Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
2Пилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловци
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ХороскопНеделен хороскоп за периодот од 4.11 до 11.11. 2019 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 4. ноември до 11.ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате во теретана . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаСДСМ: Мицковата шема има иста шема- Шема зборува како арамијатаИгор Ивановски: „Јас сум за ЕУ, но не по секоја цена.“ Мицкоски одамна ја кажа истата реченица: сакаме во Европската Унија, ама не по секоја цена. Одеднаш истите зборови. Истот речник. Истата кочница. Како тоа одеднаш истиот став? Како истите реченици токму сега, пред посетата на Фон дер Лајен? Арамијата Мицкоски веќе ја подготви листата со изговори: референдум во Исланд, војни, избори во покраини каде победуваат екстремни структури, Ле Пен во Франција, светот се менува, другото не е на нас. Што имаат германските покраини и францускиот циклус со патоказот што нам не ни го дадоа? Ништо. Имаат функција: да објаснат зошто ние стоиме, а вината да не падне на кабинетот. Чудно како сите шеми водат кон Шема, кон Ќурчиев, кон Андреј Перов, кон Славјанка- тендер од 1,6 милиони евра. Чудно е како одеднаш руската партија Левица, анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка - се коалицира со ЗНАМ, прва и втора верзија и со кафеанската платформа. Лажна опозиција, а истиот далечински управувач за таа елита. Сега јасно ли им е на граѓаните која е српско-руската агенда? Македонија надвор од Европската Унијата. Институции на телефон. Патоказ за другите. За нас ходник, антимон и „не по секоја цена“. Цената ја плаќа народот. Не кабинетот. СДСМ е за ЕУ по заслуга, и за реформи, судство, закон за сите. Тие се за цена што ја крои Мицкоски. Затоа платформата го зборува неговиот јазик. Затоа „Спутник“ се прави опозиција. Затоа вратата стои затворена. Нема две политики. Има една шема и еден арамија на чело со истиот далечински управувач. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
СветПилоти на патнички авион се тепале во воздух: Израелците, мислејќи дека станува збор за киднапирање, кренале ловциАвион на компанијата „Flydubai“, кој летал од Дубаи кон Тел Авив со 174 патници (вклучувајќи 27 деца), извршил принудно слетување во Саудиска Арабија по физичка пресметка меѓу двајцата пилоти во пилотската кабина.Тепачката го активирала алармниот сигнал, што во првиот момент предизвикало сомнеж за киднапирање, па Израел веднаш кренал борбени авиони, пренесува израелскиот портал „Ynet News“. За време на летот кон Израел, авионот накратко испратил сигнал што укажувал на незаконско мешање во летот. Израелските власти првично го третирале инцидентот како потенцијално киднапирање, но подоцна утврдиле дека алармот всушност бил резултат на насилство и физички конфликт меѓу самите пилоти во кабината. Авионот потоа бил пренасочен кон Саудиска Арабија, каде што се спуштил на помала висина и конечно безбедно слетал на пистата. Израел кренал борбени авиони и свикал кризен состанок Инцидентот поттикнал голема безбедносна операција во Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац веднаш свикале итни безбедносни консултации, додека Оперативниот оддел на израелската полиција наредил формирање заеднички команден центар со сите безбедносни служби. Шефот на израелската полиција, Дани Леви, исто така дал проценка на ситуацијата. „Се подготвуваме за секое можно сценарио“, изјавил Леви во време кога околностите за тоа што се случувало во авионот сè уште не биле разјаснети. Пилотите испратиле код за киднапирање и го свртеле авионот Летот на „Flydubai“ полетал од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, во 7:05 часот наутро, а слетувањето на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив било планирано за околу 9:30 часот. Околу час и половина по полетувањето, додека авионот влегувал во воздушниот простор на Јордан, предавателот емитувал транспондер-код 7700, што претставува меѓународна ознака за општа опасност. Кратко потоа бил испратен и кодот 7500, кој укажува на незаконско мешање и стандардно се користи кога авионот е киднапиран. Речиси истовремено, авионот го променил правецот, се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија и почнал да лета на значително помала висина. Откако првично се упати кон југ, авионот сврте кон запад, при што цело време се движеше во воздушниот простор над Саудиска Арабија. Изгубен контакт со пилотот – стравувања од најлошото Израелските воздухопловни сили веднаш кренале борбени авиони, додека надлежните на земјата трескавично се обидувале да утврдат што точно се случува во пилотската кабина. Во првите моменти од кризата, претставник на израелските безбедносни служби изјави дека немаат цврсти докази за киднапирање, но дека се крајно загрижени бидејќи не можеле да стапат во контакт со екипажот. „Немаме веродостојни информации што укажуваат на киднапирање, но пилотот го активираше сигналот за опасност“, изјави тогаш еден функционер за „Ynet News“, додавајќи: „Не можеме да воспоставиме контакт со пилотот, а тоа е причина за сериозна загриженост“. Тепачка меѓу пилотите Подоцна, надлежните утврдија дека алармот бил активиран поради тепачка меѓу пилотите, а не поради упад на киднапери. На крајот, авионот безбедно слета во Саудиска Арабија, заедно со сите патници. Извор: Индекс.хрТагови: пилоти тепачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЖена поднесе тужба против болница во САД: „Ми ја ампутираа погрешната нога“Жена од Охајо, која боледува од рак, поднесе тужба против Општата болница „Селби“ откако хирург наводно по грешка ѝ ја ампутирал здравата нога. Како резултат на оваа грешка, таа на крајот ги загубила двете нозе.На 19 септември 2025 година, Шерон Џекс била примена во болницата во Мариета за ампутација на десната нога под коленото. Сепак, по процедурата, таа се разбудила и открила дека ѝ е ампутирана левата нога. Овие детали се наведени во тужбата од 32 страници до која дојде медиумот „WBNS“. Подоцна, лекарите морале да ја ампутираат и десната нога, онаа што првично била планирана за операција, со што Џекс останала без двете нозе. „Ми ја ампутираа здравата нога“ „Таа отиде на операција, а кога се разбуди, виде дека ѝ ја отстраниле погрешната нога“, изјави нејзиниот адвокат, Бред Лејн. „Тоа е, сосема очигледно, целосно необјасниво.“ Џекс ја поднесе тужбата против хирургот, другите членови на хируршкиот тим и болницата на 15 септември. Во тужбата се наведува „целосен пропуст во почитувањето на основните безбедносни процедури“. Во соопштението за јавноста, нејзиниот адвокат нагласи дека „едноставно нема оправдување“ за она што се случило. Тужбата содржи девет точки, вклучувајќи груба небрежност, лекарска грешка и корпоративна небрежност. Шерон Џекс бара отштета за минатите и идните медицински трошоци, болката и страдањето, душевната болка, трајниот инвалидитет и загубата на квалитетот на живот. Хирургот ја означил правилната нога, но оперирал на погрешната? Адвокатот Лејн тврди дека грешката настанала поради пропусти на повеќе медицински лица. Медицинската документација покажува дека, пред операцијата, хирургот правилно ја означил ногата планирана за ампутација. Сепак, бил отстранет погрешниот екстремитет. „Ознаката сè уште беше на правилната нога откако ја отстранија погрешната“, рече Лејн. Според тужбата, медицинскиот тим спровел две безбедносни проверки, таканаречени „паузи за проверка“, пред самата процедура. Целта на овие проверки е да се потврди идентитетот на пациентот, планираната операција и точното место на интервенцијата пред да се направи првиот рез. „Сите во таа операциона сала се одговорни за таа проверка. Тоа ги вклучува лекарот, персоналот, медицинските сестри и анестезиологот. Во евиденцијата стои дека ова било направено двапати, а сепак на г-ѓа Џекс ѝ недостасува ногата што не требало воопшто да се допира“, нагласи Лејн. Операција извршена на погрешен дел од телото се смета за една од најсериозните медицински грешки. Во здравствениот сектор, ваквите случаи се класифицираат како „настани што никогаш не смеат да се случат“. „Ова не смее да се случува во медицината. Никаде. Дури ни во ветеринарната пракса“, додаде адвокатот. Болница: Одговорните се санкционирани Во изјава за медиумот „WBNS“, Општата болница „Селби“ потврди дека во септември 2025 година се случил „несакан хируршки настан“. Тие наведоа дека тимот веднаш реагирал за да се погрижи за пациентот и да обезбеди поддршка за нејзиното семејство. „Нашата внатрешна ревизија потврди дека овој настан можел да се спречи и дека не биле испочитувани утврдените процедури во операционата сала. Одговорните лица се соочија со последици и повеќе не ги извршуваат своите функции“, се вели во соопштението на болницата. Од болницата истакнаа дека соработувале со Одделот за здравство на Охајо, кој потврдил дека хируршките протоколи на болницата се безбедни и ефективни. Тие исто така додадоа дека се спроведени корективни мерки низ целата организација за да се спречи повторување на слична ситуација. Извор: Индекс.хрТагови: нога САД тужба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11