Неготино бара да воведе полициски час- состојбата со корона вирусот оценета за алармантна

Неготино ќе побара од републичкиот Кризен штаб дозвола за воведување полициски час на територија на општината на неопределено време..

Полицискиот час се бара за спречување на ширењето на корона вирусот , информираа попладнево од неготинската локална самоуправа.

Било констатирано дека состојбата со корона вирусот била алармантна ,а бројот на активни случаи во моментов изнесувала 279.

Последниот биланс за овој град се 30 новозаразени .

Поради короната, значително скокна испораката на компјутери во светот

Глобалните испораки на компјутери се зголемиле во првиот квартал со најбрзо темпо во последните две децении, бидејќи бројни влади во корона кризата организираа часови преку Интернет, покажува истражувањето на Гартнер.

Испратени се вкупно 69,9 милиони компјутери и лаптопи во првите три месеци од оваа година, што е за 32% повеќе од истиот период минатата година.

Кинескиот „Леново“ зазеде водечка позиција на пазарот со удел од 25,1 процент, по што следат „HP“, „Dell Technologies“, „Apple“ и „Acer“, се вели во извештајот.

Во Гартнер, посочуваат дека скокот во испораките треба да се гледа низ призмата на минатогодишните ограничувања поради пандемијата и недостигот на чипови.

„Да немаше хаос во испораките на почетокот на 2020 година, растот во овој квартал можеше да биде помал“, рече директорот за истражувања на Гартнер, Микако Китагава.

Компанијата ја издвоила и тројната побарувачка за Google’s Chromebook во првиот квартал благодарение на силната побарувачка од образовните институции во Северна Америка. Chromebook не е вклучен во анализата.

„Сè уште укажува на заклучок дека побарувачката за компјутери може да остане силна дури и по ублажувањето на ограничувањата“, забележуваат во Гартнер.

Бранот на побарувачка, поттикнат од коронавирусот и невидениот недостиг на полупроводници создадоа силен притисок врз ланецот на снабдување.

Во првата фаза, недостатокот на чипови ја погоди автомобилската индустрија, а сега влијае и на производството на електроника и бела техника, вклучувајќи паметни телефони, фрижидери и микробранови печки.

По координативната средба кај Џафери , за утре е закажана собраниска седница

На Координативната средба беа присутни координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО – ДПМНЕ и претставникот на политичката партија Левица,се наведува во соопштението од Собвранието.

Вонредната координативна средба ја свика претседателот на Собранието во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и работата на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од 5 месеци. Премисата беше наговестена во изјавите на сите политички чинители изминативе денови. Координаторите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ го известија претседателот за кои точки е постигната согласност за деблокирање.

Претседателот нагласи дека не смее да има приоретизирање на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии се договориле за тоа надвор од Собранието, работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум заради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со КОВИД – 19 пандемијата, или поднесување на огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието а не само законодавниот процес. Претседателот нагласи дека, праксата на условување не оди во прилог никому. Претседателот е одговорен за почитување на Уставот и Деловникот, за зачувување на дигнитетот на Собранието. Собранието е државна институција, треба да се работи на тој начин и во работата не смее да има ултиматуми.

Заклучокот од Координативната средба е дека утре (15 април), Собранието продолжува со работа по 32 седница, додека за натамошната динамика на работа, ќе се координираат дополнително.

Франција ќе ја дава вакцината Johnson & Johnson само на постари од 55 години

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ против ковид-19 во Франција ќе им се дава само на луѓето постари од 55 години, како што е случајот со „АстраЗенека“, во која што владата сè уште има „доверба“, објави АФП.

Вакцината на производителот беше прекината во Соединетите Држави и Јужна Африка поради ретка појава на тромбови, по што лабораторијата ја одложи испораката на вакцината за еднократна употреба во Европа, четврта по ред одобрена од ЕМА во ЕУ.

ЕМА ќе објави нова проценка на таа вакцина следната недела.

"Ја примивме првата пратка од таа вакцина. Околу 200.000 дози пристигнаа на почетокот на неделата и ние само ја дистрибуираме до матичните лекари и аптеките", рече владиниот портпарол Габриел Атал.

„Очигледно, ќе ја дистрибуираме и администрираме под истите услови како и вакцината АстраЗенека, т.е. на возраст над 55 години“, истакнал Атал.

Оваа вакцина, продолжи тој, „покажува многу добри резултати и ефикасно штити од тешки форми на болеста“.

притисни ентер