Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски - Канал 5

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Хартиените потврди за царински долг (платени царински давачки) кои се потребни за упис и промени на правниот субјект стануваат минато. 

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Централниот регистар со само еден клик, елетронски, ги добива овие податоци од Царинската управа, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено, се овозможува безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што се делува и во насока на сузбивање можни измами.

Ова го соопштија денеска директорите на Царинската управа и Централниот регистар, Бобан Николовски и Анита Стамнова кои на прес-конференција информираа за електронското поврзување на двете институции.

Како што напомена Николовски, досега годишно се издаваа по 7 000 до 9 000 хартиени потврди за царински долг што значеше пет до десет дена обработка на секое барање и административен товар за фирмите и граѓаните низ целата држава.

-Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски. Сега граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка. Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот, потенцира директорот.

Според Стамнова, ако порано беа потребни неколку дена за добивање на потребните потврди од Царината, како и да се патува од другите градови во Скопје, сега, преку електронско поврзување, потврдите ќе се добиваат за неколку минути.

[– Rreth 80.000 kompani janë aktive në vend, ndërsa për 40 për qind është rritur numri i atyre që në mënyrë elektronike parashtrojnë fatura, informon sot drejtoresha e Regjistrit Qendror, Anit]

-Ова е првата фаза од надградбата на едношалтерскиот систем. Втората фаза е надградбата во однос на документите кои се добиваат од УЈП - потврдата за платени даноци и придонеси. Потоа ќе следи поврзувањето со Централниот регистар на население за автоматско преземање на податоците на граѓаните и на деловните субјекти за платените царински давачки. Ова значи заштеда на време за граѓаните, заштеда на финансиски средства, пред се на патните трошоци, но и намалување на административната работа, подвлече Стамнова.

Централниот регистар и Царинската управа, додаде, остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии за овозможување поедноставни и поефикасни услуги.

-Продолжуваме да ги развиваме нашите услуги и ги охрабруваме сите чинители во давањето јавни услуги за бизнисите и граѓаните на меѓусебна соработка со цел имплементација на поефикасни електронски услуги, односно градење функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на државата, рече директорката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во преносот во живо – коментаторот ја навреди Сабаленка!

Голем скандал изби за време на телевизискиот пренос на тенискиот турнир, откако коментаторот на телевизијата „beIN Sports“, Метју Солие, упати навредлив коментар за Арина Сабаленка.

Скандал во преносот во живо – коментаторот ја навреди Сабаленка!

Не сфаќајќи дека микрофонот му е вклучен и дека публиката може да го слушне, коментаторот предизвика скандал што би можел да има повеќекратни последици.

Втората најдобра тенисерка во светот се наоѓаше пред камерите за време на едно промотивно снимање, при што позираше и испраќаше бакнежи кон публиката.

Сепак, во позадина се слушна гласот на коментаторот, кој – не знаејќи дека е во програма – рече:

„Гледај, гледај, гледај, ужасна е“.

Видеото од овој непријатен момент набрзо почна да кружи на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Случајот го привлече и вниманието на раководството на телевизијата „beIN Sports“, при што еден од нејзините челници, Флоран Узо, јавно ги осуди коментарите.

„Жалам за изјавите дадени вечерва за време на преносот во живо од завршниот турнир на ВТА (WTA Finals) и остро ги осудувам. Тие коментари не ги одразуваат вредностите на ’beIN Sports‘. Ја потврдувам нашата заложба сите спортисти и учесници во нашите преноси да ги третираме со почит“, изјави Узо.

Засега, Солие нема дадено коментар за инцидентот, додека Сабаленка јавно не се огласи по повод оваа непријатна ситуација.

Белоруската тенисерка моментално е втора на ВТА-листата, а во текот на својата кариера има освоено четири гренд слем титули. Таа, исто така, ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што на Инстаграм ја следат околу 5,7 милиони луѓе.

Овој инцидент претставува дополнителна непријатна ситуација за „beIN Sports“, особено со оглед на тоа што оваа телевизија обезбеди повеќегодишни права за пренос на АТП-турнејата во Франција, кои ќе стапат на сила од 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Според англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?

Трофејниот Манчестер Јунајтед ги финализира преговорите со Маурисио Покетино (54), кој треба да стане новиот менаџер на англискиот гигант, при што се чека само конечната одлука на клубот за разрешување на Мајкл Керик.

Според англиските медиуми, познат новиот тренер на Манчестер Јунајтед!?

Ова ексклузивно го објави „The Athletic“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Аргентинецот моментално е селектор на националниот тим на САД, но има голема желба да го преземе Јунајтед и да се врати во клупскиот фудбал.

Уште во понеделникот, „The Athletic“ објави дека се очекува заминување на Керик по катастрофалниот почеток на сезоната. Јунајтед моментално се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата, со остварени само три победи на последните 15 натпревари.

Како резултат на тоа, раководството започна потрага по потенцијален наследник, при што Покетино се издвои како нивен главен избор.

Според информации од „The Athletic“, претставници на Манчестер Јунајтед во текот на вторникот работеле на финализирање на личните услови со агентите на Покетино.

Не се очекуваат пречки, иако договорот сè уште не е официјализиран. Јунајтед сè уште нема стапено во контакт со Фудбалската федерација на САД, со која Покетино има договор до Светското првенство во 2030 година.

За да се овозможи негово заминување, англискиот клуб ќе треба да плати откупна клаузула во износ од приближно 10 милиони долари – што е околу 8,6 милиони евра.

Доколку преговорите резултираат со очекуваниот договор, Покетино во Манчестер ќе го донесе својот стручен штаб; притоа, Јунајтед ќе треба да исплати и дополнително обештетување за нивното заминување од националниот тим на САД.

Аргентинскиот тренер во моментов ја подготвува американската репрезентација за два натпревари против Хаити, кои ќе се одиграат за време на меѓународната пауза.

Покетино и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а според „The Athletic“, тој долго време имал желба да работи на „Олд Трафорд“. Во текот на својата кариера, тој раководел со неколку англиски клубови – меѓу кои Саутемптон, Тотенхем и Челси – и добро ја познава Премиер лигата.

Тој ја презеде репрезентацијата на САД во септември 2024 година, по заминувањето на Грег Берхалтер, кој поднесе оставка откако тимот беше елиминиран во групната фаза на Копа Америка.

На Светското првенство во 2026 година – на кое САД беа еден од домаќините – Покетино ја одведе репрезентацијата до осминафиналето. Американците победија на три од првите четири натпревари, пред да доживеат пораз од 4–1 од Белгија.

Во август, тој потпиша нов договор со важност до 2030 година. На досегашните 35 натпревари на чело на американската репрезентација, тој оствари 21 победа. Интересно е што, пред почетокот на Светското првенство, Покетино разговараше и со претставници на Милан за можноста да го преземе италијанскиот клуб. На крајот, Милан на таа позиција го назначи Рубен Аморим – поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?

ЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот!

Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек.

Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции.

„Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер