првенството поради грип. Илиа Волошин ќе го замени во тимот“, објави Реал Мадрид на својата официјална веб-страница. Тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој е без еден од своите најсигурни играчи пред еден од најважните натпревари во сезоната. Куртоа е стандарден прв голман за Реал, а неговиот квалитет и искуство доаѓаат до израз особено во најголемите натпревари. Мурињо мора да ги промени плановите во последен момент Се очекува Куртоа да биде заменет од украинскиот репрезентативец Андриј Лунин (27). Тој веќе покажа дека може успешно да го замени Белгиецот, особено во сезоната 2023/24, кога одигра важна улога во освојувањето на шпанското првенство и Лигата на шампионите од страна на Реал. Сепак, отсуството на Куртоа е сериозен хендикеп за Мадрид. Белгиецот е еден од најдобрите голмани во светот со години, а пред натпреварот против Барселона, неговата способност да се брани и да го држи тимот во игра е особено важна. Реал влегува во дербито шест бода зад лидерот Барселона, кој досега ги доби сите девет лигашки натпревари. Тимот на Ханси Флик би ја зголемил предноста на девет бода со победа, додека Реал би ја намалил разликата на само три бода со евентуална прослава. Ел Класико ќе се игра вечерва од 21:00 часот на Камп Ноу.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Шоу бизРаде Шербеџија се јави од Бродвеј со порака до гласачите во Србија (ВИДЕО)Актерот Раде Шербеџија ги поддржа студентите во Србија и ги повика граѓаните да гласаат. Тој го објави ова со видео од Њујорк што го објави на Фејсбук, придружувајќи им се на бројни познати личности кои јавно го поддржаа студентското движење. Шербеџија се јави од Бродвеј во раните утрински часови и коментираше за големиот интерес за изборите кај луѓето од овие области кои живеат во САД. „Млади, стари, со насмевка на лицето“ „Рано е утро во Њујорк, јас сум на Бродвеј. Сонцето изгрева. Синоќа имаше многу од нашиот свет тука, низ цела Америка - Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк. Млади, стари, со насмевка на лицето, самоуверени и одлучни, и токму така“, рече Шербеџија. На крајот од видеото, тој ги повика граѓаните да излезат на гласачките места. „Ако сè уште не сте, излезете и гласајте. Студентите победуваат!“, рече тој. Висока излезност на изборите во Србија Да ве потсетиме дека денес во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои претставуваат важен политички тест за владата на Александар Вучиќ. Политичката опција што произлезе од студентските протести што започнаа по падот на балдахинот на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица, учествува на изборите. Според податоците за излезноста до 16 часот, 56,6 процент од гласачите излегле на гласање, значително повеќе отколку во исто време на неколку претходни избори. Голем интерес за гласање е забележан и кај српските граѓани во странство. Стотици луѓе се собраа преку ноќ во Њујорк, долги редици се формираа во Лос Анџелес, а некои гласачи во Азија и Австралија патуваа илјадници километри за да го дадат својот глас.Тагови: Раде Шербеџија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветИзбори во Бразил: Болсонаро испрати остра порака од гласачкото место Бразилскиот претседателски кандидат Флавио Болсонаро, откако гласаше во вториот круг од претседателските избори на гласачко место во Рио де Жанеиро, изјави дека „дојде време за промени“.„Дојде време за вистински промени. Бразил не може да издржи уште четири години на својот сегашен пат“, рече Болсонаро, објави „Глобо“. Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше придружуван од неговата сопруга Фернанда Антунес Болсонаро. Болсонаро и сегашниот бразилски претседател Луиз Инасио Лула да Силва, левичар, се натпреваруваат во вториот круг. Тие имаат спротивставени идеолошки ставови за односите меѓу САД и Бразил, климатските промени, социјалната заштита и други прашања. Победата на Болсонаро би означила поместување кон десно за најнаселената земја во Латинска Америка и нејзината најголема економија. Избирачките места се отворија во 8 часот наутро и ќе се затворат во 17 часот по бразилско време. Во првиот круг, Болсонаро освои 2,2 милиони гласови повеќе од Лула. Во Бразил, гласањето е целосно електронско, што значи дека гласовите се бројат побрзо отколку во другите земји.Тагови: Болсонаро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook