БалканНедостиг на судска и медиумска независност и корупцијата главни проблеми во АлбанијаВо извештајот на Стејт Департментот се забележува дека има и напредок.Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент. Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси го спречија судството да функционира целосно, независно и ефикасно“. Во извештајот се забележува дека има и напредок, а се споменува и Специјалната антикорупциска структура, која во текот на изминатата година истражуваше, гонеше и казнуваше високи функционери и членови на организиран криминал, инволвирани во корупција. Корупцијата, се наведува во извештајот, била присутна во сите гранки и нивоа на власта, вклучително и јавните набавки и јавно-приватните партнерства. Еден од главните проблеми споменати во извештајот е состојбата на медиумите и притисокот врз нив. Според извештајот, набљудувачите тврдат дека „владата, политичките партии, бизнисите и криминалните групи се обиделе да влијаат врз медиумите на несоодветен и нетранспарентен начин“. Има слободни медиуми и пролиферација на медиуми, особено на интернет, кои претставуваат широк спектар на ставови без одговорност, честопати без потврдени информации. „Меѓутоа, независните медиуми се многу малку, бидејќи повеќето медиуми се во сопственост на моќни бизнисмени со сопствени интереси кои ги користат нивните медиуми за унапредување на сопствените интереси, вклучително и профитерство и промовирање на интересите што ги имаат со политички партии, се вели во извештајот. Стејт департментот, исто така, наведува дека има веродостојни извештаи дека високи претставници на медиумите ги користеле истите за да ги уценуваат бизнисите, заканувајќи им се со негативно покривање. „Политичкиот притисок, корупцијата и недостатокот на финансирање ги ограничија независните печатени медиуми, а новинарите, наводно, практикувале самоцензура, се констатира во извештајот. Според Стејт департментот, во извештајот на Меѓународната мисија за набљудување на изборите по парламентарните избори во април 2021 година се проценува дека новинарите останале ранливи на притисок и корупција. Осврнувајќи се на овие избори, во извештајот се наведува дека според Меѓународната мисија на набљудувачи, иако изборите генерално биле добро организирани, владејачката партија обезбедила значителни предности од фактот дека е на власт, од контролата врз локалните администрации и од злоупотребата на административни ресурси. Во извештајот се наведуваат и веродостојните наводи за широко распространето купување гласови од страна на политичките партии и незаконското извлекување и користење на чувствителни лични податоци. „Некои сопственици на бизниси, граѓански активисти и политичари ја обвинија владата дека селективно го применува законот за одземање имот за политички цели. Примерите вклучуваат насилно затворање на деловен простор на пратеник од опозицијата, кој рече дека неговата фирма била цел, бидејќи постојано и јавно обвинувал владини функционери за корупција, стои во извештајот. Зборувајќи за правата на жените, во извештајот се забележува дека владата не го спроведувала ефективно законот кога станува збор за злоставување. „Во извештајот се наведува и дека властите немаат објавено податоци за кривично гонење за случаи на силување од брачен другар. Концептот на силување од сопружник не едобро разбран и властите често не го сметаат за кривично дело. Иако законот забранува сексуално вознемирување, официјалните лица ретко ја спроведуваат обврската од законот, се констатира во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права за 2022 година во делот за Албанија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДобри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања. Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми. „Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој. „Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“ Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија? „Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“ Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена. Извор: Б92Тагови: Nintendo Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36