Нема веќе ефтино пазарање од Тему - следната недела почнува даночењето на пратките до 22 евра - Канал 5

Нема веќе ефтино пазарање од Тему - следната недела почнува даночењето на пратките до 22 евра

Измената на законот за ДДВ кој ќе почне да се применува од идната недела, а со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн нарачките со вредност до 22 евра

Нема веќе ефтино пазарање од Тему - следната недела почнува даночењето на пратките до 22 евра

Измената на законот за ДДВ кој ќе почне да се применува од идната недела, а со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн нарачките со вредност до 22 евра – е законско решение кое според директорот на Царинската управа Бобан Николовски е целосно усогласено со ЕУ стандардите.

Николовски е дециден дека законските измени нема да ги намалат онлајн нарачките туку само ќе придонесат повеќе средства да се слеат во државниот буџет.

„Анализите покажуваат дека драстични намалувања нема да има а наплата во буџет да се зголеми....Овој закон е најблаго кажано од наша страна многу коректен. Никого нема да удри по „џеб“ народски кажано а во државниот буџет ќе се слеат дополнителни средства, за што беа правени и се прават уште анализи...“ - Бобан Николовски – директор на Царинска управа.

Со измените не се менува начинот на прием и царинење на пратките во Македониија... Дел од економските оператори кои вршат достава на овие пратки велат единствената разлика е што цената ќе се зголеми за 18%, а ќе биде вакалкулирана на самите платформи за нарачки...

„Наплаќање на ДДВ и царина се прави при самиот влез на робата во државата, и тоа го работат шпедициите, ако услугата е договорена со поштата да и го плати тој дел она се договара со испраќачот дали однапред ќе го плати или кога ќе стигне...Купувањето ќе биде потполно исто....“ - Игор Гешовски – ЕЛС.

Една од целите на законското решение е намалување на сивата економија и помаѓање на домашните компании кои редовно ги плаќаат давачките кон државата.

Инаку според податоците на централниот регистар во земјава во моментов има околу 80 илјади активни компании, а како што рече директорката Анита Стамнова бизнисот се повеќе работи електронски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина Брвеница

Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.

-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“

„Range Rover“ не се плаши од кинеските конкуренти: Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе.

„Range Rover“ за кинеските теренски возила: „Копирањето е комплимент“

„Jaguar Land Rover“ не е загрижен за кинеските теренски возила чиј дизајн наликува на „Range Rover“. Компанијата верува дека новите конкуренти од Кина, без оглед на квалитетот и привлечната цена, сè уште не можат да понудат исто наследство и признание на луксузниот британски бренд.

Меѓу моделите што најчесто се споредуваат со „Range Rover“ се „Jaecoo J5“ и „J7“, кои беа наречени „Range Rover од Тему“ поради нивниот сличен дизајн, пишува „CarScoops“.

Мартин Лимперт, глобален директор на брендот „Range Rover“, вели дека всушност ги гледа таквите споредби како комплимент.

„Ако другите брендови го копираат нашиот дизајн, тоа е сигнал дека нашиот дизајн е инспирација во светот на луксузните автомобили“, рече Лимперт. Тој додава дека е важно „Range Rover“ да остане оригинален и да продолжи да го развива својот дизајн.

Купувачите на луксузни автомобили плаќаат повеќе

Лимперт верува дека купувачите го избираат „Range Rover“ затоа што го сакаат „најдоброто од најдоброто“ и се подготвени да платат повеќе за него.

Брендот се потпира на повеќе од пет децении развој, британско потекло, искуство во дизајнот и инженерството.

Токму наследството и репутацијата претставуваат голема предност во однос на производителите кои штотуку влегоа на пазарот на луксузни автомобили.

Кинеските производители, сепак, се сè поуспешни во привлекувањето клиенти во попристапни сегменти, првенствено благодарение на односот цена-опрема.

Во луксузната класа, ситуацијата е поинаква бидејќи клиентите честопати се многу полојални на брендовите на кои веќе им веруваат.

Затоа, „Range Rover“ планира дополнително да ги диференцира своите модели од конкуренцијата. Еден пример ќе биде новиот „GT“, петтиот модел во гамата на брендот, кој ќе има значително поинаква, ниска каросерија.

Иако кинеските производители сè повеќе напредуваат, „Range Rover“ верува дека неговото наследство и имиџ ќе продолжат да бидат важни аргументи при купување луксузен „SUV“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција во Турција: 350 кг кокаин пристигнале со брод од Бразил

Турската полиција заплени 350 кг кокаин скриен на брод што пристигна во пристаништето Мерсин, прекинувајќи го синџирот на шверц со дрога од Јужна Америка, објавија денес медиумите во земјата.

Голема акција во Турција: 350 кг кокаин пристигнале со брод од Бразил

Министерот за правда Акин Гурлек по повод ова изјави дека турските власти ќе продолжат решително да се борат против злосторствата поврзани со дрога, од изворот до мрежата за дистрибуција, од финансиерите до нарко-босовите.

„Нема да има толеранција за трговците со дрога и нема да има дупки во законот за нарко-босовите“, рече тој, според Хабертурк. Дрогата, вредна приближно 1,5 милијарди турски лири (околу 26,6 милиони евра), беше запленета, а девет осомничени идентификувани преку технички и физички надзор беа уапсени.

Против осомничените е покрената судска постапка за кривично дело производство и трговија со наркотични или стимулативни супстанции.

„Операцијата против трговците со дрога беше спроведена како резултат на работата на Одделот за наркотици на Полициската управа во Истанбул и Одделот за наркотици и разузнавање на Полициската управа во Мерсин“, се вели во соопштението на полицијата.

По информациите дека на брод кој отпловил од Јужна Америка и пристигнал во пристаништето Мерсин има голема количина наркотици, беше утврдено дека товарен брод од Бразил се закотвил во пристаништето. За време на претресот на бродот, запленети се приближно 350 килограми кокаин во 12 големи пакети, заедно со опрема за нуркање и подводен скутер.

Министерот Гурлек во објава на својот профил на социјалните мрежи изјави дека турските власти се борат против нарко-босовите и меѓународните криминални мрежи што ги воспоставиле.

Потсетувајќи дека Ислам Јакут, водачот на меѓународна организација за трговија со дрога, кој беше во бегство од 2017 година, беше уапсен во Истанбул пред два дена, Гурлек објави дека денес нанеле удар врз мрежа за трговија со дрога во Мерсин, која планирала да транспортира кокаин испратен по море од Јужна Америка.

Гурлек изјави дека, како дел од истрагата предводена од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Мерсин, Полициската управа открила план за криење на дрогата во трупот на брод под површината на водата, нејзино извлекување со помош на нуркачи и нејзино транспортирање во западните провинции.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер