Синоќа ПСЖ како гостин на Олд Трафорд го победи Манчестерр Јунајтед во дербито на денот во Лигата на шампионите со 3-1 , Нејмар постигна два гола, а потоа ги „запали“ социјалните медиуми.
Бразилецот откри дека најмногу од се сака повторно да игра со Лионел Меси, покрај тоа Нејмар потврди дека има големи шанси тие двајца следната сезона повторно да заиграат во ист дрес.

-Она што најмногу го сакам е да играм повторно со Лео Меси. Сигурно е дека е потребно да играме заедно следната година, изјави Нејмар веднаш по дербито во Манчестер.
Нејмар со оваа изјава остана недоречен тој не откри во кој клуб тој и Меси повторно би играле заедно.
Одамна медиумите шпекулираат дека Нејмар сака да се врати во барселона каде играше од 2013 до 2017 година. Од друга страна пак Меси е на излезната врата на Барса по судиурот со управата на клубот, а сомнителен е и неговиот однос со Роналд Куман.