Необична структура е снимена на Марс, многумина тврдат дека изгледа како пирамида (ВИДЕО) - Канал 5

Необична структура е снимена на Марс, многумина тврдат дека изгледа како пирамида (ВИДЕО)

Невообичаена структура на Марс, слична на „пирамида“, предизвика низа теории за можноста дека на оваа планета некогаш постоела „древна цивилизација“ слична на нашата.

Необична структура е снимена на Марс, многумина тврдат дека изгледа како пирамида (ВИДЕО)

Научната заедница нема докази дека станува збор за вештачка структура, па затоа е важно да се остане претпазлив и што е можно пообјективен во целата приказна.

„Досега сигурно би копале...“

Вирална објава, која се прошири низ интернет оваа недела, го привлекува вниманието кон видео од површината на Марс снимено од американската агенција НАСА.

Во видеото, некои тврдат дека може да се види „тристрана пирамида“, додека експертите нè потсетуваат дека ваквите форми често можат да бидат резултат на природни геолошки процеси.

Необичната формација ја забележал истражувачот Кит Лејни во 2001 година, додека анализирал фотографии направени од сондата Mars Global Surveyor.

Додека ги прегледувал видеата, во потрага по необични структури, наишол на она што го опишал како „можна вештачка формација“.

„Доколку ова беше пронајдено некаде на Земјата, ние би копале“, рече тој во тоа време.

Видливо на пет слики

Сликата неодамна ја сподели документарецот Брајан Добс, кој тврди дека на Марс можеби постои „пирамида“, со големина на Големата пирамида во Гиза.

Тој признава дека мистериозната структура не е доказ за „антички живот“, туку покренува прашања за историјата на Црвената планета.

Сликата е направена во западниот дел од кањонот Кандор Часм, во рамките на Долината Маринер, област позната по своите стрмни карпи, лизгање на земјиштето и слоевити карпи, за кои научниците веруваат дека „природно можат да формираат необични и јасно геометриски форми“.

YouTube video

Структурата е видлива на пет различни слики, направени помеѓу 2001 и 2016 година, од мисиите „Марс Глобал Сурвејор“ и „Марс Реконејнс Орбитер“.

Најраната, направена на 4 јули 2001 година, ја покажува структурата осветлена од запад, со другите страни во сенка, дополнително зајакнувајќи го впечатокот за правилна форма.

Уште во април 2002 година, нова слика, направена под различен агол на светлина, повторно покажа слична тространа форма. Подоцнежните слики со висока резолуција, особено оние од 2007 година, откриваат поостри рабови и поизразена симетрија - но сепак без дефинитивен доказ дека станува збор за вештачка структура.

Дополнителни слики од 2014 и 2016 година продолжија да ја покажуваат истата триаголна формација, при што променливата сончева светлина создава различни сенки - дополнително нагласувајќи го нејзиниот геометриски изглед. Во некои случаи, едната страна би била речиси целосно темна, додека другата би била делумно осветлена.

Нема конкретни докази

Истражувачите забележаа дека, и покрај разликите во квалитетот на сликата, аголот на сончевата светлина и сезонските услови, формацијата постојано покажува тространа симетрија. Сепак, сите се дистанцираат од заклучокот дека станува збор за „пирамида“.

Добс не е единствениот што ја остава отворена можноста за постоење на вештачки структури на Марс. Истражувачот Џорџ Хас претходно поддржуваше слични толкувања, зборувајќи за медиумите, објавува Дејли Меил.

„Не мора да бидете геолог за да разликувате карпа од скулптура - нешто што има јасна геометрија“, рече тој.

Сепак, без конкретни докази, научната заедница останува на мислењето дека најверојатно станува збор за необична, но природно настаната геолошка формација, која, поради светлината и аголот на набљудување, наликува на „пирамида“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер