НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
2НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
ЗдравјеНема лек ниту вакцина за спас од конго кримска треска, велат лекаритеКрлежот што ја носел заразата наречена конго-кримска хеморагична треска бил кобен за дваесет и седумгодишната жена од штипското село Кучица. Вирусот влегол со убодот и тоа што сама го отстранила крлежот нема поврзаност со настанатата тешка состојба што заврши фатално, објаснуваат од Инфективната болница. Директорката Милена Стевановиќ, но и епидемиолозите потврдуваат дека и сопругот на починатата речиси во исто време бил каснат од крлеж, но кај него нема ништо бидејќи тој крлеж не бил заразен со опасен вирус. Појаснувањата на лекарите зошто животот на здрава жена без други болести згаснал е оти лек не постои, има само симтоматска терапија, па се зависи од организмот на поединецот. Овој вирус има висока смртност која достигнува и до 40%, а на човек се пренесува или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв или животински ткива за време и непосредно по колењето на животните. Во меѓувреме, поради тоа што станува збор за зараза, триесетина лекари, но и членови на семејството се ставени под здравствен надзор, па препораката за нив е да не се движат помеѓу други луѓе. Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, во зглобовите, стомакот и повраќање. Можат да се јават и симптоми како црвени очи, зацрвенето лице, дамки на непцето, но и жолтица. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат модринки, а настапува и обилно крварење. Вакцина не постои. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. „Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. -Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување. Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес. -Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска. Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55