3Директорот на споменикот „Македониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ХороскопНеделен хороскоп за 28. октомври до 3. ноември 2019 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 28. октовмри до 3. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче. -Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда . ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања. -По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ. -Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ. За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања. -Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ. -Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица. Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ. Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазарЕвропската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија.Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија чиишто нови детали ги објави Политико. Реномираниот портал пишува дека на овие држави ќе им се понуди постепена интеграција во единствениот пазар, вклучително и непречена трговија корисна за бизнисите. И во денешниот обемен текст Политико ги посочува земјите кои наскоро ќе добијат т.е. патоказ за забрзување на евроинтеграциите. На Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани да го забрзаат процесот на нивно пристапување во наредните години. За другите, како Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, процесот се одолговлекува, при што расте загриженоста дека тие би можеле да го загубат интересот или да гравитираат поблиску до Русија или Кина. Премиерот Мицкоски кој вчера и на претходните написи на Политико изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ, денеска само повтори дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите вели се веќе познати и непроменети. За критиките од лидерот на СДСМ Филипче дека Владата нема намера да ги продолжи евроинтеграциите, премиерот изјави: „ Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Шефицата на Европската Комисија денеска ја започна турнејата во Албанија, утре ќе биде во Косово и Црна Гора, а в петок доаѓа во Скопје на средби со премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на споменикот „Македониум“ си поднесе неотповиклива оставка поради спотот на косовскиот рапер „Секси Мама“ во Македониумот за 500 евра го платија со функција директорот и членовите на Управниот одбор на историскиот музеј Крушево. Откако премиерот Мицкоски најави дека уште денеска од министерството за култура и туризам ќе побара нивно разрешување, директорот на институцијата Миха Оџаклиески експресно си поднесе неотпвиклива оставка, откако вчера пукна скандалот дека споменикот во кој се наоѓа и вечното почивалиште на Никола Карев, бил отстапен за снимање спот на косовски рапер без претходно одобрение од надлежната Управа за заштита на културното наследство. -Oдлуката е личен, морален и етички чин и израз на одговорност кон институцијата и кон јавноста. , вели Оџаклиески. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека недозволиво е културно историски споменици да бидат користени за такви намени. -Навистина она што се случило таму е нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура да биде разрешен директорот на оваа институција, заедно со Управниот одбор, зашто таков тип институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради пропустот што е направен и се случил. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани пак, претходно оцени дека станува збор за чувствителен проблем и дека при изнајмувањето на објекти кои се културно историско наследство, директорите мора да се запознаени со содржината на програмите кои се одржуваат во нив. Тој посочи и дека во владата ќе се разговара за соодветни законски измени, со цел ваков случај да не се повтори во иднина. -Законски си имаат право да изнајмуваат, но сепак директорите треба да припазат кога изјамнуваат објекти треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина. Така да нов е проблемот иако снимено е порано се уште немам јас детални информации, но сме во процес ќе видиме и со Владата ако треба ќе разговараме за овие процеси и ќе решиме како понатаму,- Седат Сулејмани – министер за култура и туризам. Оџаклиески вчера и самиот призна дека е направен пропуст, но дека недоличните сцени биле снимени на друга локација. Од Управата за заштита на културното наследство реагираа дека до нив никогаш не било доставено барање за одобрение за снимање, што е обврска во вакви случаи. Од таму објаснија дека дозвола за снимање и фотографирање во објект заштитен како културно наследство се добива ако снимањето е во согласност со промоција на македонската култура, уметност и наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter