Извршниот директор на Евровизија, Џон Ола Санд, рече: "Европската радиодифузна унија никогаш не го потврди настапот на Мадона . Ако немаме потпишан договор, таа не може да настапи на нашата сцена .
Натпреварот се одржува во Тел Авив во Израел на 18-ти мај.Настапот на Мадона беше најавен од нејзините американски и британски публицисти во април.
Тие рекоа дека ѕвездата требаше да отпее две песни за време на паузата по гласањето - една од нејзиниот нов албум, Мадам X, и уште една за која се шпекулираше дека е ,,Молитва” од 1989 година.