Продолжува хаосот во Тирана: Полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите, тие вратија со камења (ВИДЕО)
2Продолжува хаосот во Тирана: Полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите, тие вратија со камења (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 8.- 15. мај 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 8.-15. мај 2023 година Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви доѓло да повежбате во теретана . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваМарија Шерифовиќ среде ресторан на Бали си намачка паштета, сака на островот да си купи вила (ФОТО)Марија Шерифовиќ веќе некое време ужива на Бали со својот син Марио, нејзината пријателка Јована и други пријатели, што стана нејзина нова омилена дестинација.Сега се појави видео на кое Марија јаде паштета во ресторан на Бали, која ја донела од Србија, објави Телеграф. - А што правиш сега - прашала нејзината пријателка, а Марија одговорила: - Ништо, пријателке, јадам аргета - рекла Марија, а сите прснале во смеа. Како што објаснила, била сита од храната од Бали, па затоа ја извадила паштетата што ја донела од Србија од „кутијата“. - Сита сум од нашиот горен, пријателке, па види го ова, аргетата оди со домати. Доста ми е од сè, па ти јади го ова, јас веќе не го јадам - рекла Марија. Таа купува вила на Бали Срцето на Марија Шерифовиќ го освои Бали, каде што решила да купи имот за себе. Марија неколку пати била на Бали, а ова место е одмор за нејзиното тело и душа. Марија Шерифовиќ ги разгледала своите опции кога станува збор за купување куќа, а една особено ѝ го привлече вниманието. - Марија одлучила да купи куќа на Бали. Недвижностите таму не се скапи, како што мислат многу луѓе. Бидејќи го посетува овој остров неколку пати годишно, бидејќи таму го пронашла својот внатрешен мир, сфатила дека најисплатливо ќе биде да купува недвижнини. Повеќе нема да троши големи суми пари за сместување, а секогаш ќе има каде да оди и целосно да се опушти. Нејзината блиска пријателка Јована, како и нејзината мајка Верица, целосно ја поддржаа во оваа идеја - вели извор близок до пејачката и додава: - На Марија особено ѝ се допадна една куќа во изградба. Целиот комплекс е сè уште во изградба, а вселувањето е планирано за август оваа година - вели изворот, кој исто така опиша како изгледа куќата. - Куќата има 111 квадратни метри простор за живеење, додека земјиштето е распослано на 195 м2. Ова е нов премиум клубски комплекс од вили и апартмани на Бали. Куќата се наоѓа на локација со најдобар поглед на Улувату. Парцелата е 2,5 хектари. Сè е како во филмовите. - Се наоѓа во непосредна близина на океанската карпа, опкружена со шума од манго дрвја, а тука е и познатото одморалиште. Плажата е на пет минути од куќата, а во рамките на комплексот има три надворешни базени, ресторани, барови, фитнес сала, спа центар... Ќе имаат и продавници, па дури и хелиодром. Еден дел е наменет за деца, а детската зона е нешто невидено. Кога го видела, знаела дека ова е совршено за нејзиниот син Марио - заклучува изворот.Тагови: Марија Шерифовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски по средбите во Осло е подготвен да седне на заедничка маса со Путин, има само еден условУкраинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Осло изјави дека за време на неговите разговори со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, биле разгледани „јасни идеи“ .Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Осло изјави дека за време на неговите разговори со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, биле разгледани „јасни идеи“ за тоа како да се постигне мир и можноста за одржување трилатерален состанок на лидерите. Зборувајќи во норвешката престолнина, Зеленски рече дека еден од следните чекори би можел да биде состанок на највисоко ниво, на кој би се решавале прашања за кои, според него, можат да одлучат само лидерите на државите, објави Скај Њуз. „Една од важните идеи е да се оди кон можен трилатерален состанок на лидерите за решавање на прашања што можат да ги решат само лидерите“, рече Зеленски. Тој додаде дека Виткоф утре ќе отпатува во Русија. „Стив утре ќе оди во Русија и ќе видиме што има да каже Путин“, рече Зеленски. За време на престојот во Русија, се очекува Виткоф да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можното продолжување на мировниот процес. Кремљ претходно објави дека очекува американскиот претставник да го информира Путин за позициите на украинската и европската страна што ги слушнал за време на разговорите во Осло. Зеленски: Ништо за Украина без Украина Украинскиот претседател се осврна и на извештаите за можна трилатерална средба меѓу САД, Русија и Кина. Зеленски рече дека не може да се постигне договор во врска со неговата земја без директно учество на Киев. „Ништо за Украина без Украина“, рече Зеленски. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изрази подготвеност за можна трилатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и Путин. Според достапните информации, таква средба би можела да се одржи за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во ноември, иако главната тема би била нуклеарното оружје и контролата на оружјето, а не исклучиво војната во Украина. Зеленски во Осло на средба со Виткоф Зеленски денес во Осло имаше средби со Виткоф, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стабс. Претставници на Велика Британија, Франција, Германија и Полска, како и претставници од Европската Унија и НАТО, исто така учествуваа во разговорите, додека Џаред Кушнер се придружи преку видео врска поради болест. Норвешката влада соопшти дека Зеленски побарал од Норвешка и Финска да го организираат состанокот како дел од дипломатските напори во критичен момент за Украина. Посетата доаѓа во време на сериозно влошување на односите меѓу Киев и Вашингтон. Зеленски ги критикуваше доцнењата во испораката на американските системи за воздушна одбрана, проблемите со споделувањето податоци за руските ракетни напади и ограничувањата за користење на сателитскиот систем „Старшилд“ во последните денови. Во исто време, Трамп ги засили критиките кон Зеленски и рече дека Украина можеби ќе треба да назначи друго лице да ги води преговорите со Русија. Затоа, состанокот во Осло се смета и за обид за обновување на политичкиот дијалог меѓу Киев и Вашингтон и наоѓање формат за продолжување на преговорите. Зеленски разговараше со Виткоф и Кушнер на 18 октомври за резултатите од претходните дипломатски контакти и следните чекори, а денешната средба претставува продолжение на тие разговори на највисоко политичко ниво. Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжува хаосот во Тирана: Полицијата со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите, тие вратија со камења (ВИДЕО)Полицијата во Тирана денес употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред Министерството за образование, откако демонстрантите фрлаа камења кон зградата и полицајците.Ситуацијата пред Министерството за образование се затегна откако демонстрантите повторно ја нападнаа и оштетија зградата, по што полицијата интервенираше за да ги отстрани од зградата, јавува албански „Еуроњуз“. Демонстрантите фрлаа камења кон полицајците и полициските возила, а некои се обидоа да спречат поминување на цистерна за вода стоејќи пред неа. Полицијата соопшти дека седум полицајци се повредени за време на интервенцијата, додека голем број демонстранти го напуштија просторот пред Министерството откако употребија солзавец и водени топови. Протестите во Тирана денеска влегоа во осмиот ден, а пред собирот на студентите и младите, албанскиот премиер Еди Рама постави столчиња пред својата канцеларија на кои напиша дијалог, но демонстрантите одговорија со кинење на столчињата и пишување на зборот „Оставка“ на хартија. Еден демонстрант рече дека премиерот „може да види дијалог само во соништа“, додавајќи дека „дијалогот го водат оние што го следат“. По протестот во понеделник во Тирана, уапсени се 33 лица, а против 41 лице е поднесено обвинение. Според Управата за локална полиција во Тирана, за време на митингот повредени се седум полицајци. Меѓу уапсените се шест малолетници, на возраст од 15 и 17 години. Сите уапсени се осомничени за напаѓање на полицајци и возила во сини униформи со камења и тврди предмети, како и за оштетување на канти за ѓубре и сообраќајни знаци, користејќи тврди предмети и оган. Police spared not even the professors, firing tear gas & blast water cannons at them during the protest at the Ministry of Education. Yet, police continued terrorizing Albanian teenagers, stopping them in the streets without cause & conducting searches under psychological terror. https://t.co/hKrJpQ9uCP — Tirana Report (@Tirana_Report) October 20, 2026 Полицијата соопшти дека за време на седумдневните протести во Тирана се уапсени вкупно 271 лице, од кои 51 имаат криминални досиеја во различни области, вклучувајќи убиство, предизвикување повреди, нелегално поседување оружје, производство и продажба на дрога, проституција, кражба, измама и фалсификување документи.Тагови: водени топови Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50