ЖивотНеодолив за жените - Британец се жени по деветти пат со 42 години помлада девојкаРон Шепард има 68 години, деца, внуци и правнуци и ќе се жени по деветти пат со 26 годишната Филипинка Кристел Маркес Лалек. Осум бракови се зад него, а најновата свршеница, вели Рон, го направила најсреќниот човек на светот. Годините се само бројка - вели Рон кого британските медиуми го нарекоа најромантичниот човек на светот.- Луѓето велат дека сум храбар што се женам по деветти пат. Но, бракот со девојка помлада од мене повеќе од 4 децении не е храброст. Да се имаат 8 баби, мајки на поранешните сопруги, тоа е храброст - се шегува Рон. Тој пред 11 месеци ја запросил Кристел на Филипините, а таа сега допатува во Британија. На аеродромот Рон ја пречекал со цвеќе и чоколадни бонбони. Ќе живеат заедно во неговиот мал стан во Сомерсет и ќе почекаат и официјално да се заврши неговиот осми брак со 36 годишната медицинска сестра Венг Платино, со која е во постапка на развод. - Немојте да погрешите, Кристел ќе биде мојата последна сопруга. Таа е љубовта на мојот живот - вели овој многу пати женет Британец. Рон инаку боледува од Паркинсонова болест. Што гледа во него младата Филипинка? - Знам како изгледа, но јас не сум тука за пасош. Не дојдов за да извадам корист од Рон - вели Кристел, пренесува Мирор. Рон ја запознал Кристел кога бил на Тајланд со својата сопруга бр.7, Ван. Кристел и била пријателка на Ван и сите заедно често се дружеле. Рон и Кристел го загубиле контактот кога тој с еразвел од Ван, а кога и неговиот следен брак бил пред распад, повторно се нашле на Фејсбук. Тој веднаш заминал во селото на Кристел кое се наоѓа на два часа од Манила, и престојувал со нејзиното семејство - ја запросил на Нова Година. - Прво се чудев што ми стана што ја просам оваа девојка, мислев дека за тоа се виновни лековите што ги пијам.Но потоа сфатив дека сум длабоко вљубен во оваа девојка која ми покажа човечност и разбирање во моментите кога ми беше најтешко. Ми стана јасно дека таа е жената што ја барам, ибез оглед на тоа што сум уште женет, мора да ја запросам - вели Рон. Рон Шепард боледува од деменција а лекарите му предвидуваат уште 3 години живот. Минатите месеци не му биле лесни - добил забрана за доближување до последната сопруга Венг со која настојувал да се смири, бил избркан од локалната црква поради начинот на живот. Се надева дека Кристел ќе му помогне полесно да го помине периодот што следува, со тешките болести кои бргу напредуваат. Во минатите 47 години тој бил во брак 44 години со 8 жени, најдолгиот брак му траел 13 години а најкусиот само 10 месеци. - Какви грешки и да правел тој е добар, духовит, драг човек кого јас многу го сакам. Знам дека луѓето мислат лошо з анего зашто имал 8 сопруги но јас не мислам така бидејќи го познавам најдобро од сите.Не ми пречи разликата во годините - јас сакам да се грижам за него - вели Кристел. Таа има 7 годишен син од претходниот брак. Во јануари заминува дома, а во Британија ќе се врати за свадбата, кога Рон ќе се разведе од осмата сопруга. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаРешена е мистеријата на радио сигналите од вселената, кои се емитуваат на секои 8 минутиНаучниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди .Научниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди - мртва ѕвезда што ротира околу својата оска на секои осум минути и ѕвезда слична на нашето Сонце, соопшти Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR), објави списанието Nature. Новооткриениот систем, познат како GPM J071507−114153, се состои од две ѕвезди што орбитираат една околу друга: бело џуџе - густото јадро што останува по смртта на ѕвездата - и ѕвезда од типот G, слична на нашето Сонце. Ова е прв пат радио-сигнали да бидат откриени од бело џуџе што орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето. Ваквите сигнали обично се гледаат во системи со помали, постудени ѕвезди - црвени џуџиња, што значи дека откритието отвора сосема ново поглавје во истражувањето на вселената. Овие ѕвездени парови припаѓаат на поширока класа на објекти познати како долгопериодични транзиенти (LPT), кои произведуваат радио-сигнали што се вклучуваат и исклучуваат во интервали од минути до часови. Откако истиот тим на ICRAR го откри првиот таков објект во 2021 година, откриени се уште десетици, а астрономите сè уште работат на нивно разбирање. Иако неколку претходно откриени LPT системи содржат бело џуџе и друга ѕвезда, не е јасно која од двете ѕвезди ги произведува радио импулсите. „Ова е прв пат импулсите да се доволно јасни за да се види како белото џуџе се движи во својата орбита околу својот придружник, па затоа знаеме дека пулсациите доаѓаат од регион близу до белото џуџе, или можеби дури и од самото бело џуџе“, рече д-р Сем МекСвини, главен автор на студијата и научник задолжен за Опсерваторијата Square Kilometre Array (SKAO), кој го направи откритието додека работеше како истражувач во филијалата на ICRAR на Универзитетот Куртин, од каде објавија ВИДЕО од феноменот. Тимот обработи повеќе од 100 часа радио податоци во Истражувачкиот центар за суперкомпјутери „Пози“ за да го потврди и разбере движењето на белото џуџе. Професорката Наташа Харли-Вокер, коавторка на трудот, изјави дека пулсирањата емитирани од белото џуџе му овозможиле на тимот да детектира ѕвездени пламени на ѕвездата слична на Сонцето, слични на оние што создаваат аурори овде на Земјата. „Како бонус, го видовме и белото џуџе како се движи зад област со силно магнетно поле, најверојатно „ѕвездена истакнатост“, што е голема јамка на плазма што излегува од површината на ѕвездата. Неверојатно е што можеме да детектираме бури на ѕвезда оддалечена повеќе од 5.000 светлосни години користејќи радио бранови“, рече таа. Истражувачите на ICRAR се во првите редови во откривањето на овие ретки системи. „Го откривме овој систем во големо истражување на небото користејќи го Murchison Widefield Array (MWA), скенирајќи го целиот Млечен Пат видлив од Австралија. Потоа го користевме радиотелескопот MeerKAT во Јужна Африка за да ја одредиме неговата прецизна позиција“, рече Харли-Вокер. Откако LPT беше лоциран со радиотелескоп, опсерваторијата W. M. Keck на Мауна Кеа, Хаваи, ја потврди нејзината поврзаност со ѕвезда од тип G со оптички набљудувања. И MWA – управувана од Универзитетот Curtin во објектот Inyarrimanha Ilgari Bundara, опсерваторијата за радио астрономија Murchison на CSIRO на земјиштето Wajarri Yamaji во Западна Австралија – и MeerKAT, изградена и управувана од Јужноафриканската радио астрономска опсерваторија во покраината Северен Кејп во таа земја, служат како претходници на телескопите SKA: системот SKA-Low во Австралија и системот SKA-Mid во Јужна Африка, соодветно. „Ако веќе правиме вакви откритија со телескопите-претходници, само замислете колку уште ѕвездени системи ќе можеме да најдеме и каков прекрасен детален поглед на нивните сигнали ќе имаме кога телескопите SKAO ќе бидат целосно изградени“, рече д-р МекСвини.Тагови: вселената радио сигнали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветДрама во САД: Танкер удри во туристички брод, патниците скокнаа во реката Мисисипи (ВИДЕО)Голем танкер денеска се судри со туристички брод на реката Мисисипи во Њу Орлеанс, САД.На бродот имало околу 129 патници и членови на екипажот, а по судирот почнал да тоне. Започната е голема спасувачка операција, а снимките од местото на несреќата покажуваат луѓе во вода. Несреќата се случила околу 12:30 часот по локално време, недалеку од мостот Кресент Сити Конекшн. Танкерот „Атлантик Асфалт“ удрил во туристичкиот брод „Американ Херитиџ“, кој во тој момент бил закотвен на брегот. Watch the moment a tanker struck a cruise ship in New Orleans. Rescues are underway. 📷: Kern Studios https://t.co/ZPspGtM0Yr https://t.co/O1qGr8kImf — wdsu (@wdsu) November 13, 2026 Бродот се навалил по ударот и почнал да тоне Снимките што се појавија на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога многу поголем танкер се судри со туристички брод со препознатливо големо тркало на крмата. По судирот, бродот се навалил силно на страна, а дел од трупот завршил под вода. Снимките покажуваат луѓе кои носат елеци за спасување во реката, додека други се држат за оградата на бродот. Според првичните информации, „Американ Херитиџ“ се закотвил во пристаништето приближно два часа пред несреќата, а патниците се подготвувале да се симнат од него. Rescues are underway in New Orleans after a tanker struck a cruise ship on the Mississippi River Friday evening. 📷: Kern Studios https://t.co/ZPspGtM0Yr https://t.co/30fn83oHVS — wdsu (@wdsu) November 13, 2026 Голема спасувачка операција На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, полиција, брза помош, пристанишна полиција и крајбрежна стража на САД. Поручникот Стефани Ц. Норвуд од Службата за итна медицинска помош на Њу Орлеанс потврди дека сите релевантни служби се вклучени во спасувачката операција. Пристанишните власти објавија дека нивниот моментален приоритет е безбедноста на патниците, членовите на екипажот и спасувачките екипи. Според првичните извештаи, спасените патници се транспортираат до зградата на пристанишната администрација, каде што добиваат медицинска помош. View this post on Instagram A post shared by WDSU (@wdsu6) Причината за судирот сè уште не е позната Сè уште нема официјално потврдени информации за бројот на повредени или евентуално исчезнати лица. Според неофицијалните информации што ги објавија американските медиуми, танкерот можеби останал без струја пред судирот. Надлежните служби сè уште не ги потврдиле овие информации. Американските власти ја продолжуваат спасувачката операција и ги утврдуваат околностите на судирот.Тагови: брод Мисисипи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОд детска кавга до вооружена престрелка- тројца загинати, меѓу кои двајца браќа (ВИДЕО)Три лица загинаа денеска кога тепачка меѓу деца стана смртоносна во пакистанскиот град Фатех Џанг, во близина на Аток.Престрелката се случила во населбата Наи Абади, каде што расправија меѓу децата довела до тепачка меѓу возрасни членови на семејството, објави 24NewsHD. За време на тепачката, еден од мажите извадил пиштол и отворил оган. Тројцата лица починале на самото место. Жртвите се идентификувани како Самад (28), Саџид (35) и Амир Азиз (55). Самад и Саџид биле браќа. Телата на жртвите биле однесени во болницата Техсил во Фатех Џанг, а полицијата веднаш се упатила на местото на настанот по добивањето на пријавата. Според полицијата, осомничениот избегал и се водат рации на различни локации за да се уапси. Children’s Fight Turns Deadly as Three People Are Shot Dead in Fateh Jang CLICK HERE: https://t.co/3ZeI0d8y3w #ChildrenFight #Deadly #ThreePeople #ShotDead #FatehJang #TTI https://t.co/38ntrVIVRx — The Truth International (@ttimagazine) November 13, 2026 Главниот министер на Пенџаб, покраинскиот генерален инспектор на полицијата и регионалниот командант на полицијата во Равалпинди се информирани за инцидентот и презеле мерки. Командантот на регионалната полиција им наредил на високите полициски службеници веднаш да излезат на местото на настанот и да започнат сеопфатна и транспарентна истрага за да го изведат сторителот пред лицето на правдата. Тагови: браќата престрелка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook