Некогаш најмоќната жена на Азија убиена? Нејзиниот син демантира - Канал 5

Некогаш најмоќната жена на Азија убиена? Нејзиниот син демантира

Некогашната „принцеза на Узбекистан“ Гулнара Каримова (44), постарата ќерка на неодамна починатиот претседател на Узбекистан, Ислам Каримов, е отруена уште на 5 ноември - објави средноазискиот портал Центар 1, со седиште во Берлин. Нејзиниот син кој го носи името на дедо му, 23 годишниот Ислам кој живее во Лондон, за узбекистанската гранка на Би Би Си демантира - вели дека неговата мајка е жива, и сеуште е во заточеништво.

Некогаш најмоќната жена на Азија убиена? Нејзиниот син демантира
- Тоа се само шпекулации. Таа е жива и сеуште е во домашен притвор - вака 23 годишниот Ислам Каримов одговори на медиумските написи дека неговата мајка е отруена уште на почетокот од месецов и дека убиството се држи во тајност.


Средноазискиот портал Центар 1, со седиште во Берлин, повикувајќи се на висок извор на узбекистанската служба за безбедност, објави дека Каримова е убиена уште на 5 ноември, а потоа закопана на ташкентските гробишта Минор без никакво обележје каде се наоѓа гробот.

In 2010 Der Spiegel magazine claimed Karimova's personal wealth was an estimated £457m

- Тој лично учествувал на погребот и решил да не контактира телефонски бидејќи се плаши за судбината на нејзините деца. Тој тврди дека нејзиниот син Ислам и ќерката Иман се во тешка ситуација, беспомошни. Човекот кој зборуваше со нас вели дека не очекува никогаш да има изјава од официјалните лица во врска со Гулнара. - пишува опозицискиот сајт.

Уредничката Галима Букарбајева која живее во егзил, вели дека лично зборувала со изворот пред неколку дена, почекале ос објавата за да ја проверат, и се надева дека не е точна бидејќи е ужасна и брутална.

- Нашиот извор вели дека нејзиниот син Ислам бил излажан дека мајка му не се чувствува добро, па тој од Лондон с евртаил во ташкент. Сега и тој и сетсра му се во ташкент и не се знае што ќе се случи со нив - вели Галима.

Од Центар 1 велат дека побарале одговори за веста за смртта на Гулнара од властите во Узбекистан, со детални прашања, но не добиле ништо.

Гулнара Каримова во 2013 година била осудена на домашно заточениство од страна на нејзиниот татко Ислам Каримов. Таа претходно му била омилената ќерка, негова амбасадорка во ОН и во Шпанија, една од најбогатите жени на Азија и модна дизајнерка. Сите очекуваа дека ќе го наследи својот татко на чело на земјата, додека нејзиниот син кој се школува во Лондон не биде подготвен за позицијата. Но, таа влезе во судир со шефот на тајната служба Рустам Инојатов, кој на Ислам Кадиров му зборувал дека ќерка му подготвува пуч! Ислам му поверувал и ја ставил ќерката Гулнара во заточеништво, а на нејзино место како негова омилена ќерка дошла помалата Лола, со која Гулнара никогаш не се согласувала.

Ислам Каримов почина во септември годинава. На Гулнара не и било дозволено д аоди на погреб. Привремено како вршител на должноста претседател е поставен Шафкат Мирзиојев. Во тек е кампања за изборите кои ќе се одржат на 4 декември. Веста за смртта на Гулнара може да ги побрка сметките на Мирзиојев, кој сега е фаворит.

Од 2013 година на Гулнара и е прекинат пристапот до Фејсбук. По смртта на татко и, многумина сметаа дека деновите и се одброени, но беше активиран нејзиниот твитер профил и се објавуваа постови со нејзини фотографии кои требаше да докажат дека таа е здрава и жива. Но многумина препознаа дека се објавуваат фотографии стари неколку години, и на твитер се појави акаунт „Покажете ни ја Гулнара“. Последните денови беа објавени твитови во кои наводно Ѓулнара бара прошка за коруптивните афери во кои е фатена, и дури посочува дека би сакала и Мирзиојев да и прости, и додава дека тој е вистински наследник на нејзиниот татко. Подоцна се докажало дека твитовите се лажни.

Во Узбекистан има бројни теории на заговор. Со доближувањето на денот на изборите судбината на Гулнара која сеуште е под превезот на тајност, може да има големо влијание во исходот. Таа сеуште има приврзаници во власта, додека ве - де претседателот кој се надева да биде избран, е многу поблизок со нејзината помала сестра Лола која нема претседателски амбиции...

/извор: centre1.com
dailymail.co.uk
sivertimes.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Решена е мистеријата на радио сигналите од вселената, кои се емитуваат на секои 8 минути

Научниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди .

Решена е мистеријата на радио сигналите од вселената, кои се емитуваат на секои 8 минути

Научниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди - мртва ѕвезда што ротира околу својата оска на секои осум минути и ѕвезда слична на нашето Сонце, соопшти Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR), објави списанието Nature.

Новооткриениот систем, познат како GPM J071507−114153, се состои од две ѕвезди што орбитираат една околу друга: бело џуџе - густото јадро што останува по смртта на ѕвездата - и ѕвезда од типот G, слична на нашето Сонце.

Ова е прв пат радио-сигнали да бидат откриени од бело џуџе што орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето. Ваквите сигнали обично се гледаат во системи со помали, постудени ѕвезди - црвени џуџиња, што значи дека откритието отвора сосема ново поглавје во истражувањето на вселената.

Овие ѕвездени парови припаѓаат на поширока класа на објекти познати како долгопериодични транзиенти (LPT), кои произведуваат радио-сигнали што се вклучуваат и исклучуваат во интервали од минути до часови. Откако истиот тим на ICRAR го откри првиот таков објект во 2021 година, откриени се уште десетици, а астрономите сè уште работат на нивно разбирање.

Иако неколку претходно откриени LPT системи содржат бело џуџе и друга ѕвезда, не е јасно која од двете ѕвезди ги произведува радио импулсите.

„Ова е прв пат импулсите да се доволно јасни за да се види како белото џуџе се движи во својата орбита околу својот придружник, па затоа знаеме дека пулсациите доаѓаат од регион близу до белото џуџе, или можеби дури и од самото бело џуџе“, рече д-р Сем МекСвини, главен автор на студијата и научник задолжен за Опсерваторијата Square Kilometre Array (SKAO), кој го направи откритието додека работеше како истражувач во филијалата на ICRAR на Универзитетот Куртин, од каде објавија ВИДЕО од феноменот.

Тимот обработи повеќе од 100 часа радио податоци во Истражувачкиот центар за суперкомпјутери „Пози“ за да го потврди и разбере движењето на белото џуџе.

Професорката Наташа Харли-Вокер, коавторка на трудот, изјави дека пулсирањата емитирани од белото џуџе му овозможиле на тимот да детектира ѕвездени пламени на ѕвездата слична на Сонцето, слични на оние што создаваат аурори овде на Земјата.

„Како бонус, го видовме и белото џуџе како се движи зад област со силно магнетно поле, најверојатно „ѕвездена истакнатост“, што е голема јамка на плазма што излегува од површината на ѕвездата. Неверојатно е што можеме да детектираме бури на ѕвезда оддалечена повеќе од 5.000 светлосни години користејќи радио бранови“, рече таа.

Истражувачите на ICRAR се во првите редови во откривањето на овие ретки системи.

„Го откривме овој систем во големо истражување на небото користејќи го Murchison Widefield Array (MWA), скенирајќи го целиот Млечен Пат видлив од Австралија. Потоа го користевме радиотелескопот MeerKAT во Јужна Африка за да ја одредиме неговата прецизна позиција“, рече Харли-Вокер.

Откако LPT беше лоциран со радиотелескоп, опсерваторијата W. M. Keck на Мауна Кеа, Хаваи, ја потврди нејзината поврзаност со ѕвезда од тип G со оптички набљудувања.

И MWA – управувана од Универзитетот Curtin во објектот Inyarrimanha Ilgari Bundara, опсерваторијата за радио астрономија Murchison на CSIRO на земјиштето Wajarri Yamaji во Западна Австралија – и MeerKAT, изградена и управувана од Јужноафриканската радио астрономска опсерваторија во покраината Северен Кејп во таа земја, служат како претходници на телескопите SKA: системот SKA-Low во Австралија и системот SKA-Mid во Јужна Африка, соодветно.

„Ако веќе правиме вакви откритија со телескопите-претходници, само замислете колку уште ѕвездени системи ќе можеме да најдеме и каков прекрасен детален поглед на нивните сигнали ќе имаме кога телескопите SKAO ќе бидат целосно изградени“, рече д-р МекСвини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во САД: Танкер удри во туристички брод, патниците скокнаа во реката Мисисипи (ВИДЕО)

Голем танкер денеска се судри со туристички брод на реката Мисисипи во Њу Орлеанс, САД.

Драма во САД: Танкер удри во туристички брод, патниците скокнаа во реката Мисисипи (ВИДЕО)

На бродот имало околу 129 патници и членови на екипажот, а по судирот почнал да тоне. Започната е голема спасувачка операција, а снимките од местото на несреќата покажуваат луѓе во вода.

Несреќата се случила околу 12:30 часот по локално време, недалеку од мостот Кресент Сити Конекшн. Танкерот „Атлантик Асфалт“ удрил во туристичкиот брод „Американ Херитиџ“, кој во тој момент бил закотвен на брегот.

Бродот се навалил по ударот и почнал да тоне

Снимките што се појавија на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога многу поголем танкер се судри со туристички брод со препознатливо големо тркало на крмата.

По судирот, бродот се навалил силно на страна, а дел од трупот завршил под вода. Снимките покажуваат луѓе кои носат елеци за спасување во реката, додека други се држат за оградата на бродот.

Според првичните информации, „Американ Херитиџ“ се закотвил во пристаништето приближно два часа пред несреќата, а патниците се подготвувале да се симнат од него.

Голема спасувачка операција

На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, полиција, брза помош, пристанишна полиција и крајбрежна стража на САД.

Поручникот Стефани Ц. Норвуд од Службата за итна медицинска помош на Њу Орлеанс потврди дека сите релевантни служби се вклучени во спасувачката операција.

Пристанишните власти објавија дека нивниот моментален приоритет е безбедноста на патниците, членовите на екипажот и спасувачките екипи.

Според првичните извештаи, спасените патници се транспортираат до зградата на пристанишната администрација, каде што добиваат медицинска помош.

Причината за судирот сè уште не е позната

Сè уште нема официјално потврдени информации за бројот на повредени или евентуално исчезнати лица.

Според неофицијалните информации што ги објавија американските медиуми, танкерот можеби останал без струја пред судирот. Надлежните служби сè уште не ги потврдиле овие информации.

Американските власти ја продолжуваат спасувачката операција и ги утврдуваат околностите на судирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од детска кавга до вооружена престрелка- тројца загинати, меѓу кои двајца браќа (ВИДЕО)

Три лица загинаа денеска кога тепачка меѓу деца стана смртоносна во пакистанскиот град Фатех Џанг, во близина на Аток.

Од детска кавга до вооружена престрелка- тројца загинати, меѓу кои двајца браќа (ВИДЕО)

Престрелката се случила во населбата Наи Абади, каде што расправија меѓу децата довела до тепачка меѓу возрасни членови на семејството, објави 24NewsHD.

За време на тепачката, еден од мажите извадил пиштол и отворил оган. Тројцата лица починале на самото место.

Жртвите се идентификувани како Самад (28), Саџид (35) и Амир Азиз (55). Самад и Саџид биле браќа.

Телата на жртвите биле однесени во болницата Техсил во Фатех Џанг, а полицијата веднаш се упатила на местото на настанот по добивањето на пријавата.

Според полицијата, осомничениот избегал и се водат рации на различни локации за да се уапси.

Главниот министер на Пенџаб, покраинскиот генерален инспектор на полицијата и регионалниот командант на полицијата во Равалпинди се информирани за инцидентот и презеле мерки.

Командантот на регионалната полиција им наредил на високите полициски службеници веднаш да излезат на местото на настанот и да започнат сеопфатна и транспарентна истрага за да го изведат сторителот пред лицето на правдата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер