Шоу бизНејзиниот маж го обвинија за злоставување: Следуваше развод, а загуби трпи и бизнисотОткако скандалот за сексуалните злоставувања на Харви Вајнштајн еруптираше во есента минатата година, холивудскиот могул се повлече од јавноста и се разведе од својата сопруга, дизајнерката Георгина Чепмен. Нејзиниот живот оттогаш се “преобрази“.После разводот, иднината на модната линија на Георгина „Марчес“, која ја започна со партнерката Керен Креј во 2004 година, тотално е неизвесна. „Ревиите на нејзиниот моден бренд беа главни на модната недела во Њујорк во претходната деценија, но оваа година брендот Марчес ја откажа февруарската ревија, пишува „Пипл“. So excited for the #fw18marchesabridal show next week!! #ss18marchesabridal #marchesa A post shared by Georgina Chapman (@georginachapmanmarchesa) on Sep 27, 2017 at 3:44pm PDT Како што е познато модната куќа нема да има типична ревија на која ќе се покажуваат нови креации, па колекцијата за есен 2018 година ќе биде прикажана во нов формат. Марчес смислува начин на кој ќе ја претстави својата нова колекција за есен, потврди гласноговорникот. Во октомври, креаторката Георгина соопштила дека го напушта Вајнштајн после 11 години брак, а главната причина за разводот се обвинувањата за сексуално вознемирување и злоставување. „Згрозена сум и осрамотена. Освен тоа што целиот случај влијае на мене и моето семејство, го загрозува и мојот моден бренд кои го сакаа многу актерки. Моето срце се крши поради сите жени кои патеа“ – изјави своевремено креаторката. Инаку, Георгина и Харви веднаш спогодбено се разведоа. Според предбрачниот договор, продуцентот е должен на својата поранешна сопруга да и исплати повеќе милионски износ. Според пишувањето на Њујорк пост, износот изнесува меѓу 15 и 20 милиони долари. Во медиумите се огласи и холивудскиот продуцент кој потврди дека разводот бил најдобра одлука за семејството. „Одлуката да се разведеме е на Георгина. Ја сакам повеќе од се и ја почитувам нејзината желба. Со денови зборувавме за тоа што е најдобро за нашето семејство“ – изјави Вајнштајн кој исто така се соочува со проблеми во кариерата. Marchesa loungewear ;) #marchesa #lounge A post shared by Georgina Chapman (@georginachapmanmarchesa) on Sep 27, 2017 at 6:33pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМагационер бил отпуштен поради наводна кражба на два пара боксерки- сега ќе добие 12.710 евра отштета Суд во Холандија донесе пресуда во случајот на привремен работник во магацин вработен во Темпо-Тим, на кого ќе му бидат исплатени вкупно 12.710 евра отштета откако судот утврди дека бил отпуштен без основана причина.Компанијата го отпуштила поради наводна кражба на два пара боксерки „Келвин Клајн“ од магацинот каде што работел, објави „NL Times“. Фотографија како доказ Работникот тврдел дека долната облека ја купил неколку месеци претходно на распродажба на примероци и дека ја имал во чантата бидејќи одел во теретана по работа. Тој доставил фотографија од јануари како доказ на која носи една од боксерките, објаснувајќи дека се продавале во пакувања од по три. Темпо-Тим тврдел дека вработениот го прекршил правилото на клиентот дека вработените не смеат да носат или поседуваат облека од „Келвин Клајн“ или „Томи Хилфигер“ на работа. Компанијата изјавила дека работникот не докажал дека легално ја стекнал долната облека. Отпуштањето било незаконско Сепак, судот утврди дека дури и евентуалното кршење на правилата за носење брендирана облека не претставува доволен доказ дека работникот имал намера да украде долна облека од магацинот. Судот изјави дека Темпо-Тим не дала доволно причини за таков заклучок и утврди дека отпуштањето е незаконско. На компанијата ѝ беше наложено да му исплати на работникот 6.000 евра за изгубена заработка, 1.550 евра надомест за промена на работното место и 3.000 евра за неоправдано отпуштање, плус повеќе од 2.150 евра за наплата и судски трошоци, како и камата во случај на доцнење.Тагови: боксерки отштета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДиректорката на ММФ со предупредување до светот: Не можеме повеќе да одложувамеДиректорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост .Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека земјите ширум светот треба побрзо да го намалат јавниот долг и да одговорат на зголемената нееднаквост бидејќи се соочуваат со последиците од ширењето на вештачката интелигенција, високите долгови и војните на Блискиот Исток и Украина. - Не можеме повеќе да ги одложуваме неопходните мерки - ги имате алатките, сега покажете мудрост да ги користите - рече Георгиева во говорот во Сингапур, во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок следната недела, пренесе АП. Таа предупреди дека прекумерниот долг е се поголем товар и за богатите и за земјите со ниски приходи, кои треба да изберат помеѓу инвестирање во јавната благосостојба и отплата на долгот во услови со високи каматни стапки. Георгиева укажа и на ризиците поврзани со брзиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција (АИ) и изградбата на центри за податоци. Според неа, инвестициите во вештачката интелигенција би можеле да го надминат релативниот обем на трошоци за железници, електрични мрежи и телекомуникациски системи. Георгиева ги повика земјите да влијаат на јавната потрошувачка и, доколку е потребно, да ги зголемат трошоците за задолжување за да ја контролираат инфлацијата, притоа да ги заштитат најранливите. Таа укажа и на потребата од регулирање на вештачката интелигенција, обука на работници, пофлексибилен пазар на трудот, поттикнување на претприемништвото и зајакнување на енергетската безбедност. Според неа, брзиот развој на вештачката интелигенција особено им користи на земјите со силни технолошки сектори, притоа заобиколувајќи многу други земји и со тоа дополнително ја продлабочува економската нееднаквост.Тагови: ММФ директорката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаЗоран Доревски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју гостува д-р Зоран Доревски, автор на книгата "Скопски атентат".31 година од неуспешното убиство на Претседателот Глигоров, зошто по 3 децении не е обелоденета целосната вистина? Книгата дава индиции и анализа на податоци - се знаат ли мотивите, нарачателот и извршителите? Можеа ли службите да го превенираат настанот? Што се случува во пост-атентаторска Македонија? Утре интригантно Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Доревски веднаш по централните вести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter