Необичен чај кој би можел да го намали ризикот од дијабетес, висок притисок и дебелина - Канал 5

Необичен чај кој би можел да го намали ризикот од дијабетес, висок притисок и дебелина

Mалку е познато дека листовите од маслинката, кои традиционално во медитеранските региони се користат за лекување на треска и за одбивање на комарци, исто така може да имаат значителни здравствени придобивки. 

Необичен чај кој би можел да го намали ризикот од дијабетес, висок притисок и дебелина

Според Евангелин Манциорис, директор на Одделот за храна и проучување на храната на Универзитетот во Јужна Австралија, листовите од маслинката содржат високо ниво на антиоксиданс олеуропеин. Иако олеуропеинот и другите антиоксиданси, како што се хидрокситирозолот, лутеолинот и апигенинот, се исто така присутни во маслинките и маслиновото масло, листовите овие антиоксиданси ги содржат во значително повисоки концентрации.

Антиоксидансите помагаат во намалувањето на оксидативниот стрес во телото, кој може да ја оштети вашата ДНК, клеточните мембрани и ткивата, зголемувајќи го ризикот од хронични болести како рак и срцеви заболувања.

Една анализа од 12 студии со 819 учесници покажа дека екстрактот од маслиновиот лист ги подобрува факторите кои се клучни за спречување на ризик од срцеви заболувања, вклучувајќи поздрави нивоа на липиди во крвта и понизок крвен притисок. Ефектот бил најзабележлив кај луѓето со веќе висок крвен притисок.

Други студии покажале дека екстрактот од листот од маслината ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта, помага во губењето на тежината и ја подобрува когнитивната функција. Студиите користеле екстракт од маслиново лист во форма на капсули (дози од 500 mg до 5 g дневно) во период од шест до 48 недели, додека други студии го вклучувале листот од маслинка во храната, како што е лебот.

Манциорис нагласува: „Доколку имате висок крвен притисок, дијабетес или покачени липиди во крвта, листот од маслинка може да ви користи. Сепак, пред да започнете да го користите, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Не прекинувајте ги постоечките терапии без стручен совет".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Народната банка со нови детали околу актуелните случувања во банкарскиот сектор и суперревизорските активности.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Утре се очекува да биде покренат стечај за Алта банка во Србија

Деталите од Андријана Лазова Божиновска.

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер