Судијата Огнен Ставрев на почетокот на деешното рочиште, информираше дека Судот добил писмено барање од судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочковска, со кое таа дава неотповиклива отставка.
Во писмото од Ивановска Кочковска, посочи судијата Ставрев, таа наведува кога дала заклетва и кога и прекинала функцијата, како и дека има здравствени проблеми.
– До одбраната. Ако е како што тврдевте, дека вашите барања изминатите два месеци биле за целисходноста на постапката имате шанса да ја потврдите намерата. Ако е интерес на правдата можете до утре на рочиште да ја потврдите намерата и да ја почнеме постапката одново но, да го поминеме само со читање на досегашните материјали без повторно сослушување сведоци, рече судијата Ставрев.
Во судница денеска не беа присутни обвинетите Тони Трајковски и Елизабета Најдовска.
На прашање од судијата Огнен Ставрев до адвокатите Јовица Страшевски и Мерџан Даути каде се нивните клиенти, тие рекоа дека немале уредна покана за денешното рочиште.
Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.
За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски./МИА