3Данскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд
Се сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)
1Се сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 22.-29. мај 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 22.-29. мај 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате.Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни. Кариера Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок , а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот. Здравје и совет Поработете на својата кондиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Се повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак ,што се однесува до емоциите , ќе проработи вашата интровертна страна , што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого. Кариера Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите. Здравје и совет Можна е посета на непријатни роднини. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку копнеете за љубов , малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство , а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие. Кариера Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил. Здравје и совет Немојте да бидете прескромни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите , па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска , би требало да ја подобрите , а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите. Здравје и совет Не влегувајте во расправија со надредените. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак , кога ќе пресметате , нема зошто да сте незадоволни. Кариера Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете. Здравје и совет Одморајте се редовно и спијте повеќе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави , како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела. Кариера Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете , а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања , додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер. Кариера Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност , зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција. Кариера Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите. Здравје и совет Немојте да живеете на стара слава. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат . Немојте да тагувате , зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи. Кариера Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем , кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал , а ќе треба и напор за да успеете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте , со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат. Кариера Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања. Здравје и совет Помалку јадете и движете се повеќе. Овен 21.3-20.4. Љубов Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања , туку напротив , ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами , љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки. Кариера Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина , но има уште нешта што треба да се направат. Сепак , се повеќе има задоволство , па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа , ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа. Здравје и совет Мали проблеми со младите .Насмејте ги. Бик 21.4- 20.5. Љубов Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало. Кариера До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези , а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите . Истовремено , малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција. Здравје и совет Мали потешкотии со документите. Не се нервирајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Бизарно„Највалканиот човек на светот“ не се избањал над 50 години- неговата смрт останува мистерија (ВИДЕО)Аму Хаџи, ирански пустиник кој некогаш беше наречен „највалканиот човек на светот“ од страна на медиумите, одбивал да се бања со децении, верувајќи дека водата и сапунот можат да му наштетат на здравјето.Живеел во исклучително необични услови, а некои од неговите навики биле толку необични што го привлекле вниманието на лекарите и истражувачите, објавува Дејли Стар. Резултат од траумата од неговата младост И покрај сè, тој живеел до 94 години. Починал во октомври 2022 година, неколку месеци откако конечно се согласил да се бања по повеќе од половина век. Сепак, нема докази дека овој конкретен настан имал каква било врска со неговата смрт. Хаџи живеел во близина на селото Деџга, во покраината Фарс. Според неговите изјави, неговиот живот во изолација започнал по низа емоционални разочарувања што ги доживеал во младоста. Тој зборувал за овие искуства во интервју за Техеран Тајмс, објавено во јануари 2014 година. После тоа, се повлекол од општеството и почнал да живее како пустиник. На почетокот, спиел во дупка што ја ископал, а подоцна селаните му изградиле едноставно засолниште од тули. Селаните се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна, засолниште и хигиенски производи, но тој генерално одбивал таква помош. Според медиумските извештаи, Хаџи верувал дека може да се разболи од сапун и вода. Исто така, не му се допаѓало вниманието што го добивал поради неговиот начин на живот, а обидите на другите луѓе да го променат наводно го правеле тажен. За да преживее, главно се потпирал на она што можел да го најде во околината. Според неговите изјави и сведоштва објавени во медиумите, јадел месо од мртви животни, вклучувајќи ги и остатоците што ги нашол покрај патот. Особено сакал месо од еж. Се вели дека пиел вода од 'рѓосан сад што претходно се користел за складирање моторно масло, како и од барички што ги нашол во областа. Медиумските извештаи велат дека пиел до пет литри вода дневно, иако ова не е независно потврдено. Тој добил меѓународно внимание во 2014 година. Неговите навики за пушење биле исто така необични. Мештаните често му давале тутун како подароци, а некои видеа го прикажуваат како пуши по неколку цигари одеднаш. Кога немал тутун, наводно ставал сушен животински измет во лулето. Amou Haji, apodado como el "hombre más sucio del mundo", era un hombre iraní conocido por no bañarse durante más de 60 años a pesar de su estilo de vida antihigiénico. Vivió hasta los 94 años. Murió unos meses después de bañarse por primera vez en 6 décadas. https://t.co/zakVbwF9t2 — osoıɹnƆ 💀 (@RRcarlos24) May 2, 2024 Не ја сечел косата на вообичаен начин. Кога станала предолга и почнала да го мачи, ја скратувал со горење на вишокот на оган. Хаџи добил меѓународно внимание во 2014 година, кога „Техеран тајмс“ објавил сторија за неговиот живот. Деталите ги заинтересирале и експертите кои сакале да испитаат како неговото тело реагирало на децениите живот во екстремно нехигиенски услови. Според медиумските извештаи, тимот на лекари го водел д-р Голамреза Молави, паразитолог на Универзитетот за медицински науки во Техеран. Лекарите извршиле низа тестови, вклучувајќи тестови за различни видови хепатитис, ХИВ и паразитски инфекции. Резултатите, според истите извештаи, биле изненадувачки. Според извештаите, не се пронајдени посериозни инфекции што ги очекувале експертите, но е регистрирана трихиноза, паразитска инфекција што може да се пренесе со јадење сурово или недоволно зготвено месо. Д-р Молави, според истите извештаи, верувал дека живеењето во сурови услови со години можеби придонело за развој на силен имунолошки одговор. Сепак, ова не значи дека неговиот начин на живот бил здрав или дека избегнувањето на хигиената го зајакнало телото на Хаџи. Бројни шпекулации за смртта Со години, мештаните се обидувале да го убедат Хаџи да се избања, но тој упорно одбивал. Според еден медиумски извештај, за време на претходен обид да го однесат до реката, сфатил што прават и скокнал од возилото. Сепак, во одреден момент се предомислил. Медиумските извештаи наведуваат дека неколку месеци пред неговата смрт, селаните конечно го убедиле да оди во бањата и да се измие. Според извештаите, тоа било неговото прво капење по повеќе од половина век. По капењето, неговата кожа наводно била покриена со слоеви саѓи и гној што се насобрале поради многу години занемарување на хигиената. Кратко потоа, Хаџи се разболел, а неговото здравје се влошило во следниот период. Починал на 23 октомври 2022 година, на 94-годишна возраст, во селото Дежгах. Фактот дека Хаџи починал неколку месеци по првото капење предизвика многу шпекулации за можна поврзаност помеѓу двата настани. Некои медиуми и корисници на социјалните мрежи сугерираат дека отстранувањето на нечистотијата од неговата кожа можеби го нарушило неговиот имунолошки систем и така настанала мистеријата за неговата смрт. Сепак, нема сигурни медицински докази за таквото тврдење.Тагови: мистерија избањал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСе сеќавате ли на победничката на Евросонг, Кончита Вурст- сега тврди дека е хетеросексуален маж (ВИДЕО)„Јас сум хетеросексуален маж“, се пошегува Том Нојвирт, кој победи на Евросонг 2014 како Кончита Вурст. Во подкастот „Bussi Blabla“, кој го води со музичарот Џеј Џеј, тој зборуваше за тоа како се обидува да се искупи кога нешто тргнува наопаку во врската - купува подарок, објавува Heute. Нојвирт, како и Кончита Вурст, стана меѓународно препознатливо лице на ЛГБТК заедницата откако победи на Евровизискиот натпревар за песна. Неговиот победнички извик „Ние сме незапирливи“ многумина го протолкуваа како порака против хомофобијата и политичкиот прогон на квир луѓето во некои земји. „Еве, двајца сме“ Во подкастот, Нојвирт си поигра со стереотипот дека хетеросексуалните мажи купуваат подароци за своите партнерки кога ќе згрешат или кога сакаат да се поправат. Кога Нојвирт рече дека е стрејт маж, Џеј Џеј ја стави раката пред лицето и се пошегува: „Еве, двајца сме“. „Мислам дека е човечко, нели? Сакаш некако да го поправиш“, додаде Џеј Џеј. Во исто време, тој рече дека мажите во такви ситуации веројатно почесто посегнуваат по подарок. „Сега сум стрејт маж“, повтори Нојвирт на крајот од разговорот. Шегата ги насмеа и следбениците, кои оставија емотикони плачејќи од смеа под видеото на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Bussi Bla Bla (@bussiblabla) Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрв пат во историјата- Гутереш наскоро заминува, нема кој да застане на чело на Обединетите нации Обединетите нации се соочуваат со невидена ситуација - може да останат без генерален секретар, со помалку од два месеци до крајот на мандатот на Антонио Гутереш, а сè уште не е постигнат договор за неговиот наследник.Се очекува Советот за безбедност на Обединетите нации оваа недела да одржи уште едно гласање зад затворени врати за избор на нов шеф на ОН, но дури и по осум круга гласање, петте постојани членки со право на вето не успеаја да се договорат за наследник. Службениците се зафатени со подготовка на резервни планови во случај да нема никој да ја води светската организација на 31 декември, кога Гутереш ќе ја напушти функцијата. Неуспехот да се избере наследник, велат аналитичарите, е делумно последица на долгиот и нетранспарентен изборен процес, базиран на тајни гласања, што најдобро ја илустрира бавноста и блокадите што идниот генерален секретар треба да ги отстрани. На Советот за безбедност му беа потребни шест круга гласање за да го избере Гутереш во 2016 година. Уште поважно, велат набљудувачите, застојот покажува дека силите со право на вето се сè повеќе неподготвени за компромис, ситуација влошена од американската администрација што сè повеќе ја заобиколува ОН и е преокупирана со сопствените ангажмани во надворешната политика. „Загрижувачки е колку далеку сме во годината и што тоа значи за формирањето на тимот. Со оглед на тоа колку рано започна сè, не треба да бидеме во оваа ситуација“, изјави за Ројтерс Шамала Кандија Томпсон, извршен директор на Извештајот на Советот за безбедност, тинк-тенк што ја следи работата на Советот за безбедност. Гринспен и Нусибех меѓу кандидатите Кандидатите се претежно долгогодишни инсајдери во ОН и личности кои или немаат многу меѓународно признание, како што е фаворитот Ребека Гринспен, или се соочуваат со отпор поради контроверзии поврзани со нивните земји. Таков е случајот со високата дипломатка на Обединетите Арапски Емирати, Лана Нусибех, која беше критикувана за поддршката на нејзината земја за паравоените Сили за брза поддршка (RSF) во граѓанската војна во Судан. ОАЕ ги негира овие обвинувања. Кој и да победи ќе наследи организација која се соочува со огромни проблеми: војни во кои имаше ограничено влијание, пад на финансиските придонеси на САД, пад на политичкото значење поради повлекувањето на Вашингтон од десетици агенции на ОН и растечки притисок организацијата да се направи помала, поефикасна и поодговорна. Ричард Гован, експерт на ОН во Меѓународната кризна група, организација за спречување на конфликти, рече дека завршувањето на годината без избран генерален секретар за 2027 година би било „исклучително непријатно за овластувањата за вето“. Според него, таквото сценарио би им обезбедило дополнителни аргументи на многу земји-членки на ОН кои веруваат дека петте постојани членки на Советот за безбедност повеќе немаат легитимитет да управуваат со организацијата. Петте постојани членки, познати како П5, беа избрани како победници во Втората светска војна во 1945 година. Другите 10 членови на Советот за безбедност се избираат за двегодишен мандат, на регионална основа. Постојаните членки - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД - долго време се спротивставуваа на промените во структурата на организацијата, за кои многу земји-членки веруваат дека повеќе не ја одразуваат реалната геополитичка ситуација во светот. Повелбата на Обединетите нации не предвидува како да се постапи во случај на слободно место на функцијата генерален секретар. Досега, мандатот на генералниот секретар никогаш не истекол без да се избере наследник. Во септемврискиот извештај, објавен од кампањата „1 за 8 милијарди“, која се залага за потранспарентен изборен процес, беа наведени можни опции, од назначување на вршител на должноста генерален секретар на Генералното собрание од страна на Советот за безбедност, независно продолжување на мандатот на сегашниот генерален секретар. Секоја од овие опции се соочува со пречки, се вели во извештајот, но оставањето на ОН без лидер би било „крајно неодговорно“. Портпаролот на ОН одби да коментира за ситуацијата. Тајно гласање Во ерата на вештачката интелигенција и социјалните медиуми, процесот на избор на генерален секретар стана реликт од минатото. Кандидатите со месеци лобираат кај членовите на Советот за безбедност за да ја добијат поддршката од нивните влади. Потоа тие поминуваат низ серија неформални тајни гласања, на кои членовите можат да гласаат „поддршка“, „неподдршка“ или „воздржано“. Резултатите не се објавуваат јавно, но брзо се објавуваат во јавноста. Членовите исто така можат да организираат гласачки ливчиња со различни обоени ливчиња, при што постојаните членови гласаат со црвени ливчиња, откривајќи ја позицијата на земјите што навистина имаат најголема моќ во Советот. Откако ќе се идентификува фаворит, Советот за безбедност гласа за резолуција со која се препорачува тој кандидат до Генералното собрание на ОН. За да се усвои резолуција, потребни се најмалку девет од 15 гласови, под услов ниедна постојана членка да не стави вето. Генералното собрание, кое има 193 земји-членки, потоа формално го назначува генералниот секретар. Никогаш не отфрлило кандидат номиниран од Советот за безбедност. Советот за безбедност не ги објавува причините за одлучување за времето и форматот на гласањето, ниту пак открива како гласале поединечните држави, иако јавноста ја финансира работата на Обединетите нации. „Дали е ова рационален начин да се избере врвен дипломат во светот? Апсолутно не“, рече Гован. Сепак, тој верува дека неуредниот и нетранспарентен процес може да биде цената што мора да се плати за да се добие лице кое ќе ја води организацијата и кое големите сили всушност ќе го слушаат. Критичарите веруваат дека Гутереш нема такво влијание, бидејќи ја изгубил довербата и на Вашингтон и на Москва. ОН без никого на чело Русија е една од ретките членки што јавно коментираше за рокот за избор на нов генерален секретар. „Исто така, не е јасно што ќе се случи по 31 декември“, рече Кирил Логинов, висок функционер во руското Министерство за надворешни работи. Тој рече дека опциите што се разгледуваат вклучуваат привремено продолжување на мандатот на Гутереш или назначување на друг функционер. „Колку што можам да видам, на 1 јануари, ако нема генерален секретар, нема да има никој надлежен“, рече Даниел Сафран-Хон, поранешен функционер на ОН. Тој објасни дека основното функционирање на организацијата ќе продолжи, дека светлата ќе останат вклучени и дека Советот за безбедност и Генералното собрание би можеле да продолжат да се состануваат, барем за некое време. „Но, малку е како капетанот да умре на супертанкер: првиот офицер може да направи многу, но има одредени работи што не може да ги направи. Не можете да назначувате на највисоките позиции. Не можете да го усвоите буџетот“, објасни тој.Тагови: Антонио Гутереш Обединетите нации Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter