Неконтролиран шумски пожар зафати над 1.000 хектари во Нов Зеланд - Канал 5

Неконтролиран шумски пожар зафати над 1.000 хектари во Нов Зеланд

Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.

Неконтролиран шумски пожар зафати над 1.000 хектари во Нов Зеланд

Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.

Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.

Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.

Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Гори ферибот близу Бали,еден загинат во тек е потрага по преживеани

Едно лице загина, а 172 се спасени откако рано утринава во средата избувна пожар на траект што пловеше од Бали.

ВИДЕО: Гори ферибот близу Бали,еден загинат во тек е потрага по преживеани

Инцидентот се случи во водите кај островот Ломбок, а спасувачките екипи сè уште го пребаруваат подрачјето во потрага по евентуални исчезнати лица, пренесува Ројтерс.

Траектот „КМ Путри Јасмин“ испловил од пристаништето Падангбаи на Бали, упатувајќи се кон пристаништето Лембар на Ломбок.

Според Мухамед Харијади, раководителот на локалната спасувачка служба, пожарот избувнал во теснецот Ломбок во 4:39 часот наутро по локално време.

Харијади потврди дека, заклучно со попладнето во средата, спасени се 172 лица и пренесени во пристаништата на Бали и Ломбок. Меѓу нив има еден австралиски државјанин, додека останатите се Индонезијци.

Потврдена е смртта на еден индонезиски државјанин. „Испративме неколку пловни објекти за евакуација и ја координираме операцијата со други бродови што се затекнале во близина“, изјави Харијади. Тој додаде дека во операцијата за спасување учествуваат повеќе од 200 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПОЦ: ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди

ЈП „Паркинзи на Општина Центар" продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. 

ПОЦ:  ЈП Паркинзи на Општина Центар го унапредува работењето со меѓународни ISO стандарди

По успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – Систем за управување со квалитет и ISO 14001:2015 – Систем за управување со животната средина, со што се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето.

Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, од страна на претставник на сертификациското тело „Интерцерт“, кое го спроведе процесот на сертификација. На примопредавањето присуствуваа и дел од вработените во ЈП ПОЦ кои беа директно вклучени во воспоставувањето и имплементацијата на системите.

„Овие сертификати се резултат на конкретна работа и ангажман на повеќе служби и вработени во претпријатието. За нас тие не се само формално признание, туку воспоставен систем според кој треба да продолжиме да работиме – со јасни процедури, мерливи резултати и постојано подобрување. Особено ни е важно што паралелно со квалитетот на услугите воведуваме и повисоки стандарди во односот кон животната средина“, истакна директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски.

ISO 9001:2015 претставува потврда за воспоставен систем на управување со квалитет, насочен кон ефикасност, подобрување на работните процеси и задоволството на корисниците. Неговата примена придонесува кон поголема организираност, јасно дефинирани процеси и континуирано унапредување на услугите. Од друга страна, ISO 14001:2015 ја потврдува определбата на ЈП ПОЦ за одговорен однос кон животната средина. Преку примената на овој стандард, претпријатието се насочува кон унапредување на еколошките практики, поодговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина.

Имплементацијата на меѓународните стандарди е дел од определбата на ЈП ПОЦ за создавање современо и ефикасно јавно претпријатие, кое континуирано ги следи современите практики и ги унапредува своите услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договор

Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресор

Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договор

Охридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен.

Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот.

По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер