Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
2Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
ХороскопНеделен хороскоп за 1.-7. мај 2023 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 1. -7. мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции. Тие не знаат кои супстанции ги земаат Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин. Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи. Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат. Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење. Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси. Дополнителен предизвик за безбедносните служби Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти. Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата. Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции. Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување. Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување. Снабдувањето со дрога постојано се менува Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“. Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“. Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците. Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.Тагови: дрога фентанил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева. Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад. „Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа. 20 милиони луѓе се изложени на ризик Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко. И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа. „Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа. Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања. Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.Тагови: Авганистан глад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook