Нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство

Власта и опозицијата ги обновуваат разговорите за Законот за Јавното обвинителство. 

Со најава за нови предлози и забелешки на владиниот предло-закон стартува новата серија на средби меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство. На денешната средба зад затворени врати меѓу Бојан Маричиќ и Тимчо Муцунски се отворила дебата за откочување на дијалогот, но единствено се договориле во текот на неделава двата тима повторно да седнат на маса за да ги разгледаат можните решенија.

,,Камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение, со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое не е подложно на политички злоупотреби. – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Но, од СДСМ тврдат дека со опозициската партија најмногу се разидуваат за иднината на предметите на СЈО и тимот кој се префрли во државното обвинителство.

,,Постапките на СЈО и продолжување со работа на обвинителите на конкретните случаи со кои се задолжени остануваат најголем проблем за опозицијата. Ние сакаме правда и професионално обвинителство кое ќе го продолжи постапките. Цврсто стоиме зад донесување на законот и работиме со сите пратенички групи за негово донесување.

Оптимизам за компромисно решение пред распуштање на Собранието има кај претседателот на СДСМ. Доколку се донесе Законот за јавно обвинителство, Заев смета дека ќе се даде мотив плус за земјите-членки на ЕУ напролет да донесат позитивна одлука за почеток на преговори со земјава.

За да стигне до двотретинското мнозинство во Собрание, Заев најави дека ќе преговара и со независните пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени, но тие велат дека се уште немаат одлучено дали ќе гласаат за овој закон.

На ГП Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот,  сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена  кинотечна награда „Златен објектив“

-Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката.

Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“.

Покрај филмови од Попов, мајската програма на Кинотеката ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов - „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

-На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон - „Питер фон Кант“. Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер, соопшти Кинотеката.

Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм. /МИА

Блинкен му повтори на Нетанјаху дека САД се против израелски напад на Рафа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим го повтори противењето на Вашингтон на најавениот израелски напад врз градот Рафа, на југот на Појасот Газа.

Блинкен ја повтори јасната позиција на САД за Рафа, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, зборувајќи за прашањето за копнена офанзива врз градот, од која израелскиот премиер одбива да отстапи и покрај противењето на ОН и многу земји.

Се стравува дека во нападот би можеле да загинат голем број од 1,5 милиони цивили кои се засолниле во тој град, главно луѓе раселени поради борбите.

Разговорите меѓу Блинкен и Нетанјаху првин се воделе тет-а-тет, а потоа се прошириле и на соработниците и траеле два и пол часа.

Ова е седма посета на Блинкен на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа, која почна по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври во Израел по што Израел го нападна Појасот Газа, каде Хамас е на власт од 2007 година.

Посредниците – Египет, Катар и САД, сè уште го чекаат одговорот на Хамас на најновата понуда за примирје, која вклучува пауза во израелската офанзива и ослободување на палестинските затвореници, во замена за ослободување на израелските заложници киднапирани во терористичкиот напад на 7 октомври.

Блинкен претходно рече дека САД се решени Израел и Хамас да постигнат договор за примирје, по речиси седум месеци борби во Појасот Газа, кој е под опсада и му се заканува глад.

Милер рече дека Блинкен разговарал за договорот за примирје со Нетанјаху и оценил дека Хамас го блокира патот до примирје./МИА

притисни ентер