Нема струја во поголемиот дел на Либан, не работат главните електрани - Канал 5

Нема струја во поголемиот дел на Либан, не работат главните електрани

Двете големи централи што обезбедуваат 40 проценти од електричната енергија во Либан се затворени, што предизвика пад на речиси целата мрежа на земјата, која е во тешка економска криза, пренесоа медиумите.

Нема струја во поголемиот дел на Либан, не работат главните електрани

Електричните централи Деир Амар и Захрани, кои заедно обезбедуваат околу 40 проценти од електричната енергија во Либан, останаа без гориво, пренесува Би-Би-Си.

Ова ја влошило кризата, поради што граѓаните имаат само два часа електрична енергија на ден.

Имено, недостатокот на девизи го отежнува плаќањето на странските добавувачи на енергија.

Во Либан, аптеките исто така штрајкуваат поради недостиг на лекови, исто така како резултат на неплаќање од странските увозници.

Бродовите исполнети со гориво одбиле да ги растоварат пред парите да бидат префрлени на сметките на нивните сопственици.

Новинарот на Би-Би-Си, Себастијан Ашер известува дека делови од земјата сега се соочуваат и со рационализација на водата. Пумпните станици се напојуваат со дизел и немаат залихи потребни за работа.

Либан претрпе сериозна економска криза во изминатите 18 месеци, а нејзината валута - либанската фунта - пропадна во инфлацијата.

Некои локални здравствени компании веќе останале без лекови потребни за лекување на рак и срцеви заболувања.

Прекините на електричната енергија во Либан се вообичаени со децении.

Енергијата на државата е рационализирана и луѓето ги пополнуваат празнините со поврзување со паралелен систем на приватни генератори.

За прв пат целата мрежа е исклучена, а приватните генератори станаа единствениот извор на енергија.

Но, и тие се под притисок затоа што работат на дизел, што не може да се набави, и немаат капацитет целосно да ја заменат државната електрична енергија.

Ова значи дека повеќето луѓе во Либан во моментов се соочуваат со долги часови на целосно затемнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер