3„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Веб ТВНема нови случаи на заболени со морбили во МакедонијаДенеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во ШтипПријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист. Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра. Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Тагови: Штип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во СенатотДемократите победија на меѓуизборите во САД и од јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, покажуваат прелиминарните изборни резултати.Со победи во Тексас, Ајова, Канзас и Јужна Каролина, демократите досега освоија 53 места во Сенатот, наспроти 42 за републиканците, со што го обезбедија мнозинството во горниот дом на Конгресот. Демократите водат и во Претставничкиот дом, каде засега имаат 220 места, наспроти 127 за републиканците. Според американските медиуми гласањето прерасна во своевиден референдум за политиките на Доналд Трамп, кого многу гласачи во САД го сметаат за одговорен за растот на цените и за влошената економска состојба. Сепак, Трамп иако ја честиташе неофицијалната победа на демократите во исто време за поразот ги обивни и дел од медиумите, како Фокс њуз кои важат за блиски до републиканците, поради како што рече тоа што имале многу гости од демократите. „Малку сум изненаден, мислев дека ќе направиме подобри резултати. Како што знаете, правото на вето е едно од најсилните овластувања што ги има претседателот. Ќе ми испраќаат неразумни предлози, а јас ќе ставам вето. И по неколку месеци ставање вето, ќе ми се јават и ќе ме прашаат како да ги средиме овие работи, па ќе ги решиме работејќи заедно. Имам многу пријатели кај демократите, верувале или не.“ изјави Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател Барак Обама ја поздрави победата на демократите, оценувајќи дека гласачите испратиле јасна порака оти сакаат политика што обединува и лидери што нудат конкретни решенија. Едно од најзначајните појавувања во кампањата беше покрај прогресивниот демократ Абдул Ел-Сајед, кој ја освои трката за американскиот Сенат во Мичиген, станувајќи првиот муслиман избран во горниот дом на Конгресот. „Мичиген, успеавме! Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген. Можеби сте забележале дека сè до овој момент секогаш велев ‘иншала’, односно ‘ако даде Бог’, секогаш кога ќе се споменеше исходот од оваа трка. Но денес, вечерва, тоа ‘иншала’ можеме да го претвориме во ‘алхамдулила’, односно ‘фала му на Бога’.“- изјави Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед. Аналитичарот Џефри Сакс оценува дека изборниот исход значително ја ослабнал политичката позиција на Трамп, ќе му создаде проблеми, но и може да отвори нов простор за дипломатски решенија за Иран и Украина. „Неговата способност да управува со настаните сега е драматично помала отколку што беше вчера. Пораката до него е јасна и категорична. Во таа смисла, тоа е важно. Дали ќе се налути? Не сум психолог за да кажам. Мислам дека е интересно што веднаш рече дека ги прифаќа резултатите и дека ќе соработува со демократите. Ова е невообичаено за Трамп. Но, во американската политика, ова значи дека е крај на трампизмот. Тоа е она што е важно. изјави - Џефри Сакс. Победата на демократите значи нов политички баланс во Вашингтон и значително потешки последни две години од мандатот на Трамп, со посилна контрола врз неговата администрација, можни конгресни истраги и поголеми пречки за спроведување на неговите политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Македонија„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста. „Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет. „Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00