Неговата брзина ќе биде 1500 километри на час, ќе го пробива звучниот ѕид (видео)

Американската вселенска агенција НАСА ќе ја ангажира компанијата Локид Мартин за проектирање, изградба и тестирање на авион кој ќе лета побрзо од звукот и ќе го пробива звучниот ѕид со многу ниско ниво на бука, наведуваат официјалните претставници.

Договорот е вреден 247,5 милиони долари, а пробниот лет на авион е најавен за 2021 година.

Експерименталниот авион “ќе кружи на висина од 16.8 километри, со брзина од околу 1.5000 километри на час, а при пробивањето на звучниот ѕид нема да произведува звучен удар туку звук сличен на затворање на врата од автомобил, на перципирано ниво на бука од 75 децибели, навела американската вселенска агенција во своето соопштение објавено во вторникот.

Веќе кон средината на 2022 година авионот според плановите на НАСА би требало да лета над група американски градови поради собирање податоци и реакции на заедниците.

Целта на проектот е да се овозможи тивок лет со брзина поголема од брзината на звукот и ќе отвори “нови трговски комерцијални товарни и патнички патишта во воздушното патување побрзи од звукот“, соопшти НАСА.


Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во акција по повод шестдеценискиот јубилеј.

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна.

-Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените дадоа идеја една од тие акции да биде и крводарителската, што значи Судот ја покажува и својата хумана храна. Повеќе од половината вработени се пријавија за давање крв или од вкупно 60 повеќе од 30 се согласни да дадат крв, изјави Кацарска.

Акцијата се одржува под мотото „Биди хуман - спаси живот”, во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Почна во 9 и ќе трае до 14 часот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето крв и мотивирање на поголем број луѓе за доброволно дарување.

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

САД планираат и иницираат воени конфликти ширум светот: против Русија, Палестина, Кина, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

„САД планираа серија воени конфликти, а за тоа сведочи издвојувањето на 95 милијарди долари за овие цели. Војната на Украина против Русија беше планирана најмалку 20 години за да ја уништи моќта на Русија, но САД не успеаја да го направат тоа. Денес Русија е посилна економски, политички, социјално, технолошки и воено“, изјави венецуелскиот лидер во авторската емисија „Со Мадуро плус“.

Војната во Палестина се води за да се „консолидира моќта на ционизмот на Блискиот Исток“, истакна Мадуро и посочи дека САД „денес се обидуваат да започнат војна во Тајван против братската Кина“.

Тој, исто така, истакна дека САД формирале база за ЦИА и Јужната команда на американските вооружени сили на територијата на Гвајана Есекибо, која Венецуела ја смета за дел од својата земја.

„Тие планираат да започнат воен конфликт овде“, изјави претседателот на Венецуела и заклучи дека за САД војната е политичка и економска работа.

Хутите нападнале товарен брод во грчка сопственост

Според истите информации товарниот брод „Кикладес“ бил нападнат со три проектили и дронови, но продолжил да плови.

Товарен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Малта бил на мета на напад од Хутите во Црвеното море, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации товарниот брод „Кикладес“ бил нападнат со три проектили и дронови, но продолжил да плови.

Паралелно, на мета на напад на Хутите биле и уште еден товарен брод, како и два американски воени бродови.

притисни ентер