Неколку автомобили зафатени од пожар спроти градскиот стадион во Скопје (видео) - Канал 5

Неколку автомобили зафатени од пожар спроти градскиот стадион во Скопје (видео)

Пожар спроти градскиот стадион во Скопје, зафатени неколку автомобили.

Неколку автомобили зафатени од пожар спроти градскиот стадион во Скопје (видео)

Неколку пожарникари со противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот, од кој се зафатени три автомобили кај полигонот под Амбасадата на САД во Скопје, веднаш спроти Националната арена Тодор Проески.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот шампион Вардар против финскиот Купс во квалификациите за ЛШ

Точно на пладне денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. 

Македонскиот шампион Вардар против финскиот Купс во квалификациите за ЛШ

На ждрепката фудбалерите на макеоднскиот шампион Вардар го добија евентуелниот противник во квалификациската рунда. Според ждрепката тоа ќе биде победникот од двомечот Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс).

Но, најпрво „вардарци“ ќе мора да го минат финскиот шампион Купс во 1. квалификациско коло. Првиот натпревар се игра во Скопје на 7/8 јули, а реваншот е во Финска на 14/15 јули.

Се разбира дека ако Вардар сака двомеч со еден од овие два тима, ќе мора претходно да го елиминира тимот од Финска на стартот од овие квалификации, мечевирте се играат на 7/8 и 14/15 јули.

Додека евентуалниот двомеч со Сабах или ТНС, Вардар ќе го игра на 21/22 и 28/29 јули.

Ако пак нашиот шампион Вардар не успеа да го мине 1 коло и двомечот со Купс, тогаш црвено-црните ќе играат во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Секако дека македонската фудбалска јавност со нетрпение го очекува настапи на шампионот, посебно ако се знае дека лани Шкендија и тоа како ја подигна летвичката на една успешна сезона во фудбалска Европа.

Колку за потсетување, тетовци играа во 3.квалификациско коло во ЛШ, а потоа настапија во лигашката фаза во ЛК каде имаа и европска пролет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бурата „Артур“ го загрозува Светското првенство - мечот Португалија и Конго е под знак прашалник?!

Натпреварот од Групата К на Светското првенство помеѓу Португалија и Демократска Република Конго е фрлен во неизвесност поради предвидените екстремни временски услови во Хјустон.

Бурата „Артур“ го загрозува Светското првенство - мечот Португалија и Конго е под знак прашалник?!

Метеоролошките служби предупредија дека денеска, во времето на закажаниот почеток на мечот Португалија- Конго (19.00 часот по централноевропско време), областа на Тексас може да биде погодена од тропска бура што се формира по должината на брегот и се движи кон внатрешноста на земјата.

Овој временски систем е именуван „Артур“ и се очекува директно да влијае на областа на Хјустон.

Според прогнозите, бурата може да донесе обилни врнежи од дожд, силни ветрови и зголемен ризик од ненадејни поплави, што може да предизвика сериозни проблеми во градот и околината.

Националниот центар за урагани конкретно предупреди дека во овој случај ветерот не е главен ризик, туку количината на дожд што се очекува. „Најголемата опасност не е јачината на ветерот, туку огромните количини на дожд што би можеле да предизвикаат сериозни проблеми“, се вели во предупредувањето.

Во некои делови од Хјустон се очекуваат до 25 сантиметри дожд, а веќе се издадени предупредувања за можни поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги продаде за профит на странски дата центри

Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити.

СДСМ: Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги продаде за профит на странски дата центри

Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив.

Мицкоски повторно гледа за себеси во големите тендери - во градежништвото, инфраструктурата и „придружните“ услуги.

Јавните ресурси се пренасочуваат кон приватни џебови, а граѓаните остануваат да плаќаат повисоки сметки.

Иако дигиталната трансформација е важен приоритет, привлекувањето на хипер-скала дата центри претставува непропорционален стратешки ризик за нашата земја.

Овие објекти трошат екстремни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот поврат (вработување и даночни приходи) е минимален.

Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри питка вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители.

Во услови на климатски промени, суши и воден стрес, ова директно ќе доведе до рестрикции за домаќинствата и земјоделството.

Нашиот енергетски систем е веќе ранлив. ЕСМ работи со загуби и застарена технологија, МЕПСО има проблеми со балансирањето поради соларниот бум, а ЕВН се соочува со раст на пазарните цени.

Додавањето на масивни 24/7 потрошувачи ќе ја зголеми зависноста од увоз, ќе ги покачи сметките за струја за граѓаните и ќе ја загрози стабилноста на мрежата.

Вработувањето е исто така разочарувачко, само 25 до 50 директни работни места по објект, со поголемиот дел од управувањето на „remote“.

Ова не е развој, туку создавање на „изолирани острови“ кои црпат ресурси, а профитот го извезуваат надвор.

Светот веќе реагира:

• Во Холандија, Meta го откажа големиот проект во Zeewolde поради отпор од граѓани и фармери заради огромна потрошувачка на енергија и влијание врз земјоделството.

• Во Ирска, владата воведе мораториум на нови дата центри околу Даблин до 2028 година, бидејќи тие трошат над 20% од електричната енергија на земјата.

• Во САД (Аризона, Вирџинија, Мисури и др.), десетици проекти во вредност од десетици милијарди долари се блокирани или откажани поради недостиг на вода, раст на сметките за струја и уништување на локалната средина.

СДСМ бара:

• Мораториум на изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода.

• Доколку се дозволат помали проекти за државни потреби, инвеститорите да бидат законски обврзани на исклучиво воздушно ладење без потрошувачка на вода и сопствено производство на енергија со соларни паркови и батерии, без повлекување од националната мрежа.

Јавно ги повикуваме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја прекинат оваа неодговорна политика и да ги стават интересите на граѓаните и одржливиот развој на прво место, наместо своите тендерски и провизиски интереси.

Прес конференција на СДСМ, Кристијан Дојчиновски

YouTube video

СДСМ бара мораториум на изградба на нови странски комерцијални дата центри кои користат системо со вода и предупредува дека Владата на Христијан Мицкоски турка проекти кои носат сериозни ризици за водните и енергетските ресурси на државата.

На денешната прес-конференција, на СДСМ, Кристијан Дојчиновски рече дека „Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги продадат водата и струјата на граѓаните за интереси на странски дата центри и сопствени тендерски профити“.

„Мицкоски и ВМРО-ОКГ инсистираат на големи комерцијални дата центри во Македонија, и покрај сериозните ризици кои ги носат овие проекти и покрај примерите од светот каде градовите и државите се откажуваат од нив“, истакна Дојчиновски.

Тој посочи дека иако дигиталната трансформација е важен приоритет, привлекувањето на хипер-скала дата центри претставува непропорционален стратешки ризик за државата.

„Овие објекти трошат екстремни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот поврат – вработување и даночни приходи – е минимален. Еден голем дата центар троши меѓу 1 и 3 милиони литри питка вода дневно, колку што троши град со 15.000 до 30.000 жители“, рече Дојчиновски.

Во услови на климатски промени, суши и воден стрес, ваквите проекти може директно да влијаат врз достапноста на ресурсите за граѓаните и земјоделството.

„Нашиот енергетски систем е веќе ранлив. ЕСМ работи со загуби и застарена технологија, МЕПСО има проблеми со балансирањето поради соларниот бум, а ЕВН се соочува со раст на пазарните цени. Додавањето на масивни 24/7 потрошувачи ќе ја зголеми зависноста од увоз, ќе ги покачи сметките за струја за граѓаните и ќе ја загрози стабилноста на мрежата“, нагласи Дојчиновски.

Тој додаде дека економските придобивки од ваквите инвестиции се ограничени.

„Вработувањето е исто така разочарувачко, само 25 до 50 директни работни места по објект, со поголемиот дел од управувањето на ‘remote’. Ова не е развој, туку создавање на ‘изолирани острови’ кои црпат ресурси, а профитот го извезуваат надвор“, рече Дојчиновски.

Посочувајќи на примери од повеќе земји, тој истакна дека во Холандија, Ирска и повеќе сојузни држави во САД веќе се ограничуваат или стопираат вакви проекти поради нивното влијание врз водните ресурси, електроенергетскиот систем и животната средина.

СДСМ бара мораториум на изградба на нови комерцијални дата центри а доколку се дозволат помали проекти за државни потреби, инвеститорите да бидат законски обврзани на исклучиво воздушно ладење без потрошувачка на вода и сопствено производство на енергија преку соларни паркови и батерии, без повлекување електрична енергија од националната мрежа.

„Јавно ги повикуваме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја прекинат оваа неодговорна политика и да ги стават интересите на граѓаните и одржливиот развој на прво место, наместо своите тендерски и провизиски интереси“, порача Дојчиновски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер