3Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
КултураНека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ Битола уште еднаш ги пречека врвните кинематографери и нивните исклучителни авторски дела. Секое навраќање во Битола не е само навраќање кон традицијата, туку кон нишката која оттука непрекинато подолжува. Вечрашната свеченост започна со музички перформанс под диригентската палка на Џијан Емин и настап на BitVox. -Пред повеќе од 100 години кога за прв пат се појави камерата се родила и желбата да се снима животот. Се со една цел-да се сочуваат спомените. Тоа до ден денес не тера да го снимаме она пред нас, на љубов, на споделување на емоција... Сите вие вечерва овде учествувате директно во градење, чување и негување на оваа традиција, на овој Фестивал на која ткаеме љубов, ткаеме нешто убаво со кое сите сме горди. Ткаеме филмови и ткаеме уникатен фестивал. Никогаш нема да престанеме да ткаеме убави работи. Да живее нашиот фестивал „Браќа Манаки“, рече вечерва директорот на фестивалот Димитрија Доксевски посакувајќи им добредојде на присутните. Претседателката на ДФРМ, Марија Димитрова ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на годинешниот лауреат, актерот Петар Арсовски. -Друштвото на филмски работници останува да биде темел на македонскиот филм и дел од неговото создавање и промоција. Доказ за тоа е токму тоа што на ова отворање ќе се прикаже македонски филм, а исто така и на затворањето на фестивалот ќе се прикаже македонски филм, а режисерите на двата филма се членови на ДФРМ. Тоа што фестивалот „Браќа Манаки“ го носи кремот на филмската кинематографија, овде, во Битола, ни овозможува, нам, на филмските работници непосредни средби и дружење со светските кинематографери, истакна Димитрова која се заблагодари на Агецијата за филм, на Општина Битола и на сите останати кои помагаат македонските филмови да станат реалност. Арсовски посочи дека ова е признание од луѓето со кои повеќе од 50 години „војувам“ пред филмската камера и сме поминале заедно и сито и решето. -Му благодарам на ДФРМ за наградата и им благодарам на сите кои издржаа со мене 55 години да создаваме македонската кинематографија, рече Арсовски. Јануш Камински добитникот на Златна камера 300 за животно дело во 2020 година, годинава, шест години подоцна, допатува во Битола и ја поздрави вечерва публиката во салата на Центарот за култура. -Оваа награде веќе стои кај мене дома заедно со останатите награди кои сум ги добил. Прекрасна рачна изработка и многу сум среќен и ви благодарам прекрасни луѓе, рече Камински и истакна дека многу му се допаднала музичка точка на почетокот на свеченоста. Директорот Доксевски, пак, пренесе изјава од Благоја Куновски Доре, кој беше директор на ИФФК „Браќа Манаки“ кога Камински ја доби Златната камера 300 за животно дело, кој рекол дека денешното качување на сцената на Камински е заокружување на влезот во великаните на „Браќа Манаки“. Џеф Кроненвет е оваа година добитник на наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската уметност. -Фестивалот „Браќа Манаки“ има посебно место во филмскиот свет бидејќи ја слави работата на кинематограферите, на луѓето зад камерата. Тој ја претставува работата на следната генерација кинематографер. Младите кинематографери имаат потреба од ваков фестивал, место каде ќе можат да креираат контакти, пријателства, размена на искуства... Кога бев млад учев од моите постари колеги гледајќи ги нивите филмови, се надевам дека сега јас возвраќам со тоа што им помагам на помладите колеги. Фестивалот „Браќа Манаки“ ја одржува оваа традиција жива и ги поврзува генерациите во време кога технологијата ги менува начините на работа, рече Кроненвет и се заблагодари за топлиот прием. Наградата на Кроненвет му ја врачи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. -Фестивалот „Браќа Манаки“, не е само културен настан на Битола со интернационален карактер. Тој е дел од нашиот идентитет, традиција, наследство и живо сведоштво за првите сниматели на Балканот, кои со своите кадри започнаа да ја ткаат филмската историја на овие простори. Како градоначалник на Битола, а пред се како битолчанец, посебно сум горд што нашиот град е дом на фестивал кој речиси пет децении гради културни мостови, поврзува филмски автори од различни меридијани и го носи името на Битола надвор од границите на нашата земја, рече Коњановски. Дан Лаустсен е добитник на Специјалната Златна камера 300 за животно дело. -Во 1969 година ја купив првата камера, подоцна патував низ светот целиот мој живот и мислам дека оваа уметност која ја правиме снимајќи филмови е мошне респектабилна, рече Лаустсен. Наградата за животно дело на лауреатот му ја врачи Претседателката, Гордана Сиљановска Давкова. -„Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, тоа е културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажен културен идентитет и долг духовен емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова, програслувајќи го фестивалот за отворен. Како покровител на ИФФК „Браќа Манаки“, Силјановска Давкова посочи дека е горда што годинава во официјална конкуренција има два македонски филма и пред аудиториумот на Дан Лаустсен му ја додели наградата Златка „Камера 300“ за животно дело. -Треба да сме горди што меѓу 12-те филмови во конкуренција се најдоа и два македонски филма со кои ќе се отвори и затвори 47 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Во овој чин јас препознавам признание и импулс за македонскиот филм. И на ова издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја потврдиме посветеноста кон уметноста, културата и творештвото како возвишени облици на човечка духовна слобода, впрочем „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, тоа е културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажен културен идентитет и долг духовен емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската, истакна меѓудругото претседателката Силјановска Давкова. Во следните денови ќе бидат прикажани 84 филмови, а Битола ќе пречека 1.000 автори, професионалци и гости од целиот свет. На вечерашната свеченост беше доделена наградата на „Сумолајт“ која е доделува за тандем од кинематографер и негов гафер. Годинава добитници се: Мајкл Снајмен и Михалаче Флорин. -Ако некој ми кажеше дека некогаш ќе стојам на оваа сцена и ќе ја примам оваа награда ќе му речев дека се шегува. Благодарам „Браќа Манаки“, благодарам „Сумолајт“ , благодарам Мајкл Снајмен, рече Флорин заблагодарувајќи се за признанието. Снајмен рече дека е благодарен и горд што стои вечерва заедно со Флорин на сцената и се заблагодари на фестивалот „Браќа Манаки“ што го наградува ваквото партнерство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
БизарноСо години одел на крилјата- сега паторот Сту доби протези наместо нозе (ВИДЕО)Паторот по име Сту, кој немал стапала, неодамна добил протези кои му овозможуваат да оди без тешкотии. Паторот од Пенсилванија добил нов животен век, а Животинскиот резерват „Џ енд Џ Фармс“ објавил дека Сту учи да оди со помош на неговите нови протези, објави Пипл. Заедно со објавата, спасувачите споделиле трогателна фотографија од паторот како стои. „Сту сфаќа како да стои во нив, но може да направи само неколку чекори пред да почне да се наведнува напред“, соопшти засолништето. „Мускулите на градите му се неверојатно силни, бидејќи со години се движел главно со крилјата.“ Засолништето вели дека ќе му треба време на Сту повторно да научи да се потпира на нозете наместо на крилјата. Кога паторот Сту пристигнал во Животинскиот резерват „Џ енд Џ Фармс“, било откриено дека е роден без една нога. Иако научил да оди на една нога, ситуацијата се променила со доаѓањето на зимата. „Тој беше надвор со остатокот од своето јато за време на екстремно студеното време. Птиците што ги имаат обете нозе можат да ја префрлат својата тежина од едната на другата, ставајќи ја онаа што моментално не ја користат во пердувите на стомакот за да ја одржат топла. Сту ја немаше таа опција и претрпе тешки смрзнатини на единствената нога, која на крајот ја изгуби“, објавија Џ и Џ, ветувајќи дека ќе ги информираат следбениците за напредокот на Сту со неговите нови нозе.Тагови: крилја протези Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
СветНа Кристи Пајк ѝ се подготвува егзекуција што нема да ја преживее Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, објави нови информации за статусот на Криста Пајк, затвореничка осудена на смрт која преживеа обид за егзекуција. Пајк требаше да биде погубена со смртоносна инјекција на 30 септември, но преживеа две дози пентобарбитал. Нејзината состојба беше критична со денови, а сега гувернерот и неговиот веројатен наследник проговорија за нејзината судбина, објави „Унилад“. Потсетете се дека Криста Пајк беше осудена на смрт пред повеќе од три децении. Таа беше прогласена за виновна за убиството на Колин Слемер во 1995 година. Пајк, нејзиното тогашно момче Тадарел Шип и пријателката Шадола Петерсон ја намамија Слемер во шумата во Ноксвил, каде што ја претепаа и ја избодоа. На крајот ѝ врежаа пентаграм во нејзините гради. Во неодамнешно интервју за WSMV, гувернерот Бил Ли наговести дека Пајк сè уште може да биде погубена, освен ако судовите не одлучат поинаку. „Што се однесува до некој како Криста Пајк и нејзиниот криминал, таа сè уште е во затвор според законите на државата Тенеси“, рече Ли. „Претпоставувам дека нејзината казна ќе остане иста како што беше досега, освен ако судовите не одлучат поинаку“, додаде тој. Не е познато како би можела да се изврши уште една егзекуција. Во Алабама, двајца затвореници, Кенет Смит и Алан Милер, преживеаја неуспешни обиди за смртоносна инјекција во 2022 година, само за да бидат егзекутирани со азотна хипоксија две години подоцна. Криста Пајк, во случај на втор обид за егзекуција, би можела да побара електрична столица бидејќи нејзиното злосторство е извршено пред 1 јануари 1999 година. Марсија Блекбурн, фаворитот да го наследи Ли како гувернер на изборите на 3 ноември, рече дека едно решение за избегнување нови неуспешни обиди за егзекуција е „враќањето на електричната столица“. „Криста Пајк требаше да биде егзекутирана одамна“, напиша таа на платформата X. „Оваа неуспешна егзекуција само ја продолжува болката на семејството на Колин Слемер. Иако е неопходна темелна истрага за тоа што се случило и зошто судењето не успеало, одговорот е едноставен: вратете ја електричната столица и брзо донесете правда за жртвите. Како ваша гувернерка, токму тоа ќе го направам“, рече таа. Пајк се опоравува на рехабилитација Адвокатите на Криста Пајк велат дека неуспешната егзекуција ѝ оставила тежок оток на рацете, пневмонија и згрутчување на крвта додека била во болница. Нејзиниот адвокат, Ренди Спајви, го опиша обидот за егзекуција како „суров“ и „мачен“. Нејзината состојба се подобрила откако се освестила и почнала да зборува, а набрзо повторно одела. Пајк оттогаш е пуштена од болница и продолжува со закрепнувањето во Центарот за рехабилитација Дебра К. Џонсон во Нешвил. Нејзиниот адвокат неодамна изјави за TMZ дека Пајк продолжува да се опоравува физички и сè повеќе оди самостојно. Тој додаде дека таа сега комуницира појасно и формира целосни реченици. „Криста се справува со длабока психолошка траума“ Откако Пајк беше вратена во затвор, нејзините адвокати издадоа соопштение. „Таа е благодарна на службите за итни случаи и медицинскиот тим за нивната грижа во овие исклучителни околности. Таа продолжува да добива медицинска нега во затворот, а ние ќе продолжиме да го следиме нејзиното закрепнување“, рекоа тие. Нејзиниот правен тим, исто така, се осврна на психолошките последици. „Криста се справува со длабока психолошка траума од преживувањето на обидот за егзекуција, што вклучува ужас, болка и неизвесност од верувањето дека ќе умре“, рекоа тие.Тагови: егзекуција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаРоверот на НАСА пронајде најситни честички прашина на Марс Роверот „Персеверанс“ на НАСА откри ултрафини честички прашина на Марс, со дијаметар од само 100 нанометри, околу 500 пати потенки од човечка коса, што ќе има импликации врз планирањето на човечки слетувања на планетата.Според студијата на научниот тим „Персеверанс“, роверот на НАСА, кој ја истражува областа на кратерот Езеро во северната хемисфера на Марс од слетувањето во 2021 година, ги откри најмалите честички прашина досега регистрирани, објави Ројтерс. Планетарниот научник Скот Ван Бомел од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис изјави дека „помалата големина на честичките не мора нужно да ја направи прашината поопасна, но помалите честички имаат поголем потенцијал да навлезат подлабоко во човечкото тело, каде што е потешко за телото да ги отстрани“. - Како и со секоја супстанца, токсичноста зависи од дозата и времетраењето на изложеноста. Прашината на Марс содржи силициум диоксид, соединенија на железо и соединенија на хлор, како што се перхлорати, за кои е познато дека се штетни во доволно високи дози овде на Земјата, рече Ван Бомел, кој е член на научниот тим на мисијата „Персеверанс“ и главен автор на студијата што ги опишува наодите. Научниот тим анализирал честички прашина што се залепени за опремата на роверот, вклучувајќи материјали што се користат за изработка на вселенски одела, и го носел возилото со шест тркала за да види како ќе издржат на суровите услови на планетата. Претходните мерења откриле честички прашина на Марс до околу три микрометри во дијаметар, но инструментот, наречен PIXL (Планетарен инструмент за литохемија на Х-зраци), открил две категории на уште помали честички. Покрај ултрафините честички, постоела и категорија на фини честички, со дијаметар помал од 2,5 микрометри, што е 30 пати потенки од човечка коса. Овие честички можат да бидат доволно мали за да навлезат во белите дробови на астронаутите, да влезат во крвотокот и потенцијално да ги оштетат виталните органи. Друга загриженост е дека марсовската средина и физичките својства на прашината на крајот би можеле да ги оштетат материјалите што се користат за изработка на вселенски одела и живеалишта. „Немаме докази дека прашината ги оштетила материјалите што се користат во вселенските одела, само дека материјалите реагираат различно на прашината“, рече Ван Бомел. НАСА планира да испрати астронаути на Марс уште во 2030-тите. „Ова знаење ќе помогне во дизајнирањето на идните системи за поддршка на животот за човечки мисии на Марс, вклучувајќи го и изборот на материјали за вселенски одела и живеалишта, како и методите за чистење што се ефикасни за честички со големина под микрони. Исто така, ги надополнува упатствата и протоколите што ги воспостави НАСА во врска со токсиколошките ризици“, рече Ван Бомел.Тагови: НАСА роверот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook