Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати
2Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати
ХороскопНеделен хороскоп за 20. до 27. април 2026 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 20. до 27 април 2026 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радаритеХеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало. 🔺🇮🇳💥: An Indian helicopter in Uttarakhand crashed while 6 people onboard. The pilot was Ex-IAF Officer. https://t.co/2O54zqthTG — Tactical Tribune (@TacticalTribun) October 30, 2026 Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата. Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град. Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта. Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите. Во потрагата се вклучува и војската Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската. A helicopter returning from Badrinath has crashed near Chai village. Six people, including the pilot, were on board. Bad weather and heavy snowfall are suspected to have caused the crash. https://t.co/fDqQ5r0ep9 — JF-17 Lover (@Armed_Update) October 30, 2026 „Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат. Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена. Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи. 🚨🇮🇳 #BREAKING : HELICOPTER CRASHES NEAR JOSHIMATH A Trans Bharat Aviation chopper carrying five passengers and a pilot crashed near Chayi village while returning from #Badrinath. Wreckage has been found in rugged terrain. All six aboard are feared dead. #Joshimath #India https://t.co/F9rIkm6LcC — GlobeUpdate (@Globupdate) October 30, 2026 Тагови: Индија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултатиЗа Сиљановска-Давкова климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството и бара итност, одговорност и заедничка акција.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. За Сиљановска-Давкова климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството и бара итност, одговорност и заедничка акција. Таа ја нагласи важноста од брзо усвојување на Законот за климатска акција, кој, како што истакна, е еден од најважните документи во реформската агенда поврзана со ЕУ, а за кој е добиено зелено светло од Европската Комисија во однос на усогласеноста со европското законодавство. Во пресрет на COP31, во Анталија, каде што претседателката ќе ја предводи македонската државна делегација, таа порача оти треба да настапиме со јасни национални приоритети, подготвени проекти и конкретно дефинирани потреби за финансирање. Според неа, Конференцијата е можност не само да ги артикулираме нашите приоритети, туку и да покажеме дека сме подготвени климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Почитуван постојан претставник на УНДП, Ценети министри, Почитувани присутни, Чест ми е да ве поздравам на овој национален дијалог во пресрет на Конференцијата на страните, СОР31 во Анталија. И годинава, за жал, климатскиот самит ќе се одржи во услови на геополитички тензии и воени конфликти. Звукот на оружјето одекнува насекаде во светот. Во 2024 година, војните однесоа околу 239.000 животи, што е највисокиот годишен број во последниве години, според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот - SIPRI. Но, среде разурнувањето, една жртва останува речиси невидлива, а нејзиното страдање сѐ повеќе се потиснува на маргините на вестите и насловните страници. Таа жртва е нашата планета, нашиот единствен дом што го уништуваме. Жртвата е игнорирана, исто како и самата војна на човештвото против природата. А таа војна е однапред изгубена. Да потсетам. Емисиите на стакленички гасови ја загреваат нашата планета, а последиците од климатските промени се одвиваат пред нашите очи. Летото 2026 беше едно од најтоплите во Европа. Се проценува дека само на нашиот континент околу 50.000 луѓе починаа поради високите температури. Топлотните бранови предизвикаа суши и го намалија водостојот на големите реки, вклучително и Дунав. Недостигот на вода го наруши производството на енергија, а во Унгарија дури го ограничи и работењето на нуклеарната централа. Последиците се надоврзуваат една на друга: еколошкиот проблем прераснува во енергетски предизвик, создава економски притисок и ја загрозува нашата - човековата безбедност. Затоа климатските промени не се само прашање на заштита на природата. Тие се системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството. И бараат од нас итност, одговорност и заедничка акција. Мојата, нашата држава, се наоѓа во еден од климатски најранливите региони на светот, Медитеранот. Извештајот на Светската банка за климатските промени и развојот кај нас предупредува дека загубите од катастрофи и екстремни климатски настани во претходните 20 години се проценуваат на 667 милиони американски долари. Без инвестиции во адаптација, годишните очекувани штети би можеле да достигнат 4% од БДП до 2050 година. Овие бројки не се само економски показатели. Тие се предупредување за ресурсите што можеме да ги изгубиме, за развојните можности што можеме да ги пропуштиме и за човечката цена со којашто не смееме да се помириме. Македонските граѓани и македонската економија веќе ги чувствуваат последиците. Да ги споменам сушите, поплавите, шумските пожари, аерозагадувањето, коишто ги намалуваат приносите од земјоделството и го загрозуваат нашето - здравјето на луѓето. Ако ризиците се познати, ако последиците се мерливи и ако превенцијата е можна, зошто сè уште дејствуваме најчесто дури откако штетата ќе настане? Токму овие прашања беа во фокусот на тематската седница „Климатски промени, ризици и предизвици“, што се одржа на 7 април годинава во мојот Кабинет. Мнозина од нив ги гледам овде и учам од нив. Денес ме радува што меѓу нас се и дел од учесниците од научната и експертската јавност, кои тогаш ги анализираа климатските промени и ризиците од повеќе агли и понудија сеопфатен пристап кон решавањето на овој проблем и предизвик. Од нивната дискусија, ќе издвојам три прашања што бараат конкретна институционална реакција. Прво, националниот удел. Во светски рамки, македонскиот удел кон емисијата на стакленички гасови, а со тоа и кон глобалното затоплување, е занемарливо мал. Но, на национално и локално ниво, овој удел претставува сериозен здравствен, економски и безбедносен ризик. Малите држави, како нашата, незсразмено повеќе ги чувствуваат последиците. Затоа, ние не смееме да правиме компромиси со иднината. Второ, законската рамка. Предлог-законот за климатска акција, мислев и сѐ уште мислам, е еден од најважните документи во реформската агенда поврзана со ЕУ. Пред два дена добивме зелено светло од Европската Комисија дека е усогласен со европското законодавство. И тоа мене ме радува. Без навремена и предвидлива законска рамка не може да има ефикасна превенција. Затоа, законот за климатска акција мора да биде усвоен што е можно поскоро. Но, иако е неопходна, добрата законска рамка сама по себе не е доволна. Покрај превенцијата, мора посветено да работиме и на адаптацијата кон климатските промени и на јакнењето на отпорноста на државата. Во таа насока, на тематската седница беше предложено воспоставување Национален интегриран мултихазарден информативен систем за превенција од катастрофи, како стратешки национален проект. Здравиот разум ни кажува дека, како мала држава со ограничени ресурси, не смееме да ги расфрламе јавните средства, ниту да дозволиме секоја институција одделно да набавува исти или слични системи. Наместо да дуплираме и да создаваме паралелни капацитети, треба да ги поврземе и да ги надградиме постојните, за ресурсите да ги користиме поефикасно и поодговорно. Таквиот интегриран пристап би овозможил подобро искористување на достапните податоци, навремено предупредување и поефикасна реакција при топлотни бранови, суши, бури, поплави и шумски пожари. Зад оваа иницијатива стои едноставна, но суштинска цел: подобро да ги заштитиме човечките животи, имотот и безбедноста на македонските граѓани. Предупредувањето што не стигнува до граѓанинот навреме не ја исполнува својата цел. Сепак, и законите и системите ќе дадат резултат само ако зад нив стојат потребните ресурси и ако има континуитет во спроведувањето. Успешната адаптација кон климатските промени не зависи само од политичките заложби, туку и од обезбедувањето предвидливи и одржливи финансиски средства. Решенија постојат, а достапни се и европски и меѓународни механизми за финансирање, техничка поддршка и трансфер на технологии. Нашата задача е активно да ги користиме. Тоа значи да подготвуваме квалитетни проекти, да ги поврземе науката, институциите, општините и приватниот сектор и да обезбедиме инвестициите да носат јасни и мерливи резултати. Во пресрет на COP31, треба да настапиме со јасни национални приоритети, подготвени проекти и конкретно дефинирани потреби за финансирање. COP31 треба да биде можност не само да ги артикулираме нашите приоритети, туку и да покажеме дека сме подготвени климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати. Затоа, да го искористиме овој дијалог за да преминеме од заложби кон обврски, од планови кон инвестиции и од реакција кон превенција. Науката може да ги препознае ризиците. Стручната јавност може да понуди решенија. Но државата мора да создаде услови тие да станат реалност. Нашата обврска денес не е повторно да докажуваме дека проблемот постои, туку да се договориме што ќе преземеме, кој ќе биде одговорен за што и со кои средства. Драги пријатели, За да се случат суштински промени, најважно е да се промени начинот на размислување. Од политичарот до бизнисменот, од новинарот до работникот, секој мора да знае дека не смее да ни биде судбина грст луѓе, водени од краткорочни економски интереси, користејќи ги празнините, да не речам дупките во процедурите за брза заработка, да ја затемнуваат иднината на секој граѓанин што живее во мојава и во вашата земја. Дека тоа не е непроменлива судбина, мора да ги учиме децата од најмала возраст, преку нашиот образовен систем. Во оваа област никој не е виновен, секој сноси вина. Некој со чинење, а некој со нечинење. Ниту бизнисменот што заради профит не ги почитува правилата, ниту надлежните државни инспекциски служби што не секогаш вршат соодветен инспекциски надзор, ниту родителите што не го учат своето дете дека не смее да фрла отпадоци низ прозорецот на автомобилот, ниту новинарот што не ги држи овие прашања доволно во фокусот на јавноста. Сите ние, сите сме виновни и токму затоа сите мора да бидеме дел од решението и да бдееме над неговото спроведување. И, со сето тоа, да изградиме општествен договор со природата, односно, она што еден умен француски филозоф Мишел Сера го нарече природен договор, со којшто природата ќе ја третираме како наш партнер, а не како противник. Ви благодарам.“Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
ЖивотХакери украле 6,3 милијарди долари од Бајненс, најголемата светска берза за криптовалутиСамо дваесетина минути им биле доволни на хакерите за украдат криптовалути вредни 6,36 милијарди долари од најголемата светска криптоберза „Бајненс“. Нападот, кој се случил вчеравечер се смета за една од најголемите кражби во историјата на криптовалутите. Според анализата на компанијата „ТРМ ЛАБС“ зад кражбата стои севернокорејска хакерска група, која украдените средства ги пренасочила кон дигитални адреси под нејзина контрола. Од компанијата „Бајненс“ соопштија дека нападот бил овозможен поради компромитиран компјутер на вработен, но истрагата која се уште е во тек, открила и други точки на пробивање. Од компромитираните средства, до сега се замрзнати околу три милијарди долари, а од компанијата уверуваат дека ќе бидат покриени сите загуби на корисниците. Експертот за пазар на капитал Иван Ивановски, вели дека за разлика од акциите криптовалутите овозможуваат директен пренос на средствата, што ги прави поизложени на вакви злоупотреби. - Заради тоа е битно луѓето да сфатат инвестирањето во акции каков ризик носи, а инвестирањето во крипто каков ризик носи. Зборам од оваа страна, за безбедносен, заради тоа што, пак ќе повторам, акциите се чуваат и кај инвестицискиот фонд, и кај депозитарната банка. Ние така функционираме. И во случај едниов субјект или другиот и да биде хакиран, повторно не може. И плус, кај криптото вие може да испратите средства на било која адреса, додека кај инвестирањето во акции само лицето што ги инвестирало средствата, само може тоа исто лице назад да ги повлече средствата,- Иван Ивановски – експерт за пазар на капитал. Бајненс е една од најпопуларните криптоплатформи и меѓу македонските граѓани, но Ивановски вели дека нема прецизни податоци за тоа колку домашни корисници се засегнати од нападот. За поголема заштита при чувањето на криптовалутите, Ивановски препорачува користење на физички дигитални паричници кои не се поврзани на интернет. - Едното од решенијата е да користат cold wallet. Тоа е, уствари, нивен физички дел и не е врзан со интернет. На тој начин е побезбедно да се чуваат средствата, не кај менувачниците. Но, ова е случај... изолиран случај што може да се случи на секој, но тука голема е грешката и заради самото тоа што криптото е толку отворено, може директно да се трансферираат средствата,- Иван Ивановски – експерт за пазар на капитал. Нападот предизвика потрес и на криптопазарот. Биткоинтот и етериумот паднаа за околу 5%, а криптовалутата поврзата со Бајненс, БНБ загуби 7% од вредноста..Аналитичарите предупредуваат дека последиците врз довербата на ивеститорите може да се чувствуваат подолг период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook